Многу побрзо, полесно и најважно од се поубаво ќе изгледаат сликите ако убаво знаеме што сакаме да направиме ( во случајот да смениме боја од црвена на сина+2-3 знаци) и 2-3 минути да мислиме како да го напрвиме тоа. Кои алатки и слично.
Да мислевте малце ќе ви текнеше дека полесно е една боја да смениш одколку цел дрес, па да ставаш раце, главата да погодиш да изгледа реално итн.
Логички од црвена боја за да добиеш сина боја прво ќе треба да намалиш црвената боја во сликата и ќе додадеш малце сина боја малце контраст. Сите ови работи само со Layer>New Layer Adjustments Curves.
Се разбира само црвената боја сакаме да ја смениме затоа пред да направите Аdjustmenst Layer со Magic Wand Tool за 30 секунди ќе селектирате сите тие линии црвени во дресот и после кога ќе направите Adjustments layer> curves тоа ќе има Layer mask. Што значи после ќе може да дотерате ако селекцијата не било баш најуспешно пр некои места се црвени малце па со Layer mask многу лесно ке поправите тоа.
И ете за 2-3 мин каков резултат:
Инаку можеби не ја погодив точната боја не знам баш како е но гледајки ја сликата погоре изгледа ок.
И да уште неколку минути да избришете лого што е многу лесно со Clone Stamp Tool затоа што само прости линии се фарбајте од горе надоле или обратно :pos2:.
И за крај стајте лого може со Liquify филтерот да се забавувате малце да изгледа пореално.
Се надевам корисна е информацијата за понатамошните дизајни