Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
...ноусенс е да се збори.

уффф и дури вака од страна малку одвратно изгледа.. Работава е ко да им се кажува: Гревчиња вие, колку се мачите, колку ве жалиме....што не ве абортирале да ве спасат....

Бљак....мрдната работа...

:ija::ija::ija:
 
Во 2008 година, во Македонија се родени 22.945 бебиња. Истата таа година во водите на Охридското Езеро се удавија 2 деца, во сообраќајни несреќи загинаа 4 млади животи, 8 беа жртви на несреќни случаи, 9 загинаа од насилна смрт… на 30.000 бебиња во Македонија, животот им беше прекинат со АБОРТУС! Родени 22.945… абортирани 30.000.

Кога еден маж и една жена имаат незаштитен секс во периодот на плодност, ја прифаќаат можноста жената да остане бремена.

Се гадам и срамам од човековиот род кога читам дека абортусот бил оправдан бидејќи фетусот бил “само група клетки кои се размножуваат и ништо повеќе“. Од таква “група клетки кои се размножуваат и ништо повеќе“ сме почнале сите ние.

Нечија неодговорност не му дава право на никој да изигрува бог на животот и смртта.

Повеќе од половина од македонските бебиња кои сега требаше да го прослават својот втор роденден, завршиле во контејнерите за медицински отпад како најобично ѓубре. Колку ли гордо општество сме ние!!! Ги убиваме најбеспомошните суштества заради неодговорноста на нивните несудени родители.

Ај сеа прво официјалната бројка е 6000 и опаѓа . Второ во македонија не е илегален ниту скап арбортусот за да одат на диво. Трето оваа шпекулација со бројки е натешката манипулација што ја имам прочитано. Македонската популација старее а со тоа и плодноста и опаѓа.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5677955,00.html

Четврто тие „душегрижни“ христијанки за живот итн се појавија истиот момент кога вмро ја започна кампањата за деца повеќе. Ова е само начин да се принуди македонското население да се репродуцира за да биде после експлатирано како најдолно животно и третирано како куче.
Значи најдолен вид на луѓе ги сметам тие prolifers кој реално ги заболе за луѓето и животот на другите воопшто и притоа се сметаат себе си за подобри поради тоа што ќе исфилуваат ред лаги откако статистиката кажува нешто друго само за да ја опрвдаат егзистенцијата на нивната организација која од бог знае каде се финансира.Меѓувреме хеј гледај ги слаткине бебиња а гугуг. Како да нема доволно деца во државава врз кои кој стигне се изживува, силува, тепа . Или пак им снема лесно достапни деца и адолесценти за по жолти куќи и вадење органи, пошто целиот Балкан е зафатен од бела чума и рапидно стареење на населението.

Како бе мајката не им текна на тие душегрижни луѓе кои толку многу сакаат да не се абортира да ја зголемат свесноста за контрацепција а со тоа да се намалат несаканите бремености. Како бе не им текна да ги гонат сите тие работодавци кои отпуштаат бремени жени и ги принудуваат да бираат меѓу работно место и бременоста. Како бе не им текна да помагаат на самохрани мајки.
Како бе не им текна да ја повикаат власта да ја зголеми вработеноста за да фамилии да не арбортираат деца поради финансиска несигурност.

Мора да ги сака човек тие домаќинки, самопрокламирани херои кои бројот на мозочни клетки кои го употребуваат е еднаков на нула. Во обид да си ја оправдаат својата себична безначајна егзистенција лиферуваат со бројки и им го отежнуваат избирањето на илјадници жени со тоа што ќе ги нарекуваат чедоморки, себични или плашат дека тоа екстремно опасно за нив. Пиши им на тие сусштества од канализацијата кои го пишуваат тоа лајно од сајт да ја вежбаат својата морална оправданост, чистота и загриженост на некоја друга област во оваа држава како згрижување на деца кои се злоупотребувани. И да перат пари со друг изговор. Ѓубриња. Како доволно маки да немаа моите комшии кои мораа да бираат меѓу ранење на своите две деца и нероденото кога одлучуваа што да прават па одозгора некоја крава ќе им всадува додатна вина зошто избрале абортус. Не виделе они ништо .
 
Да, Наташа, само незнам колку си запознена со проблемот кој беше пред едно два месеца, да чуеш само како ги малтретирале тие деца и што се им се случувало па и би подразмислила на што се ги довело тоа погледнување на светот... Нивните солзи се погорки од другите деца кои имаат мајка и татко да ги утешат, тие едно ставно никој немаат на овој свет, и целата нивна ситуација секогаш се злоупотребува, и да ова е Македонија никој не го боли срцето сите ги болат џебовите...ноусенс е да се збори.
Грозни работи се случуваат насекаде во свет...и на деца кај родители и без родители, НО тоа не е причина да се убие еден живот со цел да му се скратат „маќите„ или треба кугла да земеме па да видиме кој каков живот ќе има па пред време да го скинеме... Погледни го видеото погоре ако не те мрзи па види со каква сила го живее девојката животот која е родена „абортирано„. Секој има шанса на живот, и никој не треба да си даде за право некому да му го скрати тоа, тоа треба да се казнува исто како што се казнува убиство. Нема пардон.
 
Ако мастурбирам треба да ми се суди за геноцид?
Чекај, нели беше моја одлука и мое право тоа да го правам? И нели жена треба да има право да одлучи што ќе прави со фетус која она ќе го носи 9 месеца во стомак, која она ќе го роди со големи болки, на кого она ќе му посветува 20 часа дневно во следните 10 години...?
 
а дали од твојата сперма за 9 месеци ќе се роди бебе? Споредбата е безвезна :)))

Инаку јас мислам дека треба многууу агресивна кампања за контрацепција. Ама не мислам дека е во ред да се абортира.
Не мавам никого со камења, ама не сакаат да пијат апчиња, да не им никнеле влакна, не сакаат да ставаат кондом, им се скратувало уживањето, а за абортус сите одобруваат?
Е ај кажи ми дали е тоа у реду?

И по твојот пример, дали имам право да убијам мое дете, оти јас сум го родила, јас го чувам и јас сум со него најголемиот дел од времето???
 
Знаеш дека ако мајката го убие своето ново родено бебе во првите 6 недели најверојатно нема да одговара за убиство бидејќи е пости т.н. постпартална психоза и секогаш се вадат на тоа. Речиси е невозможно да осудиш мајка за убиство на новороденче може без проблем да се вади на лудило. Така да абортус не е ништо посебно во пракса мајката може што сака да му прави на бебето додека е трудна и во првите недели.:toe:
 
уффф и дури вака од страна малку одвратно изгледа.. Работава е ко да им се кажува: Гревчиња вие, колку се мачите, колку ве жалиме....што не ве абортирале да ве спасат....

Бљак....мрдната работа...

:ija::ija::ija:

А што мислиш не си помислуваат така за тие деца, ретки се тие кои им помагаат и ги сакаат... да не живеете случајно во розов и чипкаст свет, сте биле некогаш до домот?
Сум била илјдници пати милиони работи им имам однесено од моите деца, јас не викам боље да ве абортирале јас реков тие што ги оставиле заслужуваат на колец да ги набиеш, или сеа ти имаат оправдување а таа во момент на афект во момент кога никој не ја седнал да и каже дека не еубаво да се абортира, абортирала таа е повиновна?????
Ај де бе!
 
Грозни работи се случуваат насекаде во свет...и на деца кај родители и без родители, НО тоа не е причина да се убие еден живот со цел да му се скратат „маќите„ или треба кугла да земеме па да видиме кој каков живот ќе има па пред време да го скинеме... Погледни го видеото погоре ако не те мрзи па види со каква сила го живее девојката животот која е родена „абортирано„. Секој има шанса на живот, и никој не треба да си даде за право некому да му го скрати тоа, тоа треба да се казнува исто како што се казнува убиство. Нема пардон.

А тие што ги раѓаат и оставаат нив како треба некој да ги казни ??
 
Да не ви го кршам муабетот ама...нели домот за сираци и напуштено дете (евентуално родител алкохоличар или развод или губење на два родители)...нели тоа е сосем друга тема. Ова оправдување некако звучи као оправдување за нераѓање заради -кога ќе порасне нема да учи, нема да влезе у државна квота, ќе остане без работа, ќе се разведе со жената/мажот...се работи за чинот абортус и причините зошто.

Освен медицински оправдан случај или социјален статус не гледам друга причина (не повод) за абортус, но вие си знаете...возрасни сте :)

Една со друга тема имаат сличности, затоа што мене ме боли откажувањето од своето чедо исто колку абортусот...
Имам три дечиња и ниту еден абортус се што сум на правила стојам зад тоа, како може да ја осудиме жената дека абортирала, а таа што се откажала од сопствената крв да ја потапшаме не направила убиство битно, а што понатака со тоа дете исто се тоа се прашалници, се поврзуваат тие два проблема, мене и двата ми сметаат, во денешно време си праат анализи преку крвта мислам дека беше во 7 или 8 недела од бременоста да го дознаат полот на детето, па ако не е машко си ги абортираат од здрави прави деца, а па негали некоја апансас што немајкаде и ни со кого да го гледа тоа дете абортирала, не е сеедно да ти дојде такво нешто пред врата, незнаеш во тој момент што се умот е способен да направи со чувствата.
 
Да не се сфатиме погрешно, со текстот претходно не целев на вас директно Луси_Лу...всушност во моментов (порано имам судено и критикувано) не судам никому :) едноставно го давам моето мислење по ова прашање :smir:
 
Општество кое прави абортуси како да вади заб (кажано од една позната либерална дама на телевизија) е општество кое гледа на другите луѓе како на товар. Затоа и имате такви фрикови на кои им пречат стари луѓе, невработени, сиромашни... Се што не придонесува за општеството треба да се отстрани (сте биле во домови за старци во последниве 20 години?). Од друга страна, и така и така ние ќе бидеме исламизирани за едно педесеттина години, па не е ни битно нашето размислување.
превод - social security е пензија, medicare medicaid - бесплатно здравство
 
Една со друга тема имаат сличности, затоа што мене ме боли откажувањето од своето чедо исто колку абортусот...
Имам три дечиња и ниту еден абортус се што сум на правила стојам зад тоа, како може да ја осудиме жената дека абортирала, а таа што се откажала од сопствената крв да ја потапшаме не направила убиство битно, а што понатака со тоа дете исто се тоа се прашалници, се поврзуваат тие два проблема, мене и двата ми сметаат, во денешно време си праат анализи преку крвта мислам дека беше во 7 или 8 недела од бременоста да го дознаат полот на детето, па ако не е машко си ги абортираат од здрави прави деца, а па негали некоја апансас што немајкаде и ни со кого да го гледа тоа дете абортирала, не е сеедно да ти дојде такво нешто пред врата, незнаеш во тој момент што се умот е способен да направи со чувствата.
Ако некој не ја сака бременоста има многу начини да ја заврши и тешко дека некој друг може да го спречи тоа но, медицинскиот легален абортус е најбезбеден.
 
А што мислиш не си помислуваат така за тие деца, ретки се тие кои им помагаат и ги сакаат... да не живеете случајно во розов и чипкаст свет, сте биле некогаш до домот?
Сум била илјдници пати милиони работи им имам однесено од моите деца, јас не викам боље да ве абортирале јас реков тие што ги оставиле заслужуваат на колец да ги набиеш, или сеа ти имаат оправдување а таа во момент на афект во момент кога никој не ја седнал да и каже дека не еубаво да се абортира, абортирала таа е повиновна?????
Ај де бе!

Во домот бев, да, пред едно две недели овој месец и околу почетокот на октомври и немој да мислиш дека никој ништо не им носи на децата :toe:
А ако поразговараш со поголемите ќе видиш дека им спотребале на нив нашите партали, тие сакаат да бидат еднакви со нашите деца, а не како шуга во општеството, а баш ние (не буквално)ги правиме такви (со муабетите, однесувањето, етикетирањето и нормално солењето што би било подобро за нив)
Таа што абортирала да направила убиство, а таа што го оставила се убила себе, ама не и шансата на детето да го види и успее во животот. Јас стварно знам дека е филм животни приказни како на Роман Абрамович на пример, ама имам другарки пораснати во дом, кои патем сега деца имаат, имам мајка на другарка пораснато во дом. Успешни животни приказни на домци што лично ги знам.

Која е повиновна не знам. Мојот став е дека не треба да се абортира, а кој не направил грев нека го фрли првиот камен... или како беше муабетот...
 
Во 2008 година, во Македонија се родени 22.945 бебиња. Истата таа година во водите на Охридското Езеро се удавија 2 деца, во сообраќајни несреќи загинаа 4 млади животи, 8 беа жртви на несреќни случаи, 9 загинаа од насилна смрт… на 30.000 бебиња во Македонија, животот им беше прекинат со АБОРТУС! Родени 22.945… абортирани 30.000...

садријазме дај бе намали малку..... 30.000 абортуси??? не ни до толку ебачка државава

Тие што се решиле на абортус сигурно имаат доволно добра причина да го направат тоа и сигурно не им е лесно така да нема потреба некој да прави да им биде уште потешко
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom