AI и што потоа

  • Креатор на темата Креатор на темата Lokvan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.994
Поени од реакции
12.375
Секој ден излегуваат нови функционалности на AI, соработки меѓу топ компаниите во миљарди. Паралелно огромни бројки на кратења на трошоци односно вработени како би AI превзело целосно автоматизација на процеси.

Дел од фирмите стварно оптимизираат и немаат потреба вработените, дел појма немаат кај тераат само најавуваат AI а како капак на се мора да намалуваат трошоци/вработени за да оправдаат AI имплементација.

Бројките на избркани од работа сеуште е мал за да биде општествен проблем, ама, се гледа тенденцијата. Не постои решение или индустрија која ќе биде the next big thing баш затоа што се што ќе следи ќе биде во автоматизација.

Што според вас секој еден независно од струката (ова не важи за оние за кои нема AI замена на повидок), би требало да превземе уште вчера за да ја преброди ситуацијава што веќе зима замав? Може кој сака да си ја пише професијата, моментална состојба и што превзима да осигура некаква иднина.
 
Во наредни 10 тина години, било каков занает ако си машко. Ако си женско, медицинска сестра или негувателка. Со оглед дека и општествата се соочуваат со населенија што стареат: медицински сестри, браќа, негуватели и негувателки и општо медицински персонал што ќе се расправа со гадни работи, ми се професии на иднината. Ако одиме уште понатака за 20 години, очекувам целосна замена на луѓето и стапки на невработеност од 90% - 95%. Што значи ќе стане сериозен социо-економски проблем, што неминовно повлекува три опции:

1. Забрана на АИ
2. Универзален приход
3. Настанува анархија и освен мала група милијардери секој е оставен сам на себе. Во тие услови веројатно најпаметен потег би било купување на земја и производство на храна со помош на АИ и роботи и целосен бојкот на било какви компании т.е враќање на човекот во среден век.
 
Многу работи не може да се направат со AI затоа што правно одговорно не може да ја држиш програмата. Мора да има лице кое ќе биде правно oдоговорно за штета, грешка или непосакуван резултат.

Две места каде што гледам дека добро и ефикасно се употребува, отценување на тестовите на учениците и детекција на канцерогени келии. Кај детекцијата пак мора патологист да потврди дека тоа што е селектирано од AI e канцерогено. Што ќе донеси до смалување на бројот на патолози што се потребни за таа функција.

Најмногу работи што ќе се изгубат се тие што може да се автоматизираат. Се останато ќе си продолжи регуларно.
 
White collar jobs - 60% - 62% од америчка економија.
 
White collar jobs - 60% - 62% од америчка економија.
45%-60% во зависност кој го цитираш.

AI не е сребрениот куршум. Кај мене во компанија отпуштивме ~3.000 луѓе 2022ра-2024та, ниту еден од нив не беше отпуштен заради AI.
 
45%-60% во зависност кој го цитираш.

AI не е сребрениот куршум. Кај мене во компанија отпуштивме ~3.000 луѓе 2022ра-2024та, ниту еден од нив не беше отпуштен заради AI.
1. Збориме за тоа што ќе се случи, не што се случило пред 2 - 3 години.
2. As The Economist reported in June 2023, the percent of US workers who are white-collar, as defined by the Bureau of Labor Statistics, has been steadily rising from ~57% in 1985 to ~62% in 2022.
 
Ок, и да се тие бројките, кој ќе биде правно одговорен кога AI ќе направи грешка?

Ете го Алтман, денеска пресно.

Ок, и да се тие бројките, кој ќе биде правно одговорен кога AI ќе направи грешка?

Ете го Алтман, денеска пресно.

Изгледа не го разбра прашањето. Кој ќе биде правно одговорен кога AI ќе направи грешка?
Компанијата чиј аи модел ќе го користиш и ќе ти наплаќа за користење, освен ако твојата компанија нема сопствен аи модел, со што целосно ја превзема и одговорноста на себе.
 
Зошто беше во прашањето погоре што работите и каде гледате да се пренасочите.
QA работам речиси 4 години и последнава 2025та година речиси да не проаѓа ден да не размислувам на каде да би се насочил, заклучокот е стално ист, тоа да биде нешто неповрзано со компјутери зашто исходот ќе биде ист. Се враќам на физичка работа речиси сигурно, нешто што го работев до 2015та, па после работев VFX дур не акна короната, претходно мењато струка повеќе пати. Немам појма во моментов, таргет ми е гипс картон или плочки или било што, стварно немам намера да продолжам со компјутерски "науки". Машински имам иначе, али нема везе, ќе се почне од некоја нова нула како и цел живот. Нејќам песимистички да звучам али по мене следува машала дистописки период налик на терминаторските сценарија, во малце поинаква форма.
 
Компанијата чиј аи модел ќе го користиш и ќе ти наплаќа за користење, освен ако твојата компанија нема сопствен аи модел, со што целосно ја превзема и одговорноста на себе.
Со таа логика еден лош update и отиде AI компанијата во банкрот.

Ти ја согледуваш работата само од технолошки аспект. Работам на прилично висока позиција во IT Ops. Кога се разгледуваат продукти, AI или било кои други, се воспоставува јасно кој е одговорен за што, дали правно, дали регулативно и на крај најбитното, кој е планот за контнуитет на бизнисот ако продуктот престани да работи или има сериозни проблеми.
 
Ако докторот направи грешка и некој умре, а верувај често прават, оди и болницата во банкрот/и се забранува работа сега?

Еве и теслите се одговорни за 10 тина фатални сообраќајќи, ама не значи дека компанијата позади нив отишла во банкрот или добила некаква забрана, баш напротив. 90% од сообраќајќите се предизвикани од возачи луѓе, додека сообраќајќи на автономни возила се случуваат при специфични ситуации - недоволно светлина (приквечер или зори), комплексни маневри на комплексни раскрсници, и строго придржување до правилата додека другите возачи луѓе тоа не го прават. На крај ќе се земе некој генерален просек од сите "услуги" дадени од АИ, и кога ќе се увиди дека се поефикасни или попродуктивни, а не коштаат ништо или коштаат помалку од цел буџет за плати, ќе се усвои аи то.
 
Ако докторот направи грешка и некој умре, а верувај често прават, оди и болницата во банкрот/и се забранува работа сега?
Во САД докторот е одговорен за тоа, не болницата. И тоа може во затвор да заврши. Затоа и те прашував кој е правно одговорен кога AI ќе направи грешка.
Еве и теслите се одговорни за 10 тина фатални сообраќајќи, ама не значи дека компанијата позади нив отишла во банкрот или добила некаква забрана, баш напротив. 90% од сообраќајќите се предизвикани од возачи луѓе, додека сообраќајќи на автономни возила се случуваат при специфични ситуации - недоволно светлина (приквечер или зори), комплексни маневри на комплексни раскрсници, и строго придржување до правилата додека другите возачи луѓе тоа не го прават. На крај ќе се земе некој генерален просек од сите "услуги" дадени од АИ, и кога ќе се увиди дека се поефикасни или попродуктивни, а не коштаат ништо или коштаат помалку од цел буџет за плати, ќе се усвои аи то.
Изгледа го немаш видено договорот што треба да го потпишеш со Тесла пред да употребуваш ауто-пилот.

Tesla’s FSD Terms of Use require that you:
  1. Remain in the driver’s seat.
  2. Keep both hands on the steering wheel (or ready to take over).
  3. Keep your eyes on the road.
  4. Be prepared to take control immediately when prompted or when FSD behaves unexpectedly.
  5. Follow all traffic laws and signs.
Tesla’s documentation even warns that the driver is legally responsible for the vehicle at all times while using FSD.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom