A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
ШТО МИСЛИТЕ ЗОШТО ВЕЛИЈА ПО ТОЛКУ ПЛУКАЊЕ СЕГА СО СИТЕ СИЛИ ГО БРАНИ БООМ ТВ И ГИ НАПАЃА КАБЛОВСКИТЕ,КОГА ГО ИМА И НА НИВ ???
ЗАТОА ШТО ИМА АКЦИИ ВО БООМ ТВ.
Еве ви прилог и од денес :tv:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120604
100% СИГУРНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПРВА РАКА
ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ Е ГАЗДА НА 51% АКЦИИ ВО БООМ ТВ ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА.

Е сега ќе видите што е монопол и оцрнување на Мах ТВ и Кабловските оператори
Се зружија џганот и олошот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120561

почнува Вељко напад
 
не оти поседува 51% туку затоа што ветарот почна од друга страна да дува...:toe:
 
И прееска ти пишав дека вадиш информации од ракав.како може да има 51 % од акциите кога боом е дел од ОНЕ ( телеком словенија).тоа значи дека велија платил 80 милиони евра ???( ако не се лажам 150 беше цената на космофон).
дека има нешто во целава работа има.ама дека купил акции е повеќе од смешно

не оти поседува 51% туку затоа што ветарот почна од друга страна да дува...:toe:

баш така.велија ти е како сончоглед.
 
па можда имаат договор со кој велија добива одредена сума пари и што повеќе корисници на бумтв толку подобро и за него, и нормално сега ќе гледа да ги оцрнува кабелските оператори, за да бегаат што повеќе корисници кај бумтв.
 
Стварно максимално безобразни испаднаа ОНЕ.

Уште на почеток меѓу првите земав пакет од БУМ, затоа што знам што значи дигитална телевизија. Заради нив откажав и кабловска и интернет а земав плус и фиксен телефон. Првенствено тоа го направив затоа што имам LCD со DVB-T тјунер но неможев да ги гледам каналите затоа што генијалциве наместо на MPEG2 отишле директно на MPEG4 кој што е неопходен само за HD TV, што значи во догледно време не им ни треба. Како и да е на телевизор со дигитален тјунер пак неможеш да ги следиш каналите ако немаш CAM модул кој се става во слот од телевизорот, а во кој што се вметнува Smart karticata за да ги декодира каналите. За тоа задоволство се опрчив додатни 100 евра. Таков модул кај нас се уште нема, па морав да го нарачувам од Хрватска.

Е сега прво мислев дека можам да земам само претплата без ресивер, но првиот бисер беше тоа што морав да земам ресивер иако не ми беше потребен. Добро, како и да е поминав некако преку тоа.

Така веќе 3 месеци си работеше се супер.

Од пред два дена на ТВ неможам повеќе да гледам ни еден канал.
До сега ако смарт картицата не ми беше во ТВ-то неможев да гледам, ако ја ставев се гледаа каналите, што значи дека успешно ги декодираше сите канали.
Да потенцирам зборувам за сите канали на БУМ а не само за македонските.
Сега не работи воопшто.

Се јавив да прашам што, како и зошто и нормално добив одговор како од дете од 10 години, но заклучок од тоа можев да извадам:
Направиле модификација на софтверот за нивната телевизија да работи само со нивна опрема, така да не е битно и да имаш и телевизор од 3000 евра со сите можни тракатанци ти пак ќе мораш пред тебе да го гледаш оној шугав бел ресивер и да ти нагрдува све и да ти се мотаат 10 далјинска на маса.

Веројатно ќе почнат да нудат и пакети со такви модули, но дали е во ред тоа да те обврзуваат да користиш нивна и само нивна опрема иако си законски редовен нивен претплатник.

Крајно безобразно, невкусно, нечовечно... незнам повеќе што зборови да употребам.

Од истите причини земав тв со двб-Т мпег4.Пошто имам и сателитска,мислев дека го решив недостатокот на квалитетни канали во догледно време.Меѓутоа не било така.Морав да земам и БУМ тв.Исто направив миграција од дуо лаит во трипл оне,значи тв,интернет 10гб,и фиксен телефон ,каде ги изгубив оние 200мин.гратис.Ок добив во замена кавалитетна тв,а и влегов во промотивниот пакет каде 6 месеци нема да плаќам тв.Така си мислев ама не било така.Прво јануарска сметка воопшто не дојде.Во сметката за февруари,каде ми побараа само 40 ден.за користење идентификатор(а немам идентификатор:pos2:),стои вака.Имате стар долг 983денари:uvo:Па нели требаше да биде 6 месеци по околу 600ден.,нели промоција,привлекување корисници итд итд .,а сега вака.Ги повикувам и другите корисници на трипл пакетот да ги кажат своите искуства во врска со ова.
 
провери си со нив што се случива, јас исто така имам трипл пакет и не добив никаква сметка со заостанат долг.све е регуларно
 
Јас сум корисник на BOOM TV и очајно чекам да ми ја активираат опцијата за снимање, али нешто не ми е јасно пошто сега читав за техничката поддршка што ја има овој уред.

Процесор и меморија

  • Процесор: STI5202 266 MHz 450 MIPS
  • RAM меморија: 128 MB
  • Флеш меморија : 16 MB
  • Eeprom емулиран во флеш

Тоа е се од меморијата, каде ке се архивираат датотеките? :toe:

Ке мора на секое снимање да имаме приклучено USB во портата? :toe:
 
Точно така. УСБ стиче, диск или слична надворешна меморија.
 
Ме интересира дали некој знае, како после периодот до Јуни 2010 за HBO каналите, истите ќе се наплаќаат? Веројатно ќе се наплаќаат екстра од пакетот...колку би чинело тоа?
 
HBO пакетот ке чини 299 денари со вклучен ДДВ
 
Ми пратија порака од ONE дека ке ги пуштат и А1 и А2,ако е ова вистина и така планирав да ставам БООМ сега и дефинитивно.
 
Ми пратија порака од ONE дека ке ги пуштат и А1 и А2,ако е ова вистина и така планирав да ставам БООМ сега и дефинитивно.

А1 и А2 се веќе пуштени од вчера.

Во сметката за февруари,каде ми побараа само 40 ден.за користење идентификатор(а немам идентификатор:pos2:),стои вака.Имате стар долг 983денари:uvo:Па нели требаше да биде 6 месеци по околу 600ден.,нели промоција,привлекување корисници итд итд .,а сега вака.Ги повикувам и другите корисници на трипл пакетот да ги кажат своите искуства во врска со ова.

И кај мене во сметката немаше никаков долг.
 
100% СИГУРНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПРВА РАКА
ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ Е ГАЗДА НА 51% АКЦИИ ВО БООМ ТВ ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА.

Е сега ќе видите што е монопол и оцрнување на Мах ТВ и Кабловските оператори
Се зружија џганот и олошот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120561

почнува Вељко напад

Не може велија да има 51%, не е логично, телеком словенија си има 51% од акциите. Велија можда му фрлиле сега некоја пара дека ги има а1 и а2 на боом тв, така да не збори сигурна информација од прва рака :D, зелени лупаш :vozbud:
 
А1 и А2 се веќе пуштени од вчера.

И кај мене во сметката немаше никаков долг.

Колкава беше сметката ѕа јануари,ако не е тајна.Еве да речеме се изгубила со тоа новогодишните честитки па не стигнала.затоа ја ставиле во февруарската као долг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom