humanoid напиша:protivpropaganda напиша:Сите одат на финтата на индиректност. Со стекнување на препознатливост се надеваат дека нивниот производ ќе се троши. Вака е бидејки тој што треба да даде пари за реклама повеќе е заинтересиран да се чалами отколку да му се продава производот.
Тоа се вели креирање на бренд или препознатлива марка. Пробуваат да те убедат да веруваш на сите производи од таа компнија.
Е сега, кој колку успеал да убеди, тоа е друго прашање.
Странските компании го прават тоа одлично, македонските агенции и фирми сеуште учат.
humanoid,
А бе зноем како се велит, мор`. Јас велам дека во друго е финтата а тоа е што тие, нашите, немаат намера да креираат бренд и не не` уверуваат во ништо освен тоа што се доволно моќни монетарно да платат реклама или пак е случајот она другото, заперување на пари.
Патем, да си зноеш, доколку рекламираш, а не си се обезбедил онака со грбче, биди сигурен дека наскоро ќе ти се појават гости во вид на инспекции и разни невладини и владини кои ќе ти бараат „да помогнеш“ во унапредување на нивната кауза.
Прашај паталец, а не гаталец во што е работата.