Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
СЈО побарало, но Талески денеска не дошол да даде исказ за „Транспортер“

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, обвинет во случајот „Транспортер“, денеска требало, но не се појавил на распит во Специјалното јавно обвинителство. Имено, уште во петокот минатата недела, СЈО побарало од Кривичниот суд во Скопје, градоначалникот да биде спроведен од својот дом во Битола, каде издржува куќен притвор, во просториите на СЈО за да даде исказ, велат за „Мета“ од ова обвинителство.

Како што ни потврди портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска, тие во петокот побарале од Кривичниот суд, како надлежен за спроведувањето на мерката куќен притвор, да испрати налог до битолската полиција за Талески денеска да биде донесен во Специјалното обвинителство.

– Осомничениот, иако денеска требаше да дојде и да даде исказ, не се појави. Поради ова побаравме информација од судот, од каде бевме известени дека судијата на претходна постапка уште во петокот по електронски пат и по пошта го испратил решението до полицијата во Битола – вели Ристоска.

Откако Талески не се појавил, од СЈО побарале објаснување и од битолската полиција, но оттаму, според Ристоска, рекле дека досега такво решение од судот воопшто не стигнало до нив.

Од СЈО велат дека „преку ургенции“ прават напори во некои од наредните денови тој да дојде и да даде исказ.

Инаку, куќниот притвор на Талески, според Ристоска, му истекува на 21 јули, а засега од СЈО не можат да кажат дали ќе побараат негово продолжување.

– Ние сакавме прво да го сослушаме осомничениот, односно прво да даде исказ, па потоа да се произнесеме пред судот за продолжување на притворот, бидејќи во меѓувреме можеби имало промени во околностите и во ситуацијата. Но, до 21 јули ние секако ќе излеземе со наш став околу продолжувањето на мерката – вели Ристоска.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

Kakov Talevski, kakvo SJO. Neka gi proverat gradonacalnicite vo Kumanovo i Strumica prvo
SJO e :гомце:
 
И шарените се исто :гомце: Исто ќе завршат. Во канализација, ендек...
 
Добро де, негово право е дали ќе се појави пред истражните или судските органи, нели? Не е задолжително. Заев не го признаваше судот (како Тито на времето кој го признавал само судот на својата партија) и истражните органи, па не се појавуваше пред нив. И? Му падна ли влакно од косата? Не. Напротив.

Така... не е ништо страшно ова. Дури би можел „двојче“ и да не го признае СЈО (да признае само комисија на својата партија). Зошто да не? Ако може некој, тогаш треба да може секој. Принцип. Инаку, јас лично сум за почитување на институциите на системот.
 
Ти си контрадикција во движење.

Појавувањето пред истражни органи е должност, не право. Ако не се јави сам,ќе биде лишен од слобода и ќе го однесе полиција.
Исто важи и за Заев, ескивираше еднаш-двапати, па се појави, за да не го влечат со лисици на раце до пред судија.
 
Точно... прочитај убаво што напишав пред да истресеш нешто. Јас се залагам за правна држава. Ама ако Заев смее и ништо да не му фали... може и „двојче“ 2-3 пати. Заради принцип и еднаквост.
 
Сеа сакаш "принцип и еднаквост" или почитување на инстутициите. Взаемно исклучливи се во случајов. Не може да постојат и двете.
 
Последно уредено:
Сеа сакаш "принцип и еднаквост" или почитување на инстутициите. Взаемно исклучливи се во случајов. Не може да постојат и двете.
Така е. Затоа апелирам на закон... тогаш нема трте-мрте. Ако нема отстапки за никого, нема никој повод да бара отстапки.
 
Талески се нацртал како попче кај Фатиме :)
 
Катица Јанева продолжува со обидите незаконски, преку политички спектакли да го урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Вести 20 July 2016 13:24
Katica-Janeva-SJO.jpg
Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева продолжуваат преку политички спектакли, незаконски да го уриваат угледот на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Во недостаток на никакви материјални докази, СЈО преку опозициските медиуми врши јавно оцрнување на фунционери од владејачката партија.

Иако истрагата согласно Законот за кривична постапка е тајна, медиумите под контрола на СДСМ – Сорос добиваат информации за сите дејствија кои ги презема СЈО со цел политички да бидат искористени во кампањата на опозицијата.

Имено, градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски денеска беше повикан на разговор во СЈО, што е службено дејствие во рамки на истрагата. Иако ова дејствие треба да биде тајно, медиумите под контрола на СДСМ – Сорос поставени веќе го чекаа неговото пристигнување во СЈО.

Упатените коментираат дека проценката на СЈО и СДСМ е дека во недостиг на никакви материјални докази против Талевски, треба максимално да се искористи моментот и барем медиумски да се поентира преку негово оцрнување од страна на новинарите кои се на платни списоци на СДСМ – Сорос.

Законот за кривична постапка е целосно јасен во тој дел. Изричито вели дека и предистражната и истражната постапка се тајни, што само по себе значи дека секое прекршување на тајноста, па дури и да е заради политички потреби на СДСМ е кривично дело.
tajnost.jpg

tajnost-1.jpg

Истите медиуми под контрола на СДСМ – Сорос, завчера објавија информации за други процесни дејствија што ги презема СЈО. Имено, тие објавија дека Катица Јанева поднела барање до хрватските власти за проверка дали градоначалникот Талевски имал имот таму, на што и’ било одговорено негативно.

За разлика од Талевски, според објавената документација за аферата „Тритерол“, Зоран Заев плаќал двојно поскап превоз во Струмица, но досега и Заев и СЈО молчат за овој криминал.
 
Водата во Дојран чиста е за бањање?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom