After Life

Член од
20 јули 2020
Мислења
1.050
Поени од реакции
6.095
Зошто не сте отвориле тема за серијава? Кој си бе ти @Божино ? Битно го носиш Рики на аватар. Другото нема врска.



After Life на Рики Џервејс е серија којашто отстапува од неговиот познат стил комедија, има комични моменти и тука ама не е тоа главниот акцент и поента на серијата. Јас не би ја ставил во жанр комедија, можеби и затоа тие што не го поднесуваат неговиот хумор и појава ќе ја заобиколат серијава а фановите ќе речат па не е смешна бе шо е ова.
Не е ова ни The Office, ни Extras, ни Life`s too short ни ништо слично што сме виделе од Рики до сега.

After Life е серија за после животот. Има 2 сезони по 6 епизоди коишто траат 30 минути. Првичниот план ако не се лажам беше да заврши со вторава сезона, ама Netflix не е Netflix ако не претера па така се пишува и трета сезона. Безпотребно според мене, ама останува да видиме.

Тони (Рики Џервејс) е еден обичен лик што работи во локалниот весник во фиктивниот град Тамбури. Порано важел за позитивен и забавен човек но по смртта на неговата жена, љубовта на неговиот живот, Тони на еден начин се претвара во еден дрзок и арогантен човек со самоубиствени мисли. Гледа со одбивност кон ликови чија среќа ја наоѓаат во малите нешта, без влакна на јазикот им го кажува сопственото мислење без да му е гајле дали ќе ги повреди или не.
Нема гз да се самоубие, има кучка Бренди која му ја враќа надежта за живот.

Серијава е така добро напишана и направена што 30 минути поминуваат ко 5. Нема многу замарање од типот на ефекти, сцени, глума и што ти ја знам. Навидум е обична, во секоја епизода има 5-6 сцени и сите се повторуваат во текот на цела серија. Интересни моменти, со доста поучни разговори, едноставно буди некакво чувство да гледаш со насмевка на лицето и солзи во очите.

Секоја загуба е надминлива и не треба да си ги трошиме мислите на нешто што веќе завршило. Самоубиството не е решение.

Рики е мајстор и знае да го протне својот стил на црн хумор и дисање без тоа да биде наметливо и невкусно. Баш напротив, форите и смешките точно одговараат на дадената ситуација и момент.

Пак ќе кажам, не е ова класична комедија, ова е една депресивно-меланхолична-драма-комедија.

Супер одбрана музика, и тоа морам да го спомнам и пофалам.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
288
Поени од реакции
232
Генијална серија, Рики никогаш не ми бил у топ комичари, не пошто не сум го сакал туку поради тоа што не сум му обрнал многу внимание. После оваа посакав да гледам се што некогаш направил. Сум пропуштил многу.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
294
Поени од реакции
112
Една од ретките серии каде што втората сезона е уште подобра од првата. Да се изразам како американците: An emotional roller coaster. 10/10 серија. Мене Рики ми е еден од најдобрите комичари на сите времиња. @StarDrom, не знам како може да го имаш испуштено.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
11.544
Поени од реакции
10.679
На рака можам да ги избројам филмовите што сум ги гледал последниве 2-3 години, да не зборам за серии пак - 0(нула). Не знам зашто ама тотално изгубив воља за филм и ТВ, а порано секој ден нешто имав пуштено.

Ама по некоја случајност налетав на Extras од Рики пред некој месец и решив да ја симнам. Во еден здив ја изгледав, многу интересно серииче. Автоматски по заршувањето му го отварам Твитер профилот да видам шо прави ликот и какви зелени тресе по интернет. Но, наместо некоја шега, прв пост што му го гледам е confirmation for After Life season 3. Си викам шо е па ова сега, дури и 3та сезона тера. Отварам трејлер да видам што се дешава, и по само неколку секунди веќе знаев дека ќе ја гледам.

Навистина прекрасна и генијална серија полна со емоции како што ја опишуваат членовите над мене. Чиста 10ка. Да се смееш и да плачеш во ист момент од што е добра.
И морам да напоменам дека мн јака хемија има Рики со Ashley Jensen. И во Extras и тука се многу добра комбинација.
Едвај чекам нова сезона :icon_mrgr:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
3.007
Поени од реакции
5.633
Јас сметам дека заслужува трета а и четврта сезона, со оглед дека помалку од 3 саати е една сезона.
Втората сезона беше поинтересна заради некои кул ликови кои беа позастапени како поштарот, проститутката, буцкото синот на колегата и оној психопатот што му е психијатар. :)
 
Член од
20 јули 2020
Мислења
1.050
Поени од реакции
6.095
Каков дис е тоа за психијатрите :pos: каков гомнојадец е Рики.

Од друга страна па многу е добар и фер делот со проститутката, и тие се луѓе, и тие имаат чувства и не треба да се гледаат само ко секс објекти. (y)

Посебно драги сцени ми беа со госпоѓата на гробишта и татко му којшто има деменција во домот за старци.
I love you dad.
-Gay!

:pos:
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
999
Поени од реакции
3.099
Во недостиг на што следно да се гледа, после долга пауза од негледање серии пошто се едни исти беа, ја прочитав темава и реков да и дадам шанса, кога е толку кратка.
Првата епизода не ми се допадна многу, но, решив да изгледам уште една и се навлеков, ја завршив цела 1 сезона во едно деноноќие.

Меланхолично-комична, испреплетена со црн, сепак реалистичен хумор и депресивни моменти... Или ќе ти легне, или не.
Дава и одлични пораки за животот, за самотијата, општество и луѓето во него колку се дистанцирани, злобни, и егоцентрични.
Влечи некои добри паралели, а има и некој "геј" алтруистични моменти малку така саркастично завиени за да ги лапне публиката.

Overall, овака маратонски серија немам гледано од првата сезона на Stranger Things, што значи добра е.
Ќе се фрлам сега на втората, ако е подобра како што сте пишале, верувам уште толку ќе ме навлече.
 
Член од
20 јули 2020
Мислења
1.050
Поени од реакции
6.095
Најјака сцена според мене.


И овие као го гледааат дали ќе јаде пошто за деца било.
Порано коа работев у Спор М, доаѓа еден и глеа патики и ми вика дечко зошто овие исти патики а различна цена имаат, едните 3к а другите 5к? И му викам па тие од 3к се детски бројчиња а овие од 5к се за возрасни. Ме гледа и се смее, вика епа дај едни 45ка од детските. :D
 
На врв Bottom