T
the Carpenter
Гостин
Работава е од дикелов да ми напрајш мотика
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
мислам дека тука добро би дошла една анкетаРоднини и пријатели на Ѕинго на позиции во Кратово
Во Кратово со децении владее претседателот на Социјалистичката партија, Љубисав Иванов - ЅингоБлиски и доверливи личности на клучни позиции. Ова е рецептот по кој со години компанијата „Силекс“ ги добива сите тендери во општина Кратово. Потврда е последниот случај со добивањето концесија за кратовскиот водовод на 30 години.![]()
Дел од советниците на општина Кратово веќе имаат испратено и барање до Антикорупциската комисија да го истражи формирањето на Тендерската комисија.
„Во законот стои дека Тендерската комисија ја формира градоначалникот и тоа не е спорно. Таму стои дека треба да има претседател, заменик претседател и најмалку пет члена. Комисијата тука брои само тројца членови“, изјави Душко Павловски, советник во општина Кратово.
„Тоа е Пешов Борис, раководител на секторот на општи и правни работи при локалната самоуправа, Анчов Цане, службеник во локалната самоуправа и Цекова Весна, раководител на Министерството за правда во Кратово“, додаде Павловски.
Павловски: Во законот за концесии е кажано кои не можат да бидат членови на тендерска комисијаПретседателот на Комисијата, Борис Пешов, е во тесна роднинска врска со Панче Мијалковски, вработен и акционер во „Силекс“. Цане Анчов, раководител во секторот за транспорт и врски во општината, чија што сопруга е на раководно место во „Силекс“, според советниците требаше да се изземат од Комисијата.![]()
„Според член 58 од законот за концесии и друго приватно партнерство, во став 2 е кажано кои не можат да бидат членови на тендерска комисија. Оттука, за овие членови што се избрани, постои конфликт на интереси. Овие двајца луѓе треба да се изземат од Тендерската комисија“
Во Кратово со децении владее претседателот на Социјалистичката партија, Љубисав Иванов - Ѕинго, но исто толку време главни во Кратово се неговите извршители, кои или се роднини или луѓе од партијата.
Од деведесеттите години наваму, се исти луѓе се советници и членови на тендерски комисии, тие ја уживаат сета моќ во Кратово и тоа јасно го манифестираат.
Случајот со тендерот за концесија за водоводот е само мал дел од теророт што го трпат кратовчани од Љубисав Иванов Ѕинго преку своите луѓе, велат советниците од другите партии.
извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101582
и следува
ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ДО ГУША ВО ДОЛГОВИ
ЛЕНЧЕ, ВЕЛИЈА И А1 СО ЗАКАНИ ДО МИНИСТЕРОТ СПАСЕНОСКИ
Катастрофалното искуство на Американскиот фонд за поддршка на медиумите со сопственикот на А1, ги затвори вратите на македонските телевизии за фондовите на оваа институција.
![]()
Десет години МДЛФ не соработува со македонските медиуми, а засега и нема сериозни најави дека може да се очекува воспоставување нормална комуникација. Неофицијално од американскиот фонд тврдат дека Македонија е ризично подрачје и за какво било кредитирање на медиумите неспорно влијание ќе има искуството со телевизијата на Рамковски.
МДЛФ е фонд за развој и поддршка на медиумите од Соединетите американски држави, кој има блиски релации и со државните институции. Во моментот работат со неколку медиуми од регионот, но нивните фондови се недостапни за македонските медиуми.
Адвокатката, Луиза Стаиќ, не прецизирајќи детали, денеска тврди дека Рамковски го исплатил целиот долг кон фондот врз основа на Спогодба од март во 2006-та. Сепак јавноста се уште нема официјална потврда, дали и кога тоа е направено.
Приказната на МДЛФ во Македонија почнува во 1997-та. Поранешната директорка на А1, Горадна Стошиќ, во координација со Фондацијата отворено општество му овозможуваат на сопственикот Велија Рамковски да добие наменски кредит за телевизиска опрема од 1,8 милиони долари. Но наместо за потребите на телевизијата, Рамковски партите ги троши за пилешки копани. Тука почнува и отворениот судир, кој трае 10 години, период во кој Рамковски ги користи сите можни варијанти за да не ги врати парите.
Американскиот фонд, покренува постапка и добива правосилна судска пресуда од њујоршкиот суд, кој бара Македонија да ја изврши пресудата, но процесот заглавува во македонските институции.
Во неколку наврати, тогаш Рамковски изјавуваше, дека тоа што тој должи е негова работа, а судот во Македонија немал право да се меша. Случајот добива и политички димензии, а подоцна влегува и во институциите на Европската унија. По серијата дописи од американската амбасада до македонските власти, на 8 март 2006-та, тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Милованивиќ, сосема отворено ќе изјави.
- Имавме блиска консултација со Владата за да се осигураме дека владеењето на правото е применето во случајот со пресудата против Велија Рамковски. Постапките на Рамковски му штетат на македонскиот имиџ во странство и праќаат негативни пораки за странските инвеститори. Односите меѓу двете држави се одлични, но случајот МДЛФ им пречи на тие односи, ќе изјави Миловановиќ.
Набргу потоа, под силен притисок, откако претходно надлежните државни институции ќе влезат во комплетна проверка на фирмите на Рамковски, на 17 март 2006-та, МДЛФ и Рамковски ќе потпишат спогодба за враќање на парите. Дел веднаш, а дел до јуни 2006-та.
извор: http://sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=9D5FF1CF9DB4064C8B7B62892CA5EE84
ова веќе се случува недела и повеќе
па што мислите за оваа медиумска војна помеѓу Ѕинго и Велија?
кој е во право?
и што се крие позади ова напаѓање?
мене лично ми е преку глава веќе од двајцата и од напаѓањава по вести
како да немаат други теми
More,da ne si go okrka covekot?Moze nekoj mu dal buvi,a sega ke eskivira.Ovie se premnogu jaki za nego!Ако приметувате, ВЕЛИЈА во моментов води војна со ТРИФУН, ЅИНГО и ШТЕРЈО.
Тоа значи некој го поддржува, не е тој будала да тргни во таква војна.
мислам дека тука добро би дошла една анкета
ovie na kraj makedonija ke ja podelat megu sebe![]()
Точно така си отцепи еден дел и направи мизерија се вракаме пред 500 години сега.Додека се препукуваат едеен мегу друг, едниот од нов си прави град како сопствен имотpa edniot veke si otcepi del od makedonija i toa uste od poodamna
двајцата се обвинуваат меѓусебно и тоа се се врти околу едно министерство за земјоделие![]()
Интересно.
Добро е кога има конкуренција на сите полиња,
А мое мислење е исто како ова:
Само брату не се тракторите во прашање туку е фотељата.