На истава тема имаме друга тема за струјомерите, таму има податоци, што е привидна, што активна а што реактивна моќност, ако сакаш може да погледнеш
http://forum.kajgana.com/threads/Струјомерите-како-функционираат.70569/
Се работи за наизменични струји
Кај наизменичните струји зборуваме за ефективен напон и ефективна струја Кај наизменичните струји и напонот и струјата се менуваат по синусоиди и во минус и во плус. И кај нив зборуваме за ефективни вредност на напонот и струјата кои ги одредуваме според работата која можат да ја извршат
Моќноста е производ од напонот и струјата. Ако се помножат ефективните вредности на напонот и струјата добиваме привидна моќност
Ако постои фазна разлика помеѓу напонот и струјата, тогаш производот од ефективните вредност на напонот и струјата е поголем од активната моќност ( моќноста која ја користиме) во зависност од големината на фазната разлика, која ја предстасвуваме со косинус фи, Разликата помеѓу привидната и активната моќност не можеме да ја искоростиме, поради фазната разлика на напонот и струјата и таа се враќа во мрежата. Таа представува реактивна моќност
Ете ова би било тоа без да користам било каква формула