Што ако се појави подобра опција?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
[MKD напиша:
Scout]Според постот ги сфаќам твоите пожуди и потреби. Но,сепак размисли од овој агол:
- Што ако се деси двата столчиња да ги снема?
- Што ако на вториот си му само за забава?
- Што ако првиот сеуште ти значи а сеуште не си свесна околу тоа?
- Има уште многу WHAT IFs ама поентата е истата што ако не вреди?

Кажи ми како ќе успееш да се чувствуваш удобно , ако знаеш дека до пред два дена - месеца си се бакнувала со еден а веќе наредниот ден со друг? И на тој другиот му пружаш се она што си го имала со претходникот? Како би се чувствувал тој дечко со кој дотогаш си била во врска кога би дознал? А претходно сета дадена доверба / почит / разбирање каде исчезнув
leandra напиша:
На почеток подобра варијанта би било на два стола да поседиш,да се договориш со себе си што сакаш,па да се одлучиш со кој ќе останеш.Не е фер кон двете други особи,но најсебичната варијанта најмногу би помогнала за себе.
и подоле во постот подобро објаснето кој е тој почеток
leandra напиша:
На самиот почеток на флерт и отворени знаци за нешто повеќе се појавуваат размислувањата дали да ја раскинеш постоечката,а се фаќаш себе си како мислиш на новата особа.Не би почнала ништо повеќе со новиот додека не раскинам со стариот(бакнеж,итн),но не би ни раскинала,зошто би била збунета за двајцата.Ова е себично,но секогаш самиот си најважен и гледаш да си среќен,па додека не сватам што сакам ниту раскинувам,ниту почнувам нова врска:smir:

Темата е поставена во смисла што кога ќе се појави друга особа во мислите која ви е забавна,а имате веќе врска.Нигде не е спомнат контакт со новата особа(бакнеж,допир,состанок и сл)
[MKD Scout напиша:
Со твоето мислење се изиритирав и морав да пишам вака. ништо лично немам само се вклучувам во дискусија , а искрено ти посакувам да го смениш мислењето бидејки со тоа ми делуваш на Тинејџерка со недозреани мисли. Слично на брат ми што е во таков период сега...

Драг скаут,ова е само реалност која секој ја практикува,доколку врската не е она што треба,во спротивно не би ни се појавила трета личност.Ако се сите светци(:smir: ),при првиот поглед на друга (згодна убава,и сл.) особа,ќе ја раскинат постоечката врска.

едит
Да се разбереме подобро ќе поставам и пример
Ги читам твоите мислења и ми се допаѓаат,те уклучувам на мсн и разговараме два-три дена,во главата ми се појавуваш и ти,треба да му раскинам на дечкото според тебе вечерта кога ќе ми се појавиш во глава?
 
epa vaka ako sum vo stabilna vrska so godini togas nema da ja izberam podobrata opcija.Dokolku ne sum vo vakva vrska bi ja izbral podobrata opcija i ondak to
 
не зборам за на љубовно поле, ама многу пати за некои работи демек за поарно, бетер испаѓа...
 
Некако дадените ситуации не ми се совпаѓаат.... Да имам идилична врска и да почнам да се гледам со друг? Можам да излезам со друг на кафе, за муабет, за зезање и да заклучам дека муабетот ни оди .. ама да започнам врска со него?! Ако ми се допадни до тој степен, значи дека не сум го сакала партнерот.
Не сум човек што сака многу да ризикува .. не можам да се впуштам во авантура што би ме коштала длабока и убава врска за 1 ден со друг за некој за кој не сум сигурна што чувствувам. „Хемијата” меѓу мене и тој другиот би ја сметала како повод за дружење, исклучиво пријателско :)
Тоа е ако се` штима во врската со партнерот. Ако не ми е убаво со партнерот, ќе му раскинам без оглед дали има друг на повидок.
 
Како прва опција би се обидел да си ја задржам старата врска ако ми е добра и да не ризикувам со нова.Меѓутоа ако со текот на времето забележам дека работата не оди и дека се има изгубена хемијата тогаш би расчистил со старата и дури тогаш би пробал нешто со новата девојка.
 
Ако има вистинска љубов... нема подобра опција :wink:

И оние „хемии“ .. другарства .. што ти ја знам.. се само изговор..
Тие би се користеле (искачања, кафиња, пива, коњаци..) само кога нешто во врската би фалело.. :smir:
 
Нема да си дозволам да се појави таа опција, оти сум вистински заљубен. Дури и сега додека сум сингл не си дозволувам да ми се појави.
Во случај ако од ххх прчини се појави а имам девојка и мислам дека ке ми биде подобра врската и сето тоа ке избројам до 10 ке си ја удрам главата од ѕид и нема ништо да напраам со подобрата опција!

Сериозно! јас сум секогаш задоволен со тоа што го имам моментално, макар и да е минимално.
 
Sussaro напиша:
Во врска сте некое значително време и се оди нормално без некои поголеми потешкотии и проблеми освен некои нормални и ситни карактеристични за секоја врска. Случајно или намерно запознавате друга личност. При комуникацијата со таа личност откривате една или повеќе или сите од следниве работи: делите повеќе заеднички интереси, физички-сексуално ви е попривлечна, имате слични особини, комуникацијата ви се совпаѓа итн.... Почнува да се раѓа некој флерт, привлечност и отворени знаци. Под услов да не сте во некоја проблематична врска што би направиле? Дали ќе ја одберете втората личност незаејќи што би можела да донесе новава врска? Дали ќе останете на вашата стара врска што ви оди солидно? Или можеби ќе одберете да седите на две столчиња ризикувајќи ништо или се?

Па зависи... ако јас си го сакам партнерот тогаш нема шанси поради некоја друга личност, колку и да ми одговара, да уништам се' што сум имала и што ме правело среќна...а доколку по толку долго време врската ми стане монотона и не се осеќам целосно исполнета тогаш мислам дека би направила некоја екскурзија и би си ја испробала среќата со таа нова личност...да седам на две столчиња во никој случај!
 
викаат "фрли рипче, фати крапче". е сега ова зависи во каква врска сум. ако сум во некоја кратка, туку што почнала, би "ризикувал" можда со подобрата опција. но доколку сум во долга врска, многу тешко.
 
leandra напиша:
Драг скаут,ова е само реалност која секој ја практикува,
едит
Да се разбереме подобро ќе поставам и пример
Ги читам твоите мислења и ми се допаѓаат,те уклучувам на мсн и разговараме два-три дена,во главата ми се појавуваш и ти,треба да му раскинам на дечкото според тебе вечерта кога ќе ми се појавиш во глава?

За болдираното ..
Па среќен сум што можам да кажам дека сум исклучок од ова правило.. можеби нема да ми веруваш но , сепак тоа е моја одлука. Секој таков контакт и размислување за друг/а претставува неморално однесување кое може да биде кобно за една врска чие времетраење не претставува причина за дебатирање. Штом си влегол /ла во една врска значи дека имаш некаква обврска , не како она МОРАШ обврска туку ете..

А за примерот..
Ќе додадам.. А како воопшто ќе бидеш сигурна дека ете јас сум подобро решение? А и понатаму.. Како би била сигурна дека ги делиме на пример истите чувства? Јас кога би знаел дека ти си веќе во врска воопшто не би се наметнувал од проста култура и лични убедувања, настрана од моите чувства..

Што знам..можеби живеам во некој идеализиран свет..
 
За болдираното...доколку врската не е она што треба,во спротивно не би ни се појавила трета личност мислам овој дел го испушти:smir: (не викам дека секогаш мора да постои трета личност за крај на врска,има и многу други причини)
А за примерот...
Затоа и ќе се договорам со себе си што сакам во тој период,неможам да знам дека со тебе ќе ми биде подобро или полошо.Ќе се преиспитам колку го сакам дечкото,дали воопшто го сакам чим ми се плеткаш ти во глава...Сепак на крај краева одлуката што ќе направам со мојата врска е моја, и одговорноста ја преземам јас.Доколку сфатам дека сакам да бидам со тебе,ќе му раскинам на дечкото и ќе те повикам да излеземе(ако ме одбиеш,јеби га животот иде понатаму,важно нема да се залажувам со веќе бившиот дечко)ако прифатиш,ќе видиме дали стварно си одговараме или не.
 
Ако ми е добро во таа врска што ја имам, не верувам дека ќе барам нешто повеќе, а и не знам како да се осигурам ако продолжам кон подобро ќе биде така како што очекувам
 
За леандра :)
[/quote] едит
Да се разбереме подобро ќе поставам и пример
Ги читам твоите мислења и ми се допаѓаат,те уклучувам на мсн и разговараме два-три дена,во главата ми се појавуваш и ти,треба да му раскинам на дечкото според тебе вечерта кога ќе ми се појавиш во глава?[/quote]

Ништо лично не ме сфакај погрешно во контекст на темава...ме заинтригира колку тебе ти е потребно време?! да запознаеш една одредено особа..во конкретниов наведен твој случај два-три дена ?

И според тие 2-3 дена ти ке ја запознаеш личноста каква е што е па понатаму да продолжиш со него..нели као ТРЕТА ОПЦИЈА ?!:smir:
 
SCORPIO__20 напиша:
За леандра :)
едит
Да се разбереме подобро ќе поставам и пример
Ги читам твоите мислења и ми се допаѓаат,те уклучувам на мсн и разговараме два-три дена,во главата ми се појавуваш и ти,треба да му раскинам на дечкото според тебе вечерта кога ќе ми се појавиш во глава?

Ништо лично не ме сфакај погрешно во контекст на темава...ме заинтригира колку тебе ти е потребно време?! да запознаеш една одредено особа..во конкретниов наведен твој случај два-три дена ?

И според тие 2-3 дена ти ке ја запознаеш личноста каква е што е па понатаму да продолжиш со него..нели као ТРЕТА ОПЦИЈА ?!:smir:

Во конкретниов случај примерот започнува со (болдирано) значи поминало некое време,а најинтересниот дел е тие два-три дена муабет лично помеѓу нас.Неможам да знам каков е,но знам дека ми е интересен и забавен(плус ако и физички ме привлече) се појавува како трета опција.
Никој никогаш неможеш целосно да го запознаеш,знаеш некогаш и од самиот себе си да се изненадиш:smir:

Надвор од примеров...Додека сакам некого не вклучувам трета опција.Кога сакам со некого да бидам,сакам да го запознаам додека е со мене,не му вадам досие пред време,ниту снимки:smir: доволно е да ме привлече со нешто и да почнам со него,ако не ми одговара понатаму ќе раскинам и така.
 
Ако се појави подобра опција, значи дека моменталната опција не била како што треба, и всушност, цело време сме биле, можеби и потсвесно, во потрага по нова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom