А1 vs СИТЕЛ (Велија vs Ѕинго)

  • Креатор на темата Креатор на темата DarthMakedon
  • Време на започнување Време на започнување
досадни се веќе пушти на а1 овие нешо одма кратово опустошено и ред др работи пушти сител па таму викаат во кратово е супер скоро сите живееме од силкес и незнам шо иначе навивам за ѕинго :pos2:
 
Инаку дали слушавте убаво на Сител кога кажуваа колку земја имал Ѕинго, во стилот дека ја нема цела Македонија тука мал дел.

По пресметките имал 25.000 хектари или 1% од Македонија. :vozbud:
 
Сител претеруваат, значи толку партизирана тв до сеа не сум видел:tapp:
 
ЗАВИСНИ МЕДИУМИ, ЈЕБ* ГА ДРУЖЕ СУДИЈА!

Сител претеруваат, значи толку партизирана тв до сеа не сум видел:tapp:
Ни А1 не се боље...Апла сите телевизии се зависни!
 
еве пак денес:
ВЕЛИЈА СЕ ДЕМАНТИРА СЕБЕ СИ
ЛАЖНИ ТВ ПРИКАЗНИ

http://sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=4E3B818530C25444B9C667B0464CE603

борбата продолжува......

А1:

„Силекс“ ги крие и ги лажира податоците за имотот

Со колку земја располага „Силекс“? Едноставно прашање на кое никако да добиеме одговор, дали има 1.000 хектари, колку што велат од општината Кратово, 700 хектари колку што тврди Министерството, или 25.000 хектари колку што до вчера пишуваше на нивниот сајт.
Последнава бројка навистина висока ако се работи за обработливо земјиште, но ако тука „Силекс“ мисли и на пасишта и шуми, тогаш редно е и да добиеме конкретен одговор.
Затоа официјално доставивме барања до јавните претпријатија за пасишта и шуми и секако до „Силекс“. Но, наспроти официјален одговор на нашите настојувања да ја расчистиме дилемата со колку земја располага „Силекс“, преку ноќ на сајтот осамна нова бројка. 25-те илјади хектари ги преправија во 25 милиони хектари.
Пораката од „Силекс“ ја сфативме, несериозност со која сакаат да покажат дека бројките не се релевантни. Затоа овој пат ќе одиме со нова бројка, повторно нивна и официјална.
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кратово, Земсил поднела барање за субвенции за женско јагне за 770 грла. И повторно бројка која овој пат Инспекторатот ја демантира.
Врз основа на доставен доказ од Управа за ветеринарство, за обележани 186 јагниња и на терен Инспекторот утврдува само 180 јагниња и за толку Платежната агенција исплаќа пари.
Со зголемувањето на бројката за задржано женско јагне, овој пат фирмата на Љубисав Иванов Ѕинго сакала на крајот да ќари 20 илјади евра повеќе.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101838
 
Сител неможе со А1, а плус јас лично сум ги фатил Сителовци на лажење и нема шанса повеќе да им верувам... А1 до сега не сум имал прилика да ги фатам дека лажат...!!! По објективни се... А од Сител нема по политизирана телевизија И СЕ ПОМАЛКУ ЈА ГЛЕДАМ...!!!!!!!!!
 
еве интервју со Велија во денешно време... објаснува за се што се провлекува како прашање деновиве/месециве/годиниве... колку е вистинито тоа е друга работа... незнам тоа :)

Во изминативе неколку месеци името на Велија Рамковски стана тема со која се занимаваат јавноста и речиси сите медиуми во земјава. Тој преку своите медиуми е навлезен во повеќе кампањи за разни проекти, за кои повеќемина велат дека се контроверзни и мотивирани од лични интереси. у Господине Рамковски, во изминативе неколку месеци вие лично, но и вашите медиуми се длабоко навлезени во повеќе кампањи, напади и спорови. Изгледа како да сте влезени во војна со целиот свет, како се нешто да ви пречи. Кој е мотивот за сето тоа?
- Веројатно во личноста. Прво во 1990 година од ништо почнав нешто. Во 1992 година направив телевизија со цел таа да биде посилна од државната. И оттогаш се почна да се тркала. Имаше успони и падови на фирмата. Многу успеси, но и неуспеси во некои дејности. Но, јас сум постојано во некое интензивно движење. Не е тоа нешто што планирам, ќе дојде денот кога доаѓа одредена тематика, одредена идеја, па си велиш - добро е тоа да го работиш. Без разлика дали е тоа бизнис или нешто друго. И така успевам, тој успех носи разни можности, но и голема одговорност. Сметам дека не се одговорни само политичарите за иднината. Тие во изминатите 18 години покажаа голема неодговорност, додека јас за работите кои сум ги направил, пак, се чувствувам многу поодговорен. Нема посилно влијание за развојот на оваа држава од влијанието што го направи А1-телевизија во позитивна смисла. Нашите рејтинзи, без разлика за кој период станува збор, избори или слично, се највисоки, дури се неспоредливи со другите. Тоа покажува дека телевизијата работи во интерес на народот во овие 15 години. Јас не го планирам животот, ниту можам да го испланирам до толку, ниту, пак, проблемите што наидуваат. Но, како Велија сум ја создал А1, сум го направил „Хедис“, во кој сега имаме споени дури 1.400 дуќани, а сега работам и на проектот за изградба на нови фабрики. Некои од тие проекти им пречат на одредени структури. Така беше и со земјоделството во 2006 година кога бевме во воени односи со Владата и кога Бучковски велеше дека ќе ме апси. Зошто тогаш го правев земјоделството? И себеси многу пати се прашував зошто? Затоа што мислев дека тоа треба да се направи, дека е добро да се направи. Значи јас не ги собирам проектите ниту планирам судирите. Јас создавам, размислувам и доаѓаат идеи и некогаш се жртвувам. Доволно се чувствувам силен и имам доволно желба, а и уживам да го правам тоа. Сакам да создавам, сакам да правам. Никогаш во мојата кариера ништо државно не сум зел. Се е мое, јас сум го создал. уКоја е целта на пресметката со Љубисав Иванов-Ѕинго? Имате некој личен анимозитет кон Иванов или во прашање се ваши лични интереси во поделбата на парите од субвенциите во земјоделството?
- Да ми простите, но вие новинарите користите само изрази како пресметки и војни, само за тоа зборувате. Ова што го работам со Министерството за земјоделство, што на почетокот на мандатот го има добиено партијата на Ѕинго, има врска со мојата работа која потекнува дури од 2006 година, односно уште од 2004 година кога ја формирав земјоделска редакција во А1-телевизија. Во 2006 година формиравме партија само за да можам да разговарам и да им кажам на луѓето за проблемите што ги имаат, како буџетот, трговскиот дефицит и слично. Но сметав дека најголем проблем беше земјоделството. Нашата визија беше објавена уште пред изборите, а по нив седнав со премиерот Груевски и тој во основа го разбра проектот. На четврти јануари годинава беше објавена реформата во земјоделството вредна 460 милиони евра за четири години. Значи, најголемата работа беше моја, цели 80 проценти од таа работа. Дојдовме до тоа во 2008 година да треба се поделат субвенции во вредност од околу 45 милиони евра, но десет месеци потоа доаѓаме до тоа дека се исплатени само 15 милиони. Кога тоа го видов, воопшто не ме интересираше кој го има Министерството за земјоделство и сите знаат дека тогаш воопшто не го ни спомнав Ѕинго. Да беше конфликтот со него, ќе се побунев уште во 2006 година кога тој го доби Министерството. А не го направив тоа зошто воопшто немав амбиции да влезам на која било државна функција. Кога дојде до тоа да не функционира секторот, го нападнав министерот затоа што работеше лошо. По таа критика, повикана се најде неговата Социјалистичка партија и веднаш ме нападна мене со разни погрдни имиња. Е тогаш ми дојде, значи не е министерот, туку тој што го поставил, а него го поставил Ѕинго. Знаете, на изборите фармерите имаа големо влијание за победата на сегашната коалиција, а министерот за земјоделство го постави Социјалистичката партија. Апсолутно сум сигурен дека селаните не гласаа така. Граѓаните апсолутно гласаа за Груевски, а не за Ѕинго. &“8226; Велите вашата земјоделска реформа била прифатена од Владата и станала нејзина програма. Кој ви дава прво да решавате за таа програма кога не победивте на изборите, а сега не сте ни избран функционер?
- Зошто велите дали ми дава право? Зошто се поставува прашањето дали имам право или немам, зошто не велите одговорност? Зошто право, а не одговорност да се поправи нешто што не функционира? Кога новинарите велат дека нешто не работи, тоа е ваше право или одговорност? Сметам дека секој граѓанин има одговорност да работи за доброто на државата и народот. Јас сум сопственик на телевизија, и тоа силен сопственик, значи мојата одговорност е поголема. Сите се навикнати да зборуваме дали имаме право да правиме нешто, а јас си наметнувам одговорност, а не право. &“8226; Во јавноста се создаде впечаток дека мотив за сите тие напади, всушност, се вашите долгови, како тој кон Американците, кон печатницата „Цетис“, кон Комерцијална банка, градот...
- Во работењето, замислете во сите овие 18 години работење, што се не сум преживеал. Во деловниот сектор дали јас имам проблеми, сигурно дека имам. Имав кредитен однос со Американците, што го решив пред две-три години. Во однос на Комерцијална банка. Па влезете во документите на банката и видете колку пропаднати пари имаат, колку пари не можеле да наплатат. Со мене имаа и си ги наплатија. Значи и тоа е ликвидирано. Во однос на печатењето, приказната е друга. МПМ (издавачот на весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“), печатницата во Кочани и печатницата на Бојо Андреески „Цетис“ се договорија „Време“ и „Шпиц“ да не излегуваат. Значи тој реши да го прекине печатењето иако не беше истечен рокот да платиме. Намерата му беше да прекине излегувањето на „Време“ и на „Шпиц“. Тоа прекинување значеше дека „Шпиц“ и „Време“ мора да платат 1. 800.000 евра за да се печатат во Бугарија. Тоа е двојно повеќе од тоа што плаќавме за да се печатат весниците во „Цетис“. Зарем на весниците им одговараше да плаќаат повеќе? Во тој период државата изгуби пари бидејќи тие пари, наместо надвор, ќе останеа во државава. Значи имаа можност за плаќање, но тие го прекинаа печатењето. И покрај сите уцени што ги правеа и слабиот квалитет на печатење, весниците сепак не прекинаа, туку тој го прекина печатењето. За сето тоа има записници. Не се во прашање парите, беше само деловниот мотив. Нивната цел беше само да престанат да излегуваат „Време“ и „Шпиц“. &“8226; И градоначалникот Трифун Костовски тврди дека целата критика што доаѓа од Вас, се должи на долгот што го имате кон Градот. - Прво, дивите градби и урбанистичката мафија, па и слепиот и глувиот би ги виделе и чуле. Едниот деловен објект од околу 4.000 квадратни метри, кој е изграден во 1991 година и каде што има околу 400 вработени, е сосема решен, нерешена останува само надградбата. И никако да успеам од владите и министерствата да добијам услови за градба кои се основа за да платам комуналии. Имам решение од 1999 година од Љупчо Георгиевски дека ќе ме урива. И тоа постојано го користат како систем за уценување. Зошто го употреби Костовски тоа дури откако јас прв го нападнав, а не пред тоа? И тоа е на суд и таму јас барам дозвола да го легализирам. Општината не дава дозвола, а без таа дозвола не можеш да склучиш договор со Градот и да платиш комуналии. Јасно е дека целата работа е смислена како точка за постојано да ме напаѓаат и за да ми ја уценуваат телевизијата. Не успеала ниедна власт да ја замолчи досега, па нема ни сега. уДали вашата кампања против заградувањето на кејот е само продолжување на судирот со Костовски?
- За кејот ми е многу жал. Треба да го следиме случајот од Хрватска, каде што со 53.000 потписи и страшни протести успеаја да ја сменат одлуката за градба, одлука која на сите име беше јасно дека е на урбанистичката мафија, иако ги имаа сите документи според сите закони. И таму, како и овде, се беше според законот, но одлуката се смени по притисокот од мнозинството граѓани. Мафијата таму, како и овде, ги злоупотребува законите и ги приспособуваат за својот криминал, значи не ги крши, туку ги злоупотребува за својот криминал. Па тоа е толку страшно, дури и пострашно од тоа да се прекрши закон. Значи во Хрватска мафијата ги имаше испочитувано законите, но граѓаните имаа сила и по нивниот притисок, институциите на власта ги повлекоа дозволите за уништувањето на нивниот плоштад. Овде кај нас, мене како граѓанин страшно ме навредува безобразлукот и безобѕирноста на постапката. Замислете на ексклузивна локација продадоа квадратен метар за само 25 евра. Тоа е невиден криминал, покриен со закони, а сега мавтаат со документи, па уште и ме навредуваат. Тоа многу ме револтира како човек, ме прави бесен. Јас, доколку не се тргнат параваните, ќе ја следам таа случка, целата градба и целиот процес. Нека не прават ништо, ни Влада, ни позиција, ни опозиција, ни Антикорупциска, ни правобранителство, но јас својата граѓанска обврска ќе ја исполнам и тоа ако треба со граѓанска непослушност, како сега со возилото кое е паркирано таму. Сметам дека секој граѓанин треба да почувствува горчина во себе и да ја извади таа горчина и таа грутка. Мислам дека тоа што се случува со кејот за секој граѓанин е тежина на душата. Јас таа тежина на душата ја ослободувам со моите постапки. уВо сите кампањи се вклучени и вашите медиуми како извршители. Нели е тоа злоупотреба на медиумите, да им наметнувате теми и да водат хајки од ваши лични интереси?
- Кои се тие лични интереси во овие работи. Зарем не се тоа теми еднакво важни за сите? Ако јас сум газда, не смеам да ги сметам тие теми за важни? Значи јас имам права и обврски како граѓанин, но одеднаш немам право да сторам нешто кога сметам дека нешто не е во ред или кога сметам дека нешто треба да се поддржи. Зарем медиумите беа злоупотребени кога го промовирав Мисирков или сега Блаже Конески? Точно, јас ги употребувам медиумите, но не ги злоупотребувам, и тоа ќе продолжам да го правам и тоа за многу позитивни работи. И натаму ќе ги користам за нешта за кои сметам дека се во ред, дека се во интерес на граѓаните на целата земја, затоа што мојот интерес е подобра држава - побогат народ, а во основа телевизијата е на сите граѓани.



