Може туториал како да си направам мое лого ?
Друже, абе за лого да направиш имаш милион опции, само треба да имаш идеи како да го направиш логото, еве сега ќе објаснам како го направив тоа "лого".
Напомена: Пред да започнете со изработка прочитајте го до крај овој "туторијал"... се обидов на прост начин преку слики да ги објаснам алатките со кои сум се послужил.
Најпрвин направете нов документ (File > New) и одберете која сакате големина (кај мене е 680 x 400). Потоа одберете ја алатката Rounded Rectangle Tool.
...потоа нацртајте ја правоаголната (портокаловата) површина. Одкако ќе ја нацртате правоаголната површина, изберете ја опцијата Blending Options...
...одкако ќе ја изберете опцијата Blending Options ќе ви се отвори еден прозор, во него додајте ги ефектите Drop Shadow и Bavel and Emboss и кликнете "Ok".
Нареден чекор е испишување на буквите. Значи најпрвин креираме нов Layer (Shift + CTRL + N), потоа со алатката Text Tool испишуваме "КАЈГАНА" (Вие можете да пишете што сакате). Одкако го направивме тоа повторно креираме нов Layer и со Text Tool овојпат испишуваме "www.kajgana.com" (Вие можете да испишете било што по ваша желба). Одкако ќе го направите и тоа, следен чекор е обележување на буквите, а тоа ќе го направите со помош на Magic Wand Tool. Значи ја одборате алатката Magic Wand Tool, го селектирате Layer-от каде што е испишано "КАЈГАНА" и држејки Shift кликате (ги обележувате) на буквит. Одкако ќе ги обележите "КАЈГАНА" буквите, селектирајте го Layer-от каде што ви е испишано "www.kajgana.com" и исто така држејки Shift обележете ги и тие букви...
...одкако сте го направиле тоа, селектирајте го Layer-от со правоаголната (портокалова) површина, одберете ја гумичката и избришете ги буквите поминувајки со маусот над нив или пак само притиснесете на Delete... (бидејки претходно сме ги обележале само буквите, ќе се бишат само буквите од правоаголната површина).
Одкако ќе го направите и тоа, одберете ја алатката Rectangular Marquee Tools и со неа направете ја правоаголната линија и притиснете Delete (не заборавајте да ви биде селектиран Layer-от со правоаголната (портокалова) површина). Одкако ќе го завршите и тоа, кликнете на окцето што се наоѓа пред Layer-ите со буквите (КАЈГАНА и
www.kajgana.com) за да имате подобра прегледност на сликата.
Потоа зачувајте ја сликата во .gif формат и тоа е тоа