ПУКНА СРЦЕТО-НЕ ДОЧЕКА РАДОСТ!!!!
ШОК во моментите кога се готвеше радост....Неверување за сите...Го одработи редовнииот ,,голмански,, тренинг, вообичаен за секој вторник.Фокусиран како и секогаш целото свое знаење да го пренесе на своите млади голмани. Како ретко кој со свој пример-иако на 55 години се трудеше безброј пати со своите интервенции и одбрани да ги научи на секој голмански детал.Таков беше Блаже Смоква. Како голман ги бранеше боите на 11 Октомври, Победа, Преспа и Д.Хисар а како тренер на голмани во 11 Октомври и Победа. Пријател каков што секој би посакал. Пред се ЧОВЕК, што е реткост на денешно време. Најмногу загуби неговото семејство, сопругата и двајцата синови. Прилеп загуби спортски работник докажан во својата работа. Победа го загуби својот долгогодишен член. Безмалку целиот свој фудбалски век го посвети на својата љубов ПОБЕДА. Дури и во нејзините најтешки моменти-казната од УЕФА, Смоква остана верен на клубот на кој му го подари такаречи целиот свој живот. Срцето пукна токму на терен...Не дочека да се израдува на заедничката желба и сон на сите прилепчани-враќањето во Првата лига...Неговата прерана смрт е наша обврска да не се заборави неговото дело.
Блаже пријателе...Ќе фалиш секој ден.Ќе фалат твојата ведрина, позