Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
К објавуваше нелегално снимени приватни разговори. .
Јас прв ќе кажам дека навистина се нелегално снимени.
Ајде вие вмровчиња кажете дали Е ВИСТИНА тоа што го слушаме ? И каде бе, патриотчиња, е поголемиот проблем - дали криминалот што се слуша или криминалното снимање ?
 
Не е вистина. И сега?
 
Еден збор да беше “лепен, сечен, незнамшо“ , до сега пастирот ке обезбедеше анализи од минимум 3 светски признаени форезнички лаборатории и со тие резултати ќе го маваше Зајко по уши 8пати/ден/Шител/Анал5/Бурек/латас/Миленко и остали

Чисто онака да ти посочам, ако стварно не разбираш.......
 
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B115D20E4747C8478B417CCEA64B997B

Обвинителството во предистрага, неофицијално, споделува сто пати повеќе информации отколку Катаца Јанева и нејзиниот тим на официјална прес конференција. Тоа е таа разлика помеѓу водење истрага и патетизирање.

Ако СЈО работи по инструкции на СДСМ тогаш за Јавното Обвинителство може да се каже дека е месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Судскиот систем и обвинителството немаат никаква релевантност посебно после бомбите. По завршувањето на кризата треба да се спроведе темелна реформа со цел да се врати каква таква доверба во истите. Во спротивно ќе си останат како суд на партија и може слободно наместо Јустиција на логото да си стават едно лавче или некој револуционер по желба.
 
Еден збор да беше “лепен, сечен незнамшо“ , до сега пастирот ке обезбедеше анализи од минимум 3 светски признаени форезнички лаборатории и со тие резултати ќе го маваше Зајко по уши 8пати/ден/Шител/Анал5/Бурек/латас/Миленко и остали

Чисто онака да ти посочам, ако стварно не разбираш.......
Има разлика помеѓу рекле и направиле. И има контекст во кое е кажано кажаното. Тоа што ти си избрал да веруваш на криминалец не е мој проблем.
Ако СЈО работи по инструкции на СДСМ тогаш за Јавното Обвинителство може да се каже дека е месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Судскиот систем и обвинителството немаат никаква релевантност посебно после бомбите. По завршувањето на кризата треба да се спроведе темелна реформа со цел да се врати каква таква доверба во истите. Во спротивно ќе си останат како суд на партија и може слободно наместо Јустиција на логото да си стават едно лавче или некој револуционер по желба.
А кој има релевантност? Само судот на СДСМ? Изборите немале релевантност, судот немал релевантност, никој немал релевантност сем тие што ни од дома не ги сакаат.
 
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B115D20E4747C8478B417CCEA64B997B

Обвинителството во предистрага, неофицијално, споделува сто пати повеќе информации отколку Катаца Јанева и нејзиниот тим на официјална прес конференција. Тоа е таа разлика помеѓу водење истрага и патетизирање.

За жал и да има тука вистина Јавното Обивинителство нема кредибилитет да води истраги, едноставно се ќе биде отфрлено па дури Заев ни на суд нема да се појави. И тоа зборам и да има криминал а ништо чудно да постои. Сепак така стојат сега работите во Македонија, за жал на вистината касно е за тоа а добро ќе беше да се откријат измамите и на Заев.

Како и да е веќе е решено, фрлена е картата, сега имало претрес и во домовите на Миле и Јанкуловска и ќе се обезбедат докази од кои нема бегање а целата Меѓународна Заедница ќе го следи случајот, очигледно дека ќе направат се за ДПМНЕ да нема никаков кредибилитет до изборите, кога и да се одржат.
 
Убаво е да се слушне вака дека се жали. На крај, кога ќе заврши се ова, сите ќе констатираме дека за жал ебаниот ебан, тепаниот тепан. Само да нема плачења за правди тогаш.

Инаку, ако најдат докази во домот на Миле, тогаш треба истиот да се обеси по итна постапка. Не затоа што е виновен, туку заради глупост.
 
Зошто воопшто би постоела опасност од пронаоѓање докази, нели за ништо не е виновен?
 
Токму така се сложувам со тебе, да, ќе има голема неправда а тоа е само поради фактот што ДПМНЕ какво што го знаеме ќе замине во историјата токму поради Западот а некои членови во СДСМ што го заслужуваат истото ќе останат.

И лесно е да се најдат траги од криминал во домот, доколку знаеш како да бараш или да наместиш... ;)
 
Зошто воопшто би постоела опасност од пронаоѓање докази, нели за ништо не е виновен?
Јас реков дека ако се најде било што што укажува на доказ, Миле треба да биде..., уствари треба да се самоубие. Што би рекол Лет 3, внуците би му мењале презиме, после таква глупост.
да, ќе има голема неправда
Ете, конечно јас и ти да се согласиме за нешто. За премисите со кој сме стигнале до тој заклучок не мора да се натегаме. Битно заклучокот ни е заеднички, и тоа е неизбежно.
 
Точно се согласувам со тебе и претходно сум се согласил со тебе во едно нешто ама не беше политика.

Сепак уште еднаш ќе напоменам дека Меѓународната Заедница стои цврсто позади Заев, работи позадински и колку и да сака да изгледа дека Заев ги решава проблемите неминовно е да се забележи нивната работа. Сакаат да бидат чисти демек не се умешале во Македонија туку само посредувале, додека во позадина си работат и доколку заклучат дека ќе треба ''директно'' да се замешаат за да се убрза процесот тоа и ќе го направат.

А од друга страна па никој не завзема позиција позади ДПМНЕ, оставени се да тонат, јас не знам како до сега не успеаа да купат подршка од некоја друга сила. Само тогаш ќе можеа да бидат фактор но сега е веќе касно.
 
Точно се согласувам со тебе и претходно сум се согласил со тебе во едно нешто ама не беше политика.
Да не претеруваме сега, една ствар, доста е за денес. Уште Стокхолм ни фали во приказнава... :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom