Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.242
- Поени од реакции
- 26.431
Во врска сте некое значително време и се оди нормално без некои поголеми потешкотии и проблеми освен некои нормални и ситни карактеристични за секоја врска. Случајно или намерно запознавате друга личност. При комуникацијата со таа личност откривате една или повеќе или сите од следниве работи: делите повеќе заеднички интереси, физички-сексуално ви е попривлечна, имате слични особини, комуникацијата ви се совпаѓа итн.... Почнува да се раѓа некој флерт, привлечност и отворени знаци. Под услов да не сте во некоја проблематична врска што би направиле? Дали ќе ја одберете втората личност незаејќи што би можела да донесе новава врска? Дали ќе останете на вашата стара врска што ви оди солидно? Или можеби ќе одберете да седите на две столчиња ризикувајќи ништо или се?