Aктивна, реактивна, привидна и комплексна моќност.

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Студирам електроенергетски системи и малку ми е тешко да ја сфатам реактивната моќност... Барав на интернет ама наоѓам само некои километарски математички објаснувања кои тешко ги разбирам...
Може ли некој што разбира да објасни, ама убаво да ги ОБЈАСНИ, не само површно, сите видови на моќност? Фала.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Ова се учеше во прва година по електротехника за електротехничарите. Додуша книгата беше наменета за трета година, ја учевме во прва. Ако ја најдам, ќе ти скенирам нешто.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На истава тема имаме друга тема за струјомерите, таму има податоци, што е привидна, што активна а што реактивна моќност, ако сакаш може да погледнеш
http://forum.kajgana.com/threads/Струјомерите-како-функционираат.70569/
Се работи за наизменични струји
Кај наизменичните струји зборуваме за ефективен напон и ефективна струја Кај наизменичните струји и напонот и струјата се менуваат по синусоиди и во минус и во плус. И кај нив зборуваме за ефективни вредност на напонот и струјата кои ги одредуваме според работата која можат да ја извршат
Моќноста е производ од напонот и струјата. Ако се помножат ефективните вредности на напонот и струјата добиваме привидна моќност
Ако постои фазна разлика помеѓу напонот и струјата, тогаш производот од ефективните вредност на напонот и струјата е поголем од активната моќност ( моќноста која ја користиме) во зависност од големината на фазната разлика, која ја предстасвуваме со косинус фи, Разликата помеѓу привидната и активната моќност не можеме да ја искоростиме, поради фазната разлика на напонот и струјата и таа се враќа во мрежата. Таа представува реактивна моќност
Ете ова би било тоа без да користам било каква формула
 

Kajgana Shop

На врв Bottom