D
Daedalus
Гостин
Ако од старт знаеме дека родителите не го сакаат, или знаеме дека еден од родителите, најчесто таткото, нема ни да постои во неговиот живот, затоа што не го сака, веќе знаеме доволно какви проблеми ќе има тоа дете.
Животот не е само да јадеш, сереш и спиеш.
Има многу повеќе од тоа.
Точно така. Затоа, во животот на една личност постојат грубо проценето повеќе од 1 000 000 000 000 000 фактори кои делуваат на него во период една секунда. Немањето татко, живеењето во дом и слично вклучуваат со себе можеби 1 000 000 000 000 0000 000 00 000 фактори кои влијаат на детето (позитивно или негативно, зависно од неговата генетика и другите надворешни фактори искомбинирани со овие). Ти тврдиш дека поседуваш способност да предвидиш дали детето ќе биде среќно или тажно со што укажуваш дека неговиот живот го симплифицраш и ограничуваш на овие два фактора и ги занемаруваш останатите фактори кои воедно не можат да бидат предвидени за да донесеш заклучок дека тоа дете ќе биде несреќно. Просто и едноставно, не можеш да знаеш...никогаш. Статистиките кои ќе ми ги наведеш и можеби ќе бидат од анегдотален карактер ќе покриваат одредена популација на деца пораснати без родители или во домови и ќе ги занемаруваат останатите деца кои се пораснати со родителите а ги имаат истите проблеми. Или ќе ги занемаруваат децата кои се без посериозни проблеми пораснати во домови а сепак имаат среќен и исполнет живот.