Adobe Illustrator-ваши креации

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.085
Поени од реакции
7.281
Колку што знам нема ваква тема, па решив да отворам.

aics5.png


За тие што не знаат, Illustrator е програма за векторска графика од Adobe, истата фирма која го има Photoshop. Значи се што е направено со оваа програма е векторски, т.е. “објаснето“ со тешка математика во позадина, во компјутерот, што овозможува се што е нацртано, да се зголемува/намалува до “бескрај“ без да го губи квалитетот, како на пример кога зумирате слика, па на крај веќе ги гледате коцкичките (пикселите) од кои е составена. Оваа програма се користи за графички дизајн, за секакви потреби, како логоа, постери, банери, буквално се што ќе ви падне на памет, секако ако знаете да ја користите. Јас почнав да ја “учам“ пред година-дена, не сум некој супер-талент или професионалец не знам каков, едноставно ми е забавно да си цртам нешта, да креирам работи, да учам...а дури и продадов едно лого :D. Ако имате и вие нешто интересно, споделете, можда ќе можеме и да учиме едни од други и тн. Повелете за почеток нешто од мене:

code45_logo_contest_by_bobipp-d5boucx.png

82b76d742a18fcd1c292123da69cad52-d5bsa5t.jpg

75054_559230364087983_1370717818_n.jpg


За повеќе...клик на потписот :)

И сакам да прашам, дали знае некој каде има ресурси за дизајнери како: бланко пакувања за производи, етикети, brushes, vectors итн. знаете на што мислам....или пак некои торенти кои содржат повеќе работи...исто и добри туторијали...посебно за Pen Tool уффф најтешкото нешто :P
 
Едно време почнав да чепкам малце..интересно е но бара многу време да се напне човек за многу ситни детаљи

i2oxf8.jpg
 
а која е разликата со CorelDRAW ... знам корел, па како би се снашол во илустратор?
Па мислам дека се слични, на крај краева и двете се за иста намена, па ваљда и алатките им се во поголем дел исти. Не знам, нека кажат тие шо работат во Corel Draw.
 
Нема значајна разлика помеѓу корел и илустратор, ако го знаеш едното ќе го знаеш и другото.
бобипп каде продаде лого и кое ако не е тајна? нешто на интернет работеше или?
 
Нема значајна разлика помеѓу корел и илустратор, ако го знаеш едното ќе го знаеш и другото.
бобипп каде продаде лого и кое ако не е тајна? нешто на интернет работеше или?
Па еден ден изненадно ми се јави еден човек, ми вика вака и вака, ми треба едно мало лого да ми направиш, дали ќе може и колку пари. Јас сиот изненаден, си викам од кај дознал за мене дека правам такви работи, од кај ми го знае телефонот...? :eek: Али прифатив секако :) Изгледа ме има видено на македонската страна за фриленсери-elancer.mk, а и таму како се најдов појма немам. Еднаш ми стигна меил, ми вика, регистрирани сте на elancer, проверете си го својот профил :LOL: Ајде реков...можда ќе ме побара некој :) И ете....
А еве го и логото:
ImperiumLogo.jpg

можда ќе го видите по некое време низ Скопје :D
 
Темава мртва...:confused: пу јаз'к
LogoMockup.jpg
 
Здраво дечки
Ме мачи нешто
Дали ви е лиценциран илустраторот?
Сакав да се вклучам на istock и слични на нив ама ме мачи дали можам да почнам со портабле верзија од илустратор и фотошоп, дали има начин да се открие додека да заработам за лиценцирана верзија? Дали паничам?
Ќе почекам одговор од сите што работите графички дизајн на овие сајтови
 
Ако има некој што ке ми направи ваква слика со натпис за да испринтам на мајца ќе има пиво од мене и ќе му бидам многу благодарен (и не знам дали може во оваа програма да се изработи така го пишав прашањето тука ).
 

Attachments

  • ekipa.jpg
    ekipa.jpg
    47,3 KB · Прегледи: 45
Ако има некој што ке ми направи ваква слика со натпис за да испринтам на мајца ќе има пиво од мене и ќе му бидам многу благодарен (и не знам дали може во оваа програма да се изработи така го пишав прашањето тука ).
Брат, извини вака, ама од фала и пиво не се живее, пиши пп ако сакаш, ќе ја средиме, за ефтини пари, ако не пробај сам, или пак некој ќе ти се смилува...толку од мене ;)

и така влегов во темата, еве нешто од мене направено во последно време:

Concept2.jpg
 
Брат, извини вака, ама од фала и пиво не се живее, пиши пп ако сакаш, ќе ја средиме, за ефтини пари, ако не пробај сам, или пак некој ќе ти се смилува...толку од мене ;)

и така влегов во темата, еве нешто од мене направено во последно време:

Прегледај го приврзокот 63677
Добро ти си знаеш иначе што пари бараш
 
Не сакам да ти земам пари, потруди се некој ќе најдеш ќе ти го направи за пиво :)
Добро другар, ајде се бара кандидат што ќе ја направи сликава за пиво ајде знам дека има добри луѓе доброволци тука сме си да си помагаме и фала
 

Attachments

  • ekipa.jpg
    ekipa.jpg
    47,3 KB · Прегледи: 40
Еве вака нешто, пошто скроз исто не може, немам таков фонт, а и барав не можам да најдам.
 

Attachments

  • Ekipa.png
    Ekipa.png
    281 KB · Прегледи: 75

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom