А П Е Л

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.182
Поени од реакции
1.352
А П Е Л


ДО СИТЕ МИРОЉУБИВИ, ДЕМОКРАТСКИ, ПРОГРЕСИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ ПОЕДИНЦИ И СИЛИ ВО СВЕТОТ



Иако е незамисливо за почетокот на Третиот милениум, во завршна фаза е сериозен обид за разнебитување на македонскиот народ и неговата држава;
- Огромен е меѓународниот притисок на кој е изложена Република Македонија да го смени своето уставно име со кое се гордее веќе 65 години. Државата го носи името според мнозинскиот македонски народ, а не по истоимениот регион. Тоа е папочната врска меѓу народот и името на државата, која не смее да се прекине. Во името на државата е содржан културно-историскиот идентитет на македонскиот народ;
- Суштината на спорот е што Грција одбива да прифати постоење на посебен македонски етнички идентитет и сe што е македонско кај нас. Преку името на државата, таа се обидува да го оспори националниот идентитет на народот, неговиот јазик, култура, традиција... Затоа, Атина упорно настојува да ни се даде име исклучиво со географска, а не со национална одредница. Така, ако нема македонска држава, нема ниту македонски народ. Ако тие не постојат, тогаш не може да се зборува ниту за македонско малцинство во Грција, кое таа не го признава и кое не ужива никакви права;
- Се обидуваат да нe уверат дека ќе ни го сменат името, ама не и идентитетот! Тврдат дека името нема врска со идентитетот. Што е тогаш идентитетот? Зошто се издаваат лични карти? Истото важи и за народите: ако ги промените имињата на Франција, Шпанија, Италија... тогаш официјално нема веќе да има Французи, Шпанци, Италијанци... Ако ја прекрстат нашата Република Македонија, Македонците ќе бидат избришани од листата на народите. Тие ќе останат без својот национален идентитет и историски континуитет;
- РМ не и го оспорува правото на Грција да го користи името „Македонија“, во согласност со меѓународните норми. Меѓутоа, Атина инсистира на ексклузивност, иако целата територија на Република Македонија е во истоимениот регион и единствена го користи тоа име официјално. (Делот од регионот Македонија, претставува 23% од вкупната грчка територија). Името на една држава не може да биде во колизија со истото име на регион во Грција;
- Ова е апел да се спречи геноцидот, кој на индиректен начин, во континуитет, се врши врз македонскиот народ. Македонската држава е уценета да прифати самоуништувачко решение. За таа цел, нелегално се блокираат нашите евроатлантски интегративни процеси, со што се доведува во прашање иднината на граѓаните на РМ. Со поставениот дополнителен услов за прием - промена на името, кој е надвор од Копенхашките критериуми, се игнорираат процедурите и основните демократски вредности на ЕУ, и се кршат универзалните права и принципи. Доколку се продолжи со блокирање на приемот на нашата земја во НАТО и ЕУ, директно ќе бидат доведени во прашање мирот и стабилноста и на Република Македонија, и на целиот регион. Бришењето на македонскиот народ и на неговата држава нема да може да помине без крв;
- Апелираме да го кренете вашиот глас за да се избегне најлошото. Помогнете да се дојде до разумен компромис, кој нема да ги доведе во прашање дигнитетот и националниот идентитет на еден народ;
- За да се постигне тоа, потребно е пред сe Грција да ја почитува Привремената спогодба, која ја потпиша со Република Македонија во 1995 година и е депонирана во ООН. Со неа, Грција се обврза дека нема да го спречува приемот на РМ во меѓународните организации, каде што таа е веќе членка, што значи дека се откажа и од првото на вето, кое го има во НАТО и ЕУ. Грубо прекршувајќи ја оваа своја меѓународна обврска, Атина веќе го спречи нашиот прием во НАТО и се заканува дека истото тоа ќе го стори и со нашето членство во ЕУ. Доколку Грција продолжи да ја игнорира Спогодбата, тоа значи прекинување на процесот на посредување и барање решение, кое би ја загрозило безбедноста на регионот. Како легалисти, помогнете го спроведувањето на Спогодбата, за да може, под патронат на ООН, интензивно да се бара трајно решение за разликата околу името;
- Не дозволувајте да се прекршат фундаментите на слободата и демократијата. Македонскиот народ не бара ништо што не е придобивка за сите народи и држави. Сакаме да бидеме тоа што сме, тоа што биле нашите татковци, дедовци, прадедовци... Сите тие се раѓале, живееле и умирале како Македонци. И кога немале своја држава, и кога биле поробени и непризнаени, Македонците секогаш зборувале на македонски мајчин јазик, пееле македонски песни... Се чувствувале Македонци. Зарем може некој од нас да бара да се откажеме од тоа што сме? Да не бидеме повеќе Македонци?
- Денес, македонскиот народ е пред присилно истребување. Сите што нема да го кренат гласот против оваа неправда, ќе ја сносат историската одговорност. Борбата за правда е глобална и во интерес на сите.
Не дозволувајте да се враќаме на почетокот од 20 век.
***

Апелот го потпишаа академици, јавни личности, писатели, културни дејци, професори, политичари, новинари, деловни луѓе, адвокати, дипломати...
Меѓу потпишаните се и: Димитар Мирчев, Јован Донев, Ферид Мухиќ, Блаже Ристовски, Ефтим Клетников, Горазд Росоклија, Игор Јанев, Васил Бабамов, Владо Петковски, Петре Наковски, Славко Манговски, Милан Аџиевски, Таки Џиков, Деан Сарчевски, Ристо Никовски, Трајан Петровски, Лазар Лазаров, Билјана Минчева, Душко Бојчев, Марија Зарезанкова - Потевска, Методија Тошевски, Стефан Тофовиќ, Панче Велков, 26 научни работници од Факултетот за физичка култура......
Скопје,
22 ноември 2009 година


aaa.jpg
Потпишаните формулари можат да се оставаат во книжарницата „Култура“ на плоштадот
„Македонија“ во Скопје, а подршката може да се изрази и на и-мејл:
info@appealformacedonia.org

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12491019104&id=9&prilog=0&setIzdanie=21854
 
Самите себе ќе си докажуваме дека сме Македонци ?

Битката мора да се добие надвор.
 
Interesno, отпочната процедура за македонизирање на македонците преку нивно себеизјаснување како такви....е после гејцине ни биле криви!

ЗА ДА ТЕ ЗНААТ И УЗНААТ ПРВИН ТРЕБА САМ ДА СЕ ЗНАЕШ И УЗНАЕШ!

А кај нас очебијно постои сомнеж, рајт?
 
Не се потпишувам на никаков апел ниту петиција бидејќи нема на кого и зошто да се докажувам јас дали сум МАКЕДОНЕЦ или не. Ни на нашиве политичари ниту пак на некои си европјани.
 
и шо е апелов ... да дојдеме до компромис да смениме име без да ни чепкале по идентитетот :tapp::tapp::tapp:
 
Нема што да апелираме, и да молиме. Кого молиме? Самите себеси?

Судбината е во наши раце, прекин на преговори и нова тужба во Хаг за нарушени државни права на Македонија во Хаг.
 
Ај не бидете сите очајни. Доколку сакате петиции и потписи дајте да го направиме на повисоко ниво. А не сите приватни фирми , претпријатија, организации самостојно си одлучувате и организирате протести (како оние на СМК), па сега формулари кои се продаваат по книжари и што ти јас знам.
Доста иронија!!!
Ние сме Македонци и сите знаеме дека не менуваме име за да бидеме дел од било која организација. ТОЧКА !
 
и шо е апелов ... да дојдеме до компромис да смениме име без да ни чепкале по идентитетот :tapp::tapp::tapp:

да си довршам мислата прееска немав време ...
пази текстот .. ок од почеток ... па кои се тие .. па притисок ... па сакаат да ни сменат име идентитет ... итн итн итн ... Ок ...

и после шо следи ?
- Апелираме да го кренете вашиот глас за да се избегне најлошото. Помогнете да се дојде до разумен компромис, кој нема да ги доведе во прашање дигнитетот и националниот идентитет на еден народ;
- За да се постигне тоа, потребно е пред сe Грција да ја почитува Привремената спогодба, која ја потпиша со Република Македонија во 1995 година и е депонирана во ООН. Со неа, Грција се обврза дека нема да го спречува приемот на РМ во меѓународните организации, каде што таа е веќе членка, што значи дека се откажа и од првото на вето, кое го има во НАТО и ЕУ. Грубо прекршувајќи ја оваа своја меѓународна обврска, Атина веќе го спречи нашиот прием во НАТО и се заканува дека истото тоа ќе го стори и со нашето членство во ЕУ. Доколку Грција продолжи да ја игнорира Спогодбата, тоа значи прекинување на процесот на посредување и барање решение, кое би ја загрозило безбедноста на регионот. Како легалисти, помогнете го спроведувањето на Спогодбата, за да може, под патронат на ООН, интензивно да се бара трајно решение за разликата околу името;

и после ова пак ... нашите предци се бореле, гинеле итн итн итн ....

а ова цитатов .. шо вика ... апелираме кренете го гласот да си го смениме името :tapp::tapp::tapp:

кој идиотизам :kesa:
 
ЗА ДА ТЕ ЗНААТ И УЗНААТ ПРВИН ТРЕБА САМ ДА СЕ ЗНАЕШ И УЗНАЕШ!

А кај нас очебијно постои сомнеж, рајт?

Dali? Dali ova ukazuva deka samite ne se znaeme koj sme i sto sme?

Ah Makedonijo, tesko i gorko so tebe, za tebe, no najtesko so tvoite neuznaeni ceda!!!!
 
АХ ЖРТВИ НА ПОПУЛИЗМОТ НАЧИСТО ТЕМЕЛНО НЕ ИЗЕДЕ, ПОПУЛИЗМОТ Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДАВНИК НИКОЈ ДРУГ НИ ПОЗИЦИЈАТА НИ ОПОЗИЦИЈАТА САМО ПОПУЛИЗМОТ А КОЈ ГО ПРИМЕНУВА ЦЕЛО ВРЕМЕ, КОЈ Е ТОЛКУ НЕМОЌЕН ДА СЕ СПРАВИ СО НЕГО КОЈ МУ ВЕРУВА КОЈ ГО ПОДРЖУВА....НИЕ САМО НИЕ И ПРЕРОДБЕНИЦИТЕ ЗОШТО ЛУЃЕТО КАЈ НАС СЕ ДЕЛАТ НА ПРЕОДБЕНИЦИ (ПОПУЛИСТИ) И „ПРЕДАВНИЦИ„........:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom