...порано немаше шанса редовни факултети да можеш да ги комбинираш со работа, дали од недостаток на време дали од неможност за вонредно студирање, ама денес е поинаква ситуацијата, можам да ти дадам примери за луѓе кои завршиле редовно факултет, а биле во моментот во работен однос...
...денес не само кај нас туку и надвор општо индивидуата ја ценат повеќе и ја гледаат со поинакви очи доколку има завршено високо образование, а тоа е важен фактор и за женачка и за пријатели, фактор дури и за пазарување ...итн
...особа која на стари години и текнало да заврши факултет и го завршува, блиските, комшиите, пријателите го гледаат со понакви очи, кон него се однесуваат со респект, а особата си е иста по карактер и пред и после факултетот, ама го смени начинот како другите го гледаат!
... ете и женските ако дечкото има факултет без разлика од која бранша, поинаку се однесува доколку има само средно образование, а и во бракот е исто, ако имаш само средно образование жената на глава ќе ти се качи, ама со високо образование ете ќе има поинаков однос...
...од сево ова кажано заклучок, а и мој совет е ниту едното, ниту другото ...туку двете одеднаш... младоста ќе биде катализатор да ги издржиш предизвиците, ем ќе работаш искуство пракса и обезбеден финасиски стимул со кој дел од тој стимул ќе трошиш за свои потреби ќе станеш независен, а дел ќе пренасочиш во плаќање на полагање на испити на факс!

п.с.
... и високото образование веќе не е тоа што беше порано сакаш според критериумот, квалитет на професорски кадар, како и раштрканоста на истите по провинциите, така да на лесен и брз начин имаме генерација дипломци малтене преку ноќ, а и изборот на кои Универзитети е голем лоцирани во Охрид, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, па и тие во Скопје ќе ти го овозможат тоа многу лесно!
и како стимул појди од факт дека денес средното образование е задолжително, ТИ ќе останеш само со задолжителното? толку си „смотан“
