Што ако се појави подобра опција?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално би рекла дека е подобро да ризикувам....но!
Мислам дека не, ако врската во која сум ми нуди се што треба и оди на вистинскиот пат зошто воопшто би доаѓала до нешто повеќе во комуникација со друга личност.
И + ако сум во долга врска можеби тоа е поради фактот дека ја сакам личноста со која сум, е тогаш веќе, нема трети персони.
Така да, не би ја оставила личноста со која сум, за некоја нова.
 
Јас мислам дека на сите ни е јасно прашањето кога доаѓа трета особа(чувства кон неа)?!Постоечката врска не е како што треба,во друг случај не би ни се појавила друга особа.Кога веќе мислите се фокусираат на новата,поинтересна особа во моментот,се појавува прашањето дали да се ризикува она што веќе го познаваш и добро ти е со него или ќе налеташ на поубаво/полошо.На почеток подобра варијанта би било на два стола да поседиш,да се договориш со себе си што сакаш,па да се одлучиш со кој ќе останеш.Не е фер кон двете други особи,но најсебичната варијанта најмногу би помогнала за себе.
 
Под претпоставка дека врската ми е сосема во ред, многу тешко дека ќе ми се развијат посилни чувства кон некоја особа, колку и да ми е интересна и да се осеќам добро со истата. Во врска ме држи љубовта, и штом сум со некоја личност, тоа е затоа што со неа се осеќам подобро отколку со било кој друг.
Отсекогаш сум знаела да разграничам пријателство од љубов, и кога личност од машкиот пол ми е пријатна во комуникацијата останувам пријател со неа, и тоа не ми ги менува чувствата кон партнерот. Едноставно имам место во срцето само за еден. Останатите можат да ми бидат само другари, исто како што некое женско би ми било другарка.
Е сега доколку чувствата кон другиот ми се премногу интензивни, и ги слабеат моите чувства кон партнерот, тогаш ќе ја прекинам врската и ќе се обидам да бидам со оној другиот. И тоа само затоа што не сакам да се лажам себе си и партнерот, и да одржувам врска со еден, а да мислам на друг. Тоа ми е нефер, и не би ме оставило спокојна. Затоа што од врската барам љубов, а не некоја извитоперена сигурност и млаки емоции.
 
leandra напиша:
Јас мислам дека на сите ни е јасно прашањето кога доаѓа трета особа(чувства кон неа)?!Постоечката врска не е како што треба,во друг случај не би ни се појавила друга особа.Кога веќе мислите се фокусираат на новата,поинтересна особа во моментот,се појавува прашањето дали да се ризикува она што веќе го познаваш и добро ти е со него или ќе налеташ на поубаво/полошо.На почеток подобра варијанта би било на два стола да поседиш,да се договориш со себе си што сакаш,па да се одлучиш со кој ќе останеш.Не е фер кон двете други особи,но најсебичната варијанта најмногу би помогнала за себе.

Не верувам баш ... веднаш би пробала да помислам како би ми било партнерот тоа мене да ми го прави ... би ме заболело и од самата помисла, затоа не би била себична на тој начин, без оглед колку би ми била тешка одлуката.
Ден два мислиш, на страна од двајцата, ги ставаш на вага, мериш, собираш, делиш и веднаш сечиш ... еднаш се живее, нема потреба од две столчиња никогаш.:toe: :smir:
 
На самиот почеток на флерт и отворени знаци за нешто повеќе се појавуваат размислувањата дали да ја раскинеш постоечката,а се фаќаш себе си како мислиш на новата особа.Не би почнала ништо повеќе со новиот додека не раскинам со стариот(бакнеж,итн),но не би ни раскинала,зошто би била збунета за двајцата.Ова е себично,но секогаш самиот си најважен и гледаш да си среќен,па додека не сватам што сакам ниту раскинувам,ниту почнувам нова врска:smir:
 
а се запрашувате дали таа трета личност има некоја маска на себе и ви пристапува со одредена намера..
дали тоа запознавање има одредена цел и дали тој / таа во тие моменти е толку компатибилен со сите ваши сфакања и ставови и мислења ?
од горе прочитаните постови никој не го разгледал на ова прашање
односно во едниот случај останувате со партнерот и ја негувате љубовта
а во другиот случај сите трчате ко кучиња за ново видената опција или подоброто парче торта..кое на почетокот е со убав лик у благ вкус НО можеби со време ке го изгуби својот вкус благ и што понатаму ??
па после ке лупаме глава во зид ЛЕЛЕ како можев да изгубам едно нешто за да добијам друго...Најубав пример за тоа се случувањата на еден пар од форумов заљубени до смрт па се случија 300 *омнарии од нивна страна...
Јас лично дефинитивно не би ја одбрал подобрата опција ма колку и нека е совршена без разлика дали врската ми е добра или лоша..бидејки доверба преку нок нигде не се стекнува а ако врската веке ми е во криза ке се обидам и потрудам да ја оправам а не да гледам да ја избегнам таа обврска, и залудно да го фрлам времето во неповрат заради XXX персона која штотуку сум ја запознал и ке треба да ја запознавааааааааМ.
 
Imav takva situacija,rizikuvav i dobiv mnogu poveke od toa sto go imav!pozz..
 
а се запрашувате дали таа трета личност има некоја маска на себе и ви пристапува со одредена намера..
дали тоа запознавање има одредена цел и дали тој / таа во тие моменти е толку компатибилен со сите ваши сфакања и ставови и мислења ?
од горе прочитаните постови никој не го разгледал на ова прашање
односно во едниот случај останувате со партнерот и ја негувате љубовта
а во другиот случај сите трчате ко кучиња за ново видената опција или подоброто парче торта..кое на почетокот е со убав лик у благ вкус НО можеби со време ке го изгуби својот вкус благ и што понатаму ??
Знаеш како, со тек на време секој може да го изгуби тој благ вкус кој го имал на почеток. А тоа што никој не разврза до толку, не значи и дека не би размислил. Многу јасно дека никој не би оставил врска, па макар и лоша за некој нов познаник ... поминува време додека го запознаеш и сфатиш дека имаш нешто што те зближува со него, па дури тогаш размислуваш што понатаму. Секако, ако се мисли со ладна глава и подетално, тешко дека некој може да те излаже до тој степен да влезеш во врска со него.

па после ке лупаме глава во зид ЛЕЛЕ како можев да изгубам едно нешто за да добијам друго...Најубав пример за тоа се случувањата на еден пар од форумов заљубени до смрт па се случија 300 *омнарии од нивна страна...

Тоа се случува и кога не се појавува третата личност додека си со партнерот ... стандард ситуација кога се донесуваат погрешни одлуки, ако не па.
 
Imashe edna misla: Ako stoish a imash moznost da sednesh togash sedni! A ako sedish a imash moznost da legnesh togash legni! Mislam deka e od -Stalin(sigurno e nekoj rusin, ama ne se sekavam koj)
 
leandra напиша:
На почеток подобра варијанта би било на два стола да поседиш,да се договориш со себе си што сакаш,па да се одлучиш со кој ќе останеш.Не е фер кон двете други особи,но најсебичната варијанта најмногу би помогнала за себе.

Најмалку што сакам од овој пост да помислам дека си себична и нехумана личност..
Според постот ги сфаќам твоите пожуди и потреби. Но,сепак размисли од овој агол:
- Што ако се деси двата столчиња да ги снема?
- Што ако на вториот си му само за забава?
- Што ако првиот сеуште ти значи а сеуште не си свесна околу тоа?
- Има уште многу WHAT IFs ама поентата е истата што ако не вреди?

Кажи ми како ќе успееш да се чувствуваш удобно , ако знаеш дека до пред два дена - месеца си се бакнувала со еден а веќе наредниот ден со друг? И на тој другиот му пружаш се она што си го имала со претходникот? Како би се чувствувал тој дечко со кој дотогаш си била во врска кога би дознал? А претходно сета дадена доверба / почит / разбирање каде исчезнува?

Со твоето мислење се изиритирав и морав да пишам вака. ништо лично немам само се вклучувам во дискусија , а искрено ти посакувам да го смениш мислењето бидејки со тоа ми делуваш на Тинејџерка со недозреани мисли. Слично на брат ми што е во таков период сега...

Со почит
 
леандра кога твоето момче запознава трета особа и на одредено време те става тебе и неа на 2 столчина и тој ги држи конците во своја рака како ти ке реагираш на тоа кога ке ја дознаеш таа вистина дека тој ТЕ оставил ради таа ???????? или да почнеме наеднаш во врската да ги гледаме својте интереси ? па да си помогнеме себе кај ни се ди*а повеке или вл**ни таму да продолжиме.Молим ти се...сите знаеме дека играта на два стола е ризична и во малку ситуациии успешна
 
Imav jas vakov slucaj da imam decko a da se pojavi druga licnost sto ke mi vleze pod koza:)jas raskinav so deckoto a odevme poveke od pola godina megutoa onoj drugiot ne bese edninstvenata pricina da ja prekinam taa vrska bese monotono i dosadno ne bev do usi zalubena ama nemozam da kazam deka onoj drugiot nemase vlijanie vrz mene otkako raskinav se fativ so nego ama rizikuvav ne znaev dali ke mi bide poubavo ili ne megutoa do den denes ne zalam sto mu raskinav na togasniot decko bidejki rizikot m ise isplati i mnogu sum srekna i zalubena vo deckoto i se nadevam se ke ni bide ubavo i sega da se pojavi treta licnost ne bi go menjala pa znaci da rizikuvas treba da ima pricina ili vrskata ne e kako sto treba ili si labilna licnost.Vo mojot slucaj ne odese kako sto treba so toj decko:)
 
Хм...па мислам дека не би ризикувала супер врска, за нешто кое што може да биде обична страст или некаква поврзаност.Што кога ќе се изгуби страста кон таа личност, што после? Да жалам зошто сум отишла со другиот?
Не,не,не...јас сум играч што игра на сигурно.
 
Што ако се појави подобра опција?

Секое нормално човечко суштество се стреми да ја избере подобрата опција за самиот себеси се со цел да е задоволен во нештата, така да според логичното размислување без двоумење решението би било да се одбере подобрата опција.

a) Old car
b) New car

a) Big penis
b) Small penis

a) Small <tits>
b) Big <tits>

a) Длабок џеб
b) Плиток џеб


No risk, no reward.
 
Нема да превземам ништо конкретно, ќе оставам времето да си покаже. Навидум многу луѓе изгледаат подобро од она што се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom