- Член од
- 7 септември 2008
- Мислења
- 371
- Поени од реакции
- 109
Џабе ние овде може да пишуваме кога не сме моќни нешто да смениме, близоо е благо речено нула од кабловска телевизија, за тие пари што ги плакаме во другите земји од регионот се нудат кај кај подобри услуги. Едно време барем кажуваа кога ке исклучат канал сега само се исклучува и се ќути. Во таканаречената аналогна телевизија има околу 45 канали и се плаќа 450 денари а со обична антена мозе да се фатат 20 канали без тие 450 денари. Со дигиталната не е ништо подобро освен што ги има спорт клуб каналите и детски канали друго е исто така никаква понуда. Проблемот е дека немаат намера нешто ново да внесат мислам на некоја нова програма туку иде секогаш нивната фраза во корист на гледачите во преговори сме и во потрага на нови квалитетни канали кој никогаш нема да ги гледаме. Можеби телеком мк е нешто поквалитетен од останатите ама со нивните цени далеку се од тој квалитет што треба ние да го добиеме.