А1 Македонија

Што посебно има на тие Пинк канали, па толку сте се запнале за нив?
Шунт и турбо фолк, потпросечно интелигентни емисии за отупување... Турска серија е пообразовна од тамошните „емисии“...
А овие неколку профили ја не знам како досега не добија перманентен бан за спамирање со едни те исти постови во сите можни теми... :)
 
Со кој памет си обновил ?

Општо е познат фактот дека промотивните понуди доаѓаат на есен и во зима, особено пред Нова Година. Или ај со сила на пролет, ма да на пролет многу ретко нудат нешто добро, но дефинитивно никогаш не нудат ништо добро на лето.

Особено кога се випосаните во прашање, повеќе од очигледно е дека се подготвуваат за ребрендирање во А1 Телеком со оглед на фактот дека веќе се преселија во новата зграда во јуни 2018, а зградата сеуште дреме без логото на Вип, бидејќи повеќе од очигледно е дека директно ќе преминат кон поставување на логото на А1 Телеком, а тоа секако значи нови промотивни понуди и нови пакети.

Има најави за брзо ова ребрендирање или тешко?
 
Mojot dogovor istekuva ovoj mesec no ke pocekam do nova godina da vidam sto ke ponudat.
 
Има најави за брзо ова ребрендирање или тешко?

Ниту знам, ниту ме интересира.

Јас од моја страна веќе ги контактирав Неотел и ме известија дека во последната недела на ноември 2018 ќе имале некаква промоција, па очекувам да видам што ќе ми понудат.

Ако тргне според планираното, веќе во декември 2018 ќе ги баталам випосаните.

Требаше да ги баталам во јуни 2018 кога Неотел ми понуди одлична месечна претплата со попуст на Нео Трио 100 пакетот, но се двоумев бидејќи мислев дека можеби нема да ги обноват авторските права на Discovery каналите и на ЕуроСпорт каналите, кои им истекуваа на 31 октомври 2018, па наместо на Неотел, ќе се префрлев на Телекабел. Но еве дојде ноември 2018 и Неотел ги обновија авторските права за Discovery каналите и за ЕуроСпорт каналите заклучно со 31 октомври 2019, па така повеќе немам причини зошто да го одложувам префрлувањето кон Неотел.
 
Конечно.

Немора да пишуваш, знаеш за што зборам
 
Nema soodvetno kaj dase prodiskutira ova......

https://sdk.mk/index.php/makedonija...ezhen-operator-i-novi-provajderi-za-internet/

Ne znam dali e za pred kamera ili navistina za Nevozmozen vlez na 3ti Mno. ... ??

Ако ова е вистина, тогаш очигледно државата се подготвува да го зголеми својот удел на домашниот телекомуникациски пазар, не со основање на нова државна телекомуникациска компанија, туку со изградба на сопствена државна оптичка телекомуникациска мрежа, која ќе ја изнајмува на приватни телекомуникациски оператори.

Ова може дури и да дојде како олеснување за телекомуникациските - и фиксните и мобилните - оператори во Македонија, кои вака ќе треба само да и` плаќаат кирија на државата за користење на нејзината оптичка телекомуникациска мрежа преку која ќе ги нудат своите телекомуникациски услуги, наместо да мораат самостојно да инвестираат во раскопувања и пуштање на оптички телекомуникациски кабли.

Но ова може да биде и лоша вест, бидејќи ако државата стане главен дистрибутер на оптички телекомуникациски сигнал, тогаш ќе има услови и за ограничување на телекомуникацискиот сообраќај, како и на Интернет содржините кои ќе се емитуваат низ државната оптичка телекомуникациска мрежа.

Сепак ваквата инвестиција е` меч со две острици.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom