Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Прекини, не можам повеќе... Крај... Готово е меѓу нас...-и одеднаш пукање на пиштол одекнува во моите уши...Откако ги отворив очите се беше чудно... Само до пред неколку минути седевме заедно гушнати на софата, и гледавме телевизија... А сега... Неа ја немаше... Длабоко во срцето почувствував студ... Зар го направив она што мислам дека го направив?! Зар завршив еден живот, притоа не чувствувајќи никаква болка. Се’ се измени во тие неколку минути... Сега дури и станот беше чуден. Балконската врата која во лето секогаш беше отворена, овој пат беше затворена. Перничињата од троседот беа ставени сите на една страна...Нешто што таа од секогаш го мразеше...Но сфатив...Таа повеќе не беше тука.Сигурно сум го направил сето тоа за да прикријам што се случило, само што не се сеќавам што и како точно сум направил...Несвојствено за овој период од годината...Среде јули силен дожд почна да удира по балконската натстрешница, а молњи го осветлуваа целото небо...Што се случуваше?! Од каде одеднаш такво невреме...Па предмалку гледав временска прогноза, каде кажаа дека температурите ќе бидат во благ пораст...
Нешто чудно се случуваше...Знаев дека нешто не е како што треба да биде. Застанав близу прозорецот, и тивко гледав во спротивната зграда...Луѓето си седеа на нивните балкони со очила за сонце, со летни папучи и блузи со кратки ракави...Се повеќе се запрашував што по ѓаволите се случува...
Одеднаш, тап мирис на темјан, и гласови кои наликуваа на тивко плачење. Никако не можев да откријам од каде доаѓаат сите овие чудни извици и тој мирис кој од секогаш го мразев. Замижав мислејќи дека сето тоа набрзо ќе помине...Но ништо не се смени.Се што се случи беше само појачување на болниот плач, кој како остар нож ми ја сечеше душата.претчувствував дека нешто не е во ред.
Ги отворив очите. Околу мене многу луѓе. Како темни силуети сите облечени во црно седеа околу троседот... Се доближив да видам што се случува. Никој не ми рее ништо...
И како што молњите маваа наоколу, така мене ме удри една слика. Тоа бев јас. Лежев мртов на троседот. Од никаде, сега таа беше тука. Стоеше на страна и плачеше...
Зарем јас бев оној кој го загуби животот?!Зарем тоа беше она која го испука смртоносниот куршум?Зарем таа ја имаше преуредено собата, за се’ да изгледа како да не е виновна?Зар имаше душа да го намести моето самоубиство, за само да добие слобода, која ќе и ја дадев доколку само ја побараше?!
Се доближив до неа, и се што приметив беа лажни солзи, и една бледа насмевка која претставуваше иронија и задоволство за мојата смрт.
Која беше мојата казна за довербата која ја имав во неа? Останав вечно заробен во истата соба каде таа го заврши мојот живот. Но тоа не беше се’... Ја имав и среќата да дочекам за помалку од една недела, таа да го досели нејзиниот нов љубн во станот кој го купивме заедно, и во кој планиравме да живееме додека смртта не не’ раздели...
И конечно сфатив...Смртта не’ раздели...Само што не дојде по мене, тука таа ја повика, таа ја донесе...Се’ што ми остана беа само горчливите солзи кои ги пролевав секој пат кога ќе ја видев неа со насмевка на лицето додека милува друг, и додека полека ги брише сите спомени останати од мене....
 
Илузија

Се гушам,се гушам во маската која ја носам.
Не можам повеќе,барем не во костуми и маски,доста беше...доста беше да бидам се што ти сакаш ...
Јас не можам ти реков дека цело време глумам,дека сум само слика во мозокот кој ти ја имаш создадено а јас очајно се обидувам да ја достигнам.
Јас не сум мила,слатка и питома девојка,ти кажав јас не сум таква,ти кажав јас сум дивјак а ти не сакаш да чуеш.Да не беше стравот и потребата за некој во мојот живот мене одамна ќе ме немаше...
Жал ми е што ова денес мораш да го дознаеш,жал ми е што се осеќаш преварено но ти самиот ја наметна сева оваа маскарада,ти не сакаш девојка ти бараш некоја ....која јас не можам да бидам.Можеш слободно да побараш од мене мојот живот,тој не ми е скапоцен колку слободата.
Можеш слободно да ја бараш мојата крв ама да бидам нешто што не сум немој тоа исто како да ставаш трн во окото на див ѕвер.
Извини ако со задоволување на мојата потреба да бидам слободна те ратргнав тебе ,но знај ти не си едниствениот,јас сум повеќе растргната од тебе и крварам,ама посилен е нагонот.
Нагонот да бидам слободна .
Јас бев цело време илузија која ти сам си ја создаде во својата глава.
Извини и збогум.....
 
Не престануваше да зјапа дур немилосрдно голтав од бананата.
- И кога јадеш го имаш истиот курвински поглед.
- Не си се испукал одамна Драги?
- Сон не ми даваш.
- Себе не си давам сон,не пак тебе.
- Како колегата?
- Кој колега?
- Дечко ти.
- Љубоморни?
- Лето 2003,мене прв ми кажа.
- Бев уште незрела,едвај 17. Глупача. Нема никаков колега.
- Муцката ќе му ја скршам кога ќе го видам.
- Побогу,сам бараше по секоја цена да ме нема до твојот бескрупулозен дух.
- Сеуште те замислувам во моја кошула.
- Не носам веќе машки кошули Драги. Преминувам накај строго голо издание пред машка индивидуа.
- Провоцираш?
- Ескивирам разговор.
- Има уште?
- Секогаш имало.
- И кога бев јас?
- Мил,ти никогаш не беше.
- Ми кажуваше дека ме сакаш.
- Најлесната работа на светот. Секому велам "Те сакам".
- Проклета ти. Ми трепери телово за тебе.
- Ти беше оној кој лесно смируваше страсти.
- Со кој си?
- Со сите.
- Ме возиш?
- Те возам,како што и ти знаеше убаво и лесно да го правиш тоа.
- Го правев со задоволство. Под свето сонце,крај бистра вода. Ми матиш ум.
- Доволно е.
- Враќаш?
- Простувам.
- Го сакаш?
- Важно е?
- Сакам да слушнам лага.
- Ве сакам сите. Себе најмногу.
- Ах,таа убава глава.
- Што ја ебеше у здрав мозок.
- Немој.
- Престани! Го сакам,да. Толку дрско,болно и вознемирувачки. Го колнам денот и очиве мои. А најмногу она што ти го нарекуваш убава глава. Ми спие животот. Болна сум Драги. Умирам. Затнете ги еднаш муцките!
- Те љубам.
- Никој..никој не знаеше да ме љуби како ќерката на смртта. Пушти ме да одживеам.
- Те љубам.
- Крвта твоја тече за мене,знам,но не колнев така.
- Ќе умрам со тебе.
- Ти веќе си мртов.
- Ти ми даде крај.
- Јас ти родив живот,ти го почина.
- Дај да се напијам од твоите усни.
- Ти ги зачна,не можам кон својот извор.
- ...Боли?
- Како разделба од своето чедо,Мил мој.
- Не сега кога те најдов.
- Одамна ме изгуби.
- Зошто си дозволив?
- Не знаеше.
- Што?
- Дека животот не е вечен.
- Знам,го знам тоа.
- Го отфрли,сега гони ја самотијата.
- ..Те љубам.
- Носам твое дете,биди мирен. Ќе те љуби без мајка. Ќе го љубиш без жена.
- Замолчи.
- Молчам. Пред горката вистина и боговите молчат...
 
Уште еден февруари. Уште еден болен период. Уште едно навраќање на спомените на кои не сакам да се сеќавам. Уште една агонија, солзи и празни насмевки пред луѓето кои мислат дека сум совршено среќна. Уште еден февруари каде ќе пропаднам внатрешно и каде дел од мојата душа ќе се крши на малечки парчиња, како кога стаклена чаша ќе падне на подот и ќе се искрши на милион мали парчиња.
Не можам да го преспијам, не можам да избегам од него... Не можам ни да се борам против 28 дена. Залудно е. Сепак јас не сум Дон Кихот. Ниту пак сакам да водам битки кои се однапред загубени. Но, се надевам, искрено се надевам, дека барем ќе излезам победник и нема да им дозволам на спомените и болката да ме дотолчат.
Минатат година успеав. Ранета, тешко ранета, но успеав како Феникс да се родам повторно од сопствената пепел и успеав да ја победам болката и покрај сите тие исплакани солзи на мојата перница и покрај целата болка која ја осеќав во моите гради.
Би сакала да избегам некаде далеку, каде што нема да ме најде никој, на место каде ќе можам сама да се соочам со болката, сеќавањата, психичките лузни...
Никогаш никого и ништо не сум мразела. Извини февруари, ама ти си исклучок од тоа правило. Извини, ништо лично. Едноставно така се завртеле коцките. Така се поклопила сложувалката.
Овие 28 дена, ќе се склопчам, ќе се затворам во мојот оклоп. Невидлив додуша, ама кога ќе се затворам, ништо не може да допре до него. Ниедно чувство, ниедна емоција. Можеби и така е најдобро, можеби и за здравје на моето срце, најубаво е да избегам од секоја можна емоција. Како инаку би се заштитила од тоа што е неизбежно и од тоа што следува.
Велат дека мизеријата обожава друштво. Овој февруари нема да има потреба да стравува, бидејќи јас сигурно ќе бидам нејзин придружник.
Немите повици за излез...ќе бидат тука...тие постојано се присутни. Само што никогаш досега немало доволно храбар, кој додека и правам друштво на мизеријата , ја држи мојата рака. Не ни очекувам.
Слаба сум, не физички. Физички, далеку од слаба, далеку од убава, далеку од се што е идеално. Слаба сум, психички, емотивно. Премногу сум слаба за да можам да избегам од целово прогонство на февруари.
Никогаш никој нема да сфати која е мојата поврзаност со „слаткиот“ февруари. Никогаш никој нема да ја сфати таа цела моја болка, ниту причините за нејзиното настанување.
А и не е тоа поентата...

Ама еден ден, еден убав сончев ден...верувам...искрено верувам дека мизеријата нема да го има моето друштво во февруари.
Сепак, да бидам реална, тој ден....е далеку. Толку далеку, што дури ни во мојата имагинација не можам да го замислам, ниту да претпоставам како ќе изгледа.
 
Hello/Hell Low/How Low

Збогум убавице
Ќе ми недостасуваат соновите со тебе
Нежните гротескни допири
Сините рози
Црните прози

Сите мигови во магливото огледало
Малите грчеви што ги имав мирисајќи го твојот парфем
Секој момент кој што беше посветен за мене и само за мене

Благодарам што до сега со својата светлина успеа да продреш во мојот мрачен тунел и да ми дадеш некаква светлина/насока...затоа што во мојов мрак само талкам како слеп човек.

Но јас веќе одлучив да се вратам на курвите, дрогата, јас повторно решив да бидам лош...прости ми но во тоа сум најдобар. Како што Курт рече, јас сум најдобар во тоа што го правам најлошо...не ни сонував дека еден ден навистина ќе сватам што сакал да каже (ете една добра работа излезе од ова).
Можам да колнам многу луѓе, но во овој момент само Кристофер Колумбо ќе го проколнам што ја открил Америка...и ме огорчи.

Јас сум себичен, не сакам да бидеш среќна со друг, не постои друг-постојам само јас.

Ај да не продлжувам да бидам морбидно мизерен, доста е веќе !

Чаоссссекс
 
Со часови седеше во вецето со придружба на неговиот најдобар пријател , ножот. Се обидуваше да ги откорне чудните коски кој му излегуваа од грбот. Не успеваше, немаше храброст, само седеше и плачеше.
Неговите родители не знаеа што се случува со него , а не ги ни интересираше.
Неговиот татко беше пијаница , секојпат кога ќе се вратеше дома пијан , бројот на шишињата кој ги испил се познаваше по бројот на трагите кој ги оставаше на неговиот син .
Мајка му пак никогаш не беше дома , вечно беше на работа. За него исто како и двајцата да беа мртви.

Училиштето е институцијата во која го доживуваше вистинскиот пекол .
Поради тие 2 симетрични коски кој му излегуваа од грбот тој беше неспособен да го носи ранецот на грбот , поради тоа секогаш доаѓаше со ранецот во рака. Уште на самиот влез беше пречекуван со топол поздрав „Кај си бе Изрод ? “.
Целиот живот му мина во исмејување , дури и од луѓето кој навистина не го познаваа. Имаше само една личност во неговиот живот која го правеше среќен . Таа секогаш седеше покрај него и го тешеше кога му беше најтешко , го тешеше целиот живот. Таа го сакаше повеќе од сите останати , повеќе од самата себеси што се сакаше . И тој неа, меѓутоа никогаш не си признаа , секогаш со страв дека ќе си го нарушат пријателството, но не и денес. Денеска тој реши да ја праша дали сака да бидат нешто повеќе од пријатели. Исидора беше нејзиното име.Таа имаше црна коса која што трепереше и на најслабиот ветер, црни очи кој го фиксираа погледот на нејзиниот соговорник и перфектно симетрични усни.
-„Здраво Архангел, како си ?“ го запраша таа со насмевка
-„Еве Иси , како и секогаш , знаеш. Ти ? Добра ?“ ја праша тој со темен поглед .
-„Па онака. Слобоен си после часови ? Сакам да зборим нешто..“ го праша она со треперлив глас.
-„Да , и јас сакав да зборувам со тебе.“ кажа он самоуверено.

Звонеше звончето и тргнаа кон своите училни.
После училиштето се најдоа на нивното место , позади фискултурната сала.
-„И кажи , што сакаше да зборуваме ти ?“ праша она , додека на нејзиното лице неможеше да се примети дали е среќна или тажна .
-„Ајде , ти почни прва.Ти ме повика пред се.“ изговори Архангел надевајќи се дека и она го мисли истото што и тој.
-„Па .. незнам како да ти кажам..“ наеднаш потече солза на нејзиното лице. „Моите родители имаа сообраќајна несреќа вчера вечерта .. И двајцата починаа... Јас од утре ќе морам да живеам со баба ми и дедо ми. Во Романија.“ кажа таа додека течеа солзи по нејзиното лице.
-„Молам..Ка..Што се...“ промрори Архангел збунето
-„Не се грижи , ќе се гледаме преку летото“ му кажа таа со плачлив глас
-„Неможам...Не ми се... “ проморе тој и започна да се оддалечува чекор по чекор.. „Сакав да ти кажам дека те сакам“ изговори тој , и започна да трча !
Трчаше во непознат правец . Не запираше иако неговото срце ќе пукнеше од замор, иако неговите нозе веќе одамна помодреа. Наеднаш се најде на сред улица , се сврти кон десната страна..
Се слушнаа звуци од кочење на автомобил.

Ги отвори очите и виде бело светло , мислејќи дека се наоѓа во рајот.
Докторот седеше до него и зачудено го гледаше Архангел .
-„Дете , си имало среќа. Те удри кола а ти немаш нити една модринка. Со таков удар каков што си преживеал тоа е вистинско чудо. До сега требаше да бидеш кај Св.Петар“.
-„Ја немам таа среќа да бидам кај него .. Сеуште “ рече тој и се префрли во седечка позиција.
-„Не , не пробувај да станеш , треба да се одмориш“ рече докторот.
-„На кој спрат сме докторе ?“ праша Архангел загрижено.
-„28 , ќе беше подоле ако знаевме дека не ти е ништо“
-„Пријатно докторе, поздравете ја Исидора од мене“ рече Архангел и наеднаш стана се затрча кон стаклото и рипна низ него. Ниту едно стакленце не се забоде во неговата кожа , колку чудно .
Како што Архангел паѓаше надолу се слушаше врисокот на докторот чиј груб глас долго велеше „Нееее! “ .
Но во еден момент се како да застана.
Неколку моменти после неговото паѓање тој почувствува болка на неговиот грб , неиздржлива , не реална ... Како нешто во него да чекаше да пукне.. И тоа и се случи. Мајцата се распрсна на ситни парченца оставајќи го него само по искинатите фармерки лебдејќи во воздухот.
На неговиот грб се раширија бели ангелски крилја.
Неговите темни очи наеднаш ја сменија својата боја , наеднаш станаа светло сини.
Неговиот лик целосно се промени. Можеби тоа е само насмевката која никогаш дотогаш ја немаше изразено толку силно .
Полета кон сонцето оставајќи зад себе само прашина и чудниот поглед на докторот.


(Неколку денови подоцна)
Целата негова фамилија беше собрана кај гробиштата , сите плачеа за загубата. Мајка му и татко му конечно беа заедно . Гушнати. После неговата смрт сите наеднаш станаа подобри луѓе. Татко му престана да пие, а мајка му беше почесто дома .
Сите плачеа во негово име .

Тој ден единствената насмевка ја имаше Исидора која задоволно „некому“ шепна
„Не успеав да ти вратам , и јас те сакам“ .
 
Во едно тивко магливо утро, влегов во една мала колиба која што ја конструирав со сопствената срж многу долг период, секојдневно ја посетував барем со мислите и и се восхитував на таа креација која претставуваше симбиоза на она што поминало и ова што е сега и некој вид на современ пророк на она што ќе биде...
Уште кога го поминав прагот , реата која се ширеше стануваше неподнослива, ми го кочеше умот и ми ја труеше и така ослабнатата жица на контролата над она за кое што мислев дека е мое...
Некое време се трудев да откријам од каде доаѓа , а потоа започнав да се запрепастувам од неверојатниот призор... стотина луѓе го беа преполниле она кое што јас толку го градев и визуелно незабележливо ми ја наметнуваа нивната моќ за деструктивен зафат.
се обидов да ги оддалечам од моето самопрогласено кралство на вечната убавина, но не успевав, полека започнаа да ми крадат од тарабите кои ги бев поставила за вакви случаи и да ги заменуваат со дебели метални непробојни шипки...
Ми го стеснуваа просторот без да може тоа објективно да се перцепира, се доближуваа кон мене со раширени празни раце кои бараа да ја исфрлат тежината која што ја создаваше празниот воздух над дланките, ужасната миризба ме гушеше дополнително, се чувствував како да сум во многу полоша положба од оние кои биле во Алкатраз...
Знаев дека ќе дојде тоа време кога овде ќе нема многу простор за мене, ама дека ќе го нема воопшто...Таа хипотеза не ни помислив да ја поставам.
Единственото средство кое го имав за да се заштитам беше мојата интуиција и огромната волја за она кое живот значи.
И за чудо, колку повеќе почнав да ја искористувам светлината во моите прсти,толку повеќе се зголемуваше бројот на кандидатите кои повеќе не беа достојни да пролеваат енергија ,која секој момент колку повеќе ја бараа,толку повеќе ја снемуваше... Се додека не исчезнаа сите,барем во тој момент ,полека и без сила за оптимално движење.
Наеднаш се свртев кон центарот на единствената просторија и сфатив дека реата нема извор-самата јас го создавав, за малку ќе бев иницијатор на бојкотирањето на сетилата...
Но, металните дебели шипки останаа со едно големо предупредување дека ќе се вратат оние кои ги креираа, секогаш кога ќе се отвори портата на задоволството...
Тој ден , изгреа и сонцето и светлината се ширеше насекаде, но кога случајно се погледнав таму некаде над водата , низ разбрануваниот лик нешто недостасуваше..
Имав неколку нерационални обиди да констатирам што е тоа и...
Интуицијата и слатките знаци ми го кажаа она на кое не се надевав...
Го нема повеќе ореолот во мојата коса, го нема синиот превез меѓу прстите,каде ли исчезнаа?
Да, во некој од тие многумина, некој кој ја научил играта која толку чесно ја играв, само затоа што премногу добив, а суфицитот секогаш е тука за да го пополни она кое останало празно како шише вино пред жестоко помрачување на сонцето...
А јас ... чашата без дно , не сфатив дека е невозможно да се наполнам, дури и тогаш кога има премногу.
Премногу не е најмногу, сепак има надеж:wink:
 
Мотивација добив од два стиха. Ама од само два би напишал и цела енциклопедија. Нашиот сопатник, кој јас а и многумина околу мене го знаат, не го сакаше јануари.
И јас не го сакав. И секогаш низ тие стихови се пронаоѓав, кога во секој нов снег ги имаше истите трагови. Истиот датум беше петокот, само имаше тогаш бројка 2008.

Нашиот инспиратор долго стоел под нејзиниот прозорец. Тивко било, само стапките на некои ноќни птици се слушале. Сепак, ни за момент, под нејзиниот прозорец не успеал таа ноќ да ја слушне како дише во сонот.

Ова што го слушнав ми беше кажано од човек кој секој ден го слушам како рецитира без трошка сомнеж во убавината на неговите стихови. И нема што да се сомнева затоа што секогаш црпев инспирации од него.
И кога ќе седнев да напишам нешто на грд изгужван лист, тоа беа неговите убави стихови.

Не е важна замислата затоа што и ова парче текст и нема некоја вредност. Всушност, нема никаква вредност.
Всушност, ако се вратам на првите две реченици има вредност. Ги заборавив. Ако се присетам и не го чкртнам ова, лажам - не ги заборавив стиховите, ги чував за на крај.
И ги видов малку подзаборавени, денес кога ги собирав испаднатите лисја, со мојот менлив ракопис беше напишано:

Jedan zivot miran, tih,
nekad bacim kartu il' napisem stih,
stvari teku
ja se drzim izvan njih.

i sve su vile, ma sve su kraljice,
i sve su nevazne naspram nje.

=)
 
Поглед во огледалото. Црнила. Црни прамени, растечената маскара, црнила во душата. Црна дупка и сеќавање од крив правец кој се разбуди од тропањето на штиклите синоќа. На момент ми се навраќаат слики од ноќта, од вчера, од цел живот. Ме прогонуваат, како гревот што го прогонува грешникот. Одамна не сум преспала како што треба, во сонот сето тоа изгледa толку реално.
Утрата ги дочекувам секогаш, и се сеќавам на прекрасните моменти со неа, кога бев мала. Што ли ќе рече ако знае каква пораснав. Момент на тишина, ја протресувам главата за да не мислам на неа. Ме напушти, засекогаш. Не ми остави време да се покажам и докажам пред неа, не ми дозволи да и кажам колку многу ја сакам, колку многу ми значи. Мислев дека ќе е покрај мене вечно, дека имам време, време да ме види во светлото за кое секогаш сонуваше.
Никогаш не ми ја сакаше црната шминка, не ми ја сакаше обоената коса, ме сакаше чиста, без никакви маски и бариери. Во нејзините очи до последен момент останав малото девојче со кафените локни и невината детска насмевка.
Посакувам да сум толку чиста пак.Посакувам да останев толку чиста, можеби така ќе заслужев да остане покрај мене уште некое време. Не бев покрај неа да ја бакнам за последен пат, не бев покрај неа за да го слушнам последниот испуштен здив, последните зборови. Никогаш нема да си го простам тоа.
Поглед во огледалото. Црни линии по моето лице. Ги бришам солзите, се мијам. Од спомените никогаш нема да се исчистам, ниту пак од гревовите. Знам дека секогаш ќе ме чува, а јас неа секогаш ќе ја сакам.
Веќе е вечер. Време е да го разбудам градот..Повторно.
 
Паразити.Најодвратните организми на границата меѓу живото и неживото,не им е гајле за ништо освен за самозадоволување на сопствените потреби од туѓа енергија,снабдување со туѓи ресурси за опстанок.Кое идиотско поткожно вшмукување на сите клетки,тортура врз јадрото додека не попушти и не им се придружи,диктатура врз цитоплазмата и органелите кои послушно ја менуваат вообичаената функција и се вртат против домаќинот,и секако тука се и клетките предавници кои попуштаат без борба или доброволно му се приклучуваат на непријателот.Ти гребаат по здравјето,ти ја извртуваат психата.Се со цел да те уништат,да ти го уништат најубавиот момент од животот или целиот живот,или пак да те заебат кога најмногу ќе ти треба енергија.И таман кога мислат дека превзеле се,доаѓа антибиотикот.Ха!Ама најодвратно е исчекувањето на дејството на антибиотикот.Но затоа,по првите знаци на борба веќе се чувствуваш обновен,спасен,со задоволство ја земаш првата доза на нечист кислород и го туркаш јаглеродниот диоксид од тебе,надевајќи се дека така ќе ја забрзаш инхалацијата.Предавничките клетки заминуваат од тебе,и чувството на чистота е неверојатно бело,доаѓаат на нивно место други,можеби и подобри,можеби и не,важно е да се има антибиотик у секое време.
Меѓутоа идиот е антибиотикот,во ретки случаи и може да те заебе и да им се придружи,без да му е гајле кој му бил првичниот придружник.А довербата веќе одамна не е особина на антибиотиците,идеш на ризик со него,ама па и немаш баш некој друг избор,и така и вака ќе те уништат,вака барем ќе те уништат со борба,освен ако си среќник да имаш верен антибиотик.
Паразити.Кој би рекол дека можат да бидат и луѓе што ти се пријатели.Односно па,кој не?
 
Рандом

Здраво.
Пак ја имам истата болка. Неприметна е за паунските очиња. Знаеш, како кога те боли грло. Не е интензивна, не ти го спречува постоењето, ама на секое подголтнување те потсетува дека постои и те исполнува со горчина. И одвреме навреме се подзаплашувам дека добивам заушки и дека ќе биде полошо, ама не. Исто си е и исто ќе си остане, зошто ништо друго не е сменето.

Болкиште грдо. Pain. Лепче, на француски. Како може лепче и болка да се пишуваат исто? Багет. Болка кога ќе те удрат со багет. Да, тоа ги поврзува и двата. Ама, болно е ако те удрат со багет? Па, не би тебало да биде, или? Мислам дека треба да прашаме некој Луи. Или Леклер можеби.

И, сакав да ти кажам дека, уште ми е тешко. Сакаш да ти испеам некоја тажна песна? Тоа најдобро ми оди деновиве. Ама не, не ти пеам. Кога пеам многу чувствено почнува да ми се фаќа гласот и ме боли грлото повеќе. Тогаш пак се потсетувам на багетната болка и уште повеќе ја чувствувам. И пак ми се пее некоја тажна песна. И пак ја пеам. Затворен круг ти е тоа. Како затворено струјно коло.
Пресметај ја струјата.

Те предупредив дека е рандом. Ок, случаен муабет. Не ти говорам веќе на англиски. Никако не ти говорам. Ќе побарам септолете, иако одамна барам. Туку, ај побарај и ти за мене. Те молам...
 
Се залетав назад во харемот на бесконечни задоволства. Со сета болка на крвавите стапала кои нежно ја одбележуваа патеката во случај да сакам да се вратам назад.
Грст вечности,цела река измиен спокој,кревкост полни раце.
Колената не ги гледав,ранети,истенчени,провидни..чиниш коските наѕираа.
Повторно вдишав широк спектар на радости. А виновна бев. И така неодоливо прекрасна во белата кошула со црвен смрдлив превез,со бука во главава и неточни мисли за небесните благодети.
Упорно летав. Крилјата нови,штотуку подарени од негови раце. Сакав живот од неговата уста и чекори напред од неговите очи.
Се сакав себе со мирисот и божествениот сјај на носилка. Излажана,милувана од туѓа рака а сепак чиста како сончевиот повик за игра во мај.
Избезумена и мирна како искреноста на децата..стасав во кулата на неограничена смеа и купишта румени обравчиња.
Пак ме прибра неговата рака.
Безмилосно ме носеше во море од искушенија за да повторно ме дочека весел во цврста прегратка.
За тоа и живеев. Се чував од зло поради неговата душа која пробиваше бои со најубави предумисли.
Не сонував а благословена бев.
Топлата постела ми ја чуваше неговата верност.
Легнав сосем гола.
 
Го сретна вчера по којзнае колку време.Мирен и воздржан и ги поставуваше прашањата едно по друго како веќе да го знае одговорот само сака да ја слуша како зборува.
Кратка беше средбата,но сепак...имаше време и да им се восхитува на устата и на тркалезните образи-но најмногу од се,на убаво заоблениот и мил лик,полн со младост,здравје и со она надежно исчекување кое за секој човек на средни години е најважното нешто што треба да го измоли од провидението.
А таа живеејќи сеуште во тој нејзин свет мислејќи дека се што правиш е на место само ако имаш убава облека,прстени,украси...не ги насетуваше неговите намери кои не беа злонамерни во никој случај но беа исполнети со таква страст и жаркост што нејзината душа не би поднела.
Таа беше од оние човечки суштества кои не разбираат зошто дошле на овој свет,а се чини и си одат од него без да си го постават тоа прашање.За неа животот е вистинска земја на чудата,свет со бесконечна убавина во кој заскитала прашувајќи се дали можеби не е рај.Штом ќе ги отвори очите помислува дека светот е складен и совршен.Дрвјата,цвеќињата,светот на звуците и светот на боите,сето тоа е нејзино скапоцено наследство.Ако никој не и каже:тоа е мое,таа весело ќе продолжи по патот пеејќи ја песната која можеби еден ден ќе одекнува по целата земјина топка.
Тоа е песната на ДОБРИНАТА.
 
Во потрага по својот ангел...

Стојам исправено. Мојот поглед лута во далечината, до најдалечната точка на хоризонтот. Знам дека е февруари...знам колку ладно се осеќам надворешно, но и внатрешно. Мојата внатрешност почнува да смрзнува. Надворешноста е лесно да се стопли, но за внатрешноста и за моето срце, потребно е повеќе. Многу повеќе. Потребен ми е топол допир, потребен ми е длабок поглед, потребни ми се длабоки чувства. Сакам да се чувствувам живо, ме плаши ова што го осеќам и ме плаши фактот што едноставно се осеќам numb. Зарем ова е мојата судбина? Зарем сум осудена да живеам живот без љубов, без топлина? Зарем целиот живот ќе се чувствувам тапо? Зарем никогаш нема да дознаам какво е чувството да се биде сакан?
Не. Одбивам. Нема да верувам. Ќе се борам. Ќе се борам со целата моја сила, со последниот атом енергија што го имам во себе, но никогаш нема да дозволам да останам во оваа ситуација во која се наоѓам. Морам некако да го скршам ова. Веројатно можеби и се работи за лоша карма. Можеби сум била злобна кучка во минатото, па сега ми се одразува сето тоа во сегашниот живот. Знам само дека Бриџит Џонс е во право кога вели дека кога еден дел од твојот живот иде нагоре, другиот спектакуларно се распаѓа на парчиња. Така е со мојот љубовен живот, кој е нешто налик Титаник. Брод кој потона и се наоѓа 20.000 милји под морето.
Се плашам, толку ми е страв. Целата снага, целата душа ми трепери кога ќе помислам дека најверојатно љубовта не ми е судена. Love never wanted me, but I took it anyway. Не сакам да бидам зомби, не сакам. Што ќе ми е живот без емоции и љубов? Доволно е празен мојот живот и без тоа. Доволно се осеќам празно. Не сакам да ми биде одземена и можноста за љубов. Но, тоа е. Некои ја имаат таа среќа да го осетат најголемото богатство : Да сакаат и да бидат сакани. Јас не, а и најверојатно нема ни да го почувствувам тоа.
Но, сепак јас не се откажувам. Ако се откажам, тогаш која би била поентата на овие мои 19 години во кои јас живеам за да ја најдам љубовта? Јас сум сеуште во потрага по мојот ангел...и нема да се откажам од таа потрага. Колку и да знам дека шансите да го најдам...се некаде помеѓу непостоечки и минимални.
Мојот ангел се наоѓа некаде на светов. Мојот ангел постои. Само дали ќе го најдам е прашањето...Останува само надежта. Таа е единственото нешто што ме топли во овој ладен февруари.
 
Нема раскажувачки елемент во солзите на нечие лице, нема приказна во очите на луѓето што не научиле да читаат?Или кај оние што не зборуваат, не пишуваат?Не живеат?
На колку од нас вистински им треба терапија за да не завршат во уздите на обичната просечна интелегенција?

Решив еднаш одамна да престанам да се прашувам каде треба да си го оставам телото, во гробница под земјата или како пепел на витрината, секогаш неуспешно ја завршував сказната за сопствената смрт и еве каде ме донесе.На дното на сопствената мизерија и на врвот на границата на тагата, потоната во чантовите на некоја Мајка Божица.
Не знам да пишувам на вистинските страници, па заборавив и да купам мастило зошто нема да можам да го употребам, но бар ќе можев чесно да се извалкам.

Ајде најди ја иронијата на моето постоење му велам на огледалото кога сакам да бидам совршена!

Виртоузот на дволичноста и шареноликата демагогија седи насмевнат на тронот во моето тело и чека да погрешам за да му ја дадам контролата, но зарем веќе не сум погрешила?
Леснотијата на моите зборови секогаш завршувала како туѓа тежина и моја лична сатисфакција од поразот напишан на челото.Викнете ги стражарите да ме земат и да ме однесат.
Нема слобода за мене ... на овој свет.
За никој нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom