Се тоа супер, но сега сакам да одиш да се бориш и за нешто друго. За различните цени за различни региони.
За некои држави играта може да биде 40 долари, за некои 60 долари.
Кажи ми како е тоа праведно јас во Македонија со 200 евра просечна плата да треба да плаќам иста цена за игра со некој Германец со 2000 евра просечна плата?
Кога веќе има различни цени за различни региони, нека биде бар за цел свет така.
Оди сега бори се за ова, пишувај им меилови на дистрибутерите/паблишерите/стим и кој и све да е одговорен за цената.
Не дека не си во право, но зарем за било кој друг е производ е различно, зборуваме за тривијални работи како игри, но зошто за германцот со 2000 евра плата нов Пасат да кошта 30000 евра (отприлика не знам точно) а исто да кошта и за бедниот македонец кој треба станот под хипотека да го стави и да се задолжи за две генерации ако сака нов пресен да му стигне директно од Волсфбург.
Да не зборувам дека има ситуации каде во некои западни земји одредени марки на автомобили се со пониска цена отколку кај нас.
Но на темата, јас за игри што сметам дека вредат или за кои сакам да ги имама како оригинали ги купувам, ретко но имам неколку, но никогаш не сум платил фул цена од 60 евра, или ги чекам попустите што ги има речиси секој месец за разни поводи (халовен, блек фрајдеј, божиќ итн) или купувам од други сајтови (allcdkeys и сл.), знам дека за наши услови е скапо и не вреди ама тоа е кога си најбедна држава во европа и треба да мислиш дали семејниот буџет ќе издржи било што друго освен за неопходните трошоци