Ајде бе, кажи нешто!

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Најчесто се насмевнувам и гледам буквално во таван. По пет секунди имаш реакција ’Еј абе кај отиде’ и инстант одговор ’Во себе размислував нешто,извини’. И така едно саат па фајрон дома
 
Се дешавале вакви ствари,или ја да се занесам или некој друг,секогаш завршувале со смеење
 
Како би реагирале во тој момент?Што би кажале?
Искрено,кога веќе сум излегла и покрај тоа што денот ми бил катастрофа,ако тој/таа ми е добар/а пријател/ка,би очекувала малце разбирање и да ме остави малце да си ги средам мислите пред да продолжам со дискусијата,бидејќи и вака и така не сум во состојба да го/ја пратам,а и проблемот кој што треба да го решам и не е нешто што би сакала да го поделам со некого,преферирам сама да го решам...
Ако веќе излезам со пријател/ка секако дека не очекувам двете/двајцата да седиме и да ќутиме, додека јас буљам у една точка и смислувам решение за проблемот. Ако нешто ме мачи, ќе го споделам со неа/него, ако ми е близок или блиска. Ако не сакам да го споделувам и сакам да си го зачувам за себе, ќе ги оставам моите проблеми дома и ќе се однесувам како ништо да не се случува, зошто никој не ми е должен да ме трпи да му се истурам за сопствени фрустрации. Кога веќе сум одлучила да се видам со личноста, ќе си правам нормален муабет со неа, ќе ја слушам, ќе и зборувам...

Ако не сум во состојба да ги оттргнам мислите од проблемот (кој ваљда е доста сериозен), воопшто нема ни да излезам. :toe:
 
Ако сум нерасположена не би отишла со никој на кафе без разлика дали ми е блиска личноста или не.Знам дека во тие моменти не сум баш добро друштво и не ми е до муабет...Така да би се договорила за некој друг ден кога ќе бидам расположена, опуштена и смирена за да можам да го пратам муабетот што ми го прави личноста.
 
Идиотска ми е оваа фраза...
Кога јас сум даун, или воопшто не излагам, или излагам ама со мислата дека -нема да ширам негативна енергија и точка! Стварно не сакам да уништам нечиј ден или пак другар/ка да помисли дека нешто ми згрешила па му/и се лутам...:nenene:
Се обидувам да не се познае тоа дека сум тажна, прво ставам една голема насмевка на моето лице, глумам заинтересираност и зборувам во контекст на нејзиниот муабет. По некое време испаѓа дека тоа ми помага и веќе ем сум насмеана ем сум заинтересирана и дури можам на шега да кажам кој е мојот проблем, или бар дел од него.
Ако личноста која е со мене е тапа тој ден, прво ќе и праам малце општ муабет па ако продолжи да гледа во една точка, ќе почнам да ја прашувам за тоа што ја интересира (најмногу) со цел да ја натерам да збори.
Тоа би успеало зошто луѓево сакаат слушател а не говорник. Колку само луѓето повеќе сакаат да зборуваат за себе отколку да сослушаат тоа е чудо.
 
Пизду матер....стварно има такви особи, всушност има многу такви особи. Проблемот со нив е што всушност тие не знаат да кажат ништо, не се спонтани, постојано се во очекување соговорникот да раскажува, да ги забавува...

"И, ти друго што ќе кажеш".....абе бокс у нос.
 
Вчера ми се случи тоа. Повеќе пати. :) Ме нервира така кога настане непријатна тишина и некој ќе те праша шо ќе се пофалиш? Добро бе луѓе, толку ли не ви сече разумот да ви текне ако не зборувам, ИМА ПРИЧИНА ЗА ТОА. Плус, вие не знаете да отворите нормална дискусија, иако јас се обидувам да ви понудам 1000 теми за разговор, сите го побивате со да, не и две кратки реченици. И кога веќе нема зашо да се збори, кажете само што ќе се пофалиш? Аман веќе фрустрации се наполнив. :)

Да има некои такви што едноставно ќе те блокираат ама знаеш ли шо кај мене е најтрагично после тоа. Сите теми што ми вртеле у глава ќе ги заборавам па и ја станувам такво. Имам една теорија сум забележал тоа се случува кај оние посрамежливи или позатворени луѓе барем во моиве неколку случаи. Еве пример мене спомни ми за тема што воопшто ја немам чуено или не знам нишо пак ќе го прашам другарот/другарката што е тоа какво е и слично не се заќутувам
 
ако веќе немам намера да и кажам на таа личност за проблемот подобро не ни излегувам,ама ако веќе сум договорена како во случајов,сигурно нема да се понашам ко ништо да не се случило,но ќе се обидувам да бидам колку што е можно понормална во однесувањето каква што сум си секогаш,,,нормално ќе постои разлика но ке се обидувам да се однесувам нормално затоа што сепак кога веќе сум излегла треба малку д апосветам внимание и на пријателката/пријателот нели?
 
Кажувам дека ми е тапа денот, дека не ми се збори, се извинувам и после кратко време си одам. Јебига.

Sith
 
Па и нема ништо лошо во молчењето,посебно ако денот не е ОК.
Јас во таквите денови најчесто си купувам некое списание кое предходно не сум го купувал,и онака (на финта)ќе му го тутнам на пријателот/ката,откако ќе успеам да му/и го свртам вниманието кон списанието,јас ќе си одмарам и спокојно ќе си го пијам кафенцето:kesa:
 
ke mu recam daj ti kazi nesto mene denes ne me biva
 
Воопшто нема да излезам! Ќе му/и се јавам, ќе ја објаснам ситуацијата и ќе го договориме излегувањето за друг ден.
 
Значи колку ме нервира тој дел од муабетот и секогаш се наоѓа некој кој ќе ме измалтретира. Обично кажувам дека не ми е денот и крај, кој сака да ме разбере преминува преку тоа (значи мојата најдобра другарка го има тој осет, сите други само очајно сакаат да делат совети и се така слатко, филантропски расположени, не дека ги интересира). Ако толку сакав да се искажам ќе си кажев, нема од околу да вртам. :)
 
Ќути,глупава ситуација ми имаат речено океј не ме пратиш а ја се трескам од земја објаснувам и ја лелеее извини не те пратев забегав со мисли :( не е учтиво ама му се дешава тоа на секого :toe:
 
Па искрено ич несакам такви особи што само ќутат.Ообично кога ќе приметам дека тоне муабетот ќе почнам да ломотам што било само за да не се дојде до таква ситуација дека мене ми е глупо да сум излегол со некој,а да неможе да скрпи 2 збора.
До сеа ја не сум се нашол и таква ситуација да се изгубам и нема што да кажам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom