У принцип, секој што пишува на латиница ме нервира.
Ај сеа, да не претеруваме. И јас лично ретко ги читам постовите на латиница, особено оние долгите, зошто ми ги замараат очите. Ама да ги стаиш у чкарт форумџии, мислам...? Некои немаат на компјутерот македонска поддршка, некои не знаат како да сменат во кирилица (или што, и компјутерски лаици да не се сметаат за чкарт форумџии?retarda: ), некои се едноставно навикнати на латиница и полесно им е така. Јас на пример латиница куцам милион пати поспоро од кирилица, зошто не сум навикната. Ако ви сметаат ваквите постови, скокајте ги де. pst:
-кога отвараат нова тема само за своја потреба, без да прегледаат дали има веќе таква постоечка тема, и после тоа ќе ги снема(имам такви живи примери кај мене у подфорум, мада мислам дека сегде ги има, ко паразити се)
Е де, ова ко којзнае какво проблем да е.

Се случува де некад и да проверат, ама ете да не ја најдат веќе постоечката тема. На пример, во Општи муабети има 30 страни теми да речеме, додека ги прегледа сите... А опцијата Барај и не функционира секогаш како што треба.
Чкарт модератори се тие што ги мрзи да спојат за секунда две исти теми.
Кога некој кајгана форум употребувач (јузер) употребува не македонски зборови. Иако за многу нешта немаме зборови, барем да се потрудиме да измислиме, макар биле смешни.
Ова па, ова па... На еден еднинствен член/модератор/админ не можам да се сетам што НИКОГАШ не употребил во својот пост србизам, турцизам, англицизам исл. У реду што треба да си го чуваме јазикот, ама, мислам... Не сум дошла на форумов за да се изразувам на високо литературно ниво и да се плашам да не случајно напишам „У” наместо „ВО”, или да се воздржувам од „у курац” кога сум нервозна, и да го заменам со „во мајчината”, побогу.:icon_roll Тука сме пред се за забава, и треба да си бидеме опуштени- не е ова литературен форум. Плус немаат сите исто ниво на образование.
- форумџии кои пишуваат постови и редовно си ги бришат
Ти па најде да збориш, во рок од пола саат сто пати си измени еден ист пост (Латинскиот, ти текнува?

) и на крај го избриша.
- форумџии кои отвораат сто јузери
We don`t call them форумџии со мултипл персоналити дизордер, we call them special. glupco:
- Форумџија кој ја користи секоја можна прилика за да издудла со некоја форумџика.
ФакАт: секој форумџија на форумов (ова не е генерализација; научно е докажано

), барем еднаш во својот сајбер-живот, притаено или отворено, директно или меѓу редови, и издудлал на некоја форумџика. Дури и ти спаѓаш тука, админу.

И нема форумџика (и ова е научно докажано) на која што не и поласкало тоа. (освен кога дудлањето преминува во замарање, натака не чепкам

)
Мене ниеден форумџија не ми е чкарт, чкарт ми е темава.

Тие што ви одговараат читајте ги, тие што ве нервираат скокајте ги, а тие што ќе претераат банирајте ги и готово. Ете ти демократија.
Уствари се предомислив. Има само два типа на чкарт форумџии:
-Опседнатите со религија, што веројатно наскоро ќе се обединат и ќе им извршат атентат на форумџиите од типот на ВикторГГ, Бада, Сит, Гарфилд... и
-Опседнатите со репутација, а во оваа категорија само еден и единствен форумџија признавам- ФантомОх. :pehar:
Чкарт постови од друга страна, се постови како овој мојов, пола метро дугачки, тупење до даска, а за ЧекДисАут тема се работи, ало. 