Во една неодамнешна изјава за медиумите, меѓу другото, рековте дека се во прашање пари, какви пари, пари за вас?
- Зошто сите сметаат дека се работи за мене и за мои пари. Па не го држам тоа Министерство јас, туку Ѕинго, тој има земја, јас немам, тој има овци и насади, јас немам. Точно, се работи за пари, меѓутоа јас се борев за пари за земјоделците. А тој во кое својство ги гледа тие пари, не знам. Се покажува, и најверојатно ќе се докаже, дека мисли на злоупотреба, не само на употреба.



По вашиот настап лесно се извлекува заклучок дека сте провладино ориентиран. Чиј е Велија Рамковски?
Многумина се прашуваат дали сум со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ. Јас не сум ничиј. Од оваа позиција во која се наоѓам, одлично соработувам сега, а мислам и во иднина, со Никола Груевски, а ужасно лошо искуство имам со Бранко Црвенковски, кој е апсолмутна штета за државата, пред се за СДСМ. Со Црвенковски нема развивање демократија, нема развивање опозиција, а без опозиција не може да има квалитетна демократија. Со Груевски добро соработуваме, го прифаќа и го спроведува земјоделството, и партиски и државно, а сега со проектот за фабриките, на прагот сме на една вистинска стопанска реформа во услови на светската економска криза. Мислам дека Македонија влегува во многу позитивни води во однос на економската криза. Верувам во желбата, чесноста и определеноста на Груевски за спроведување на сите тие проекти.
 
^^
Ова интервју ќе си го читам секогаш кога ќе сакам доооолго да си се смеам :pos2::pos2:
 
po intervjuto so velija, na povidok e nov satelit koj ke se dvizi po veke poznatata orbita

i nema sto da se plasi od zingo, nitu pak zingo od nego
i dvajcata ke si kruzat po svoite orbiti, e sega problemot im e cija orbita ke bide poblisku do centarot na gravitacija

tokmu vo toa e i nivnata borba, bidejki merkur na primer podobro se gree otkolku neptun, od ednostavna pricina sto e poblisku do sonceto
 
На сите им е познато како функционира мозокот на Велија. Не е првпат да се обиде да изнуди нешто преку своите медиуми. Човекот кој должи милиони на градот за данок, човекот кој нема вратено милионски кредити, човекот кој должи стотици евра на печатници - штом се обиде некој да наплати нешто од него, прави медиумска хајка против него.

Ова со Ѕинго е поради тоа што не успеал да изнуди колаче од министерството за земјоделство, па ај ќе му се осветува, како по обичај. Како не му е срам бе на Велија за тоа глупите емисии за земјоделство на А1 да барал трошоците за новинарите да му ги покрива министерството?
 
Ги гледав вестиве на Сител во 16 и стварно више ја претераа.

Какво било Кратово какво Дебраште...АЛООО!,...дај не не замарајте сите тука со вашите караници.
 
Да ти се прис..е кога ги слушаш! Според речникот кој го користат тешко дека имаат прочитано по една книга (не повеќе)!:tv::drk:
 
Ги гледав вестиве на Сител во 16 и стварно више ја претераа.

Какво било Кратово какво Дебраште...АЛООО!,...дај не не замарајте сите тука со вашите караници.

Баш убаво му го спуштаат на Велија. Велија прв почна, а овие квалитетно го реметат. Конечно требаше некој да му врати на неговите медиумски игри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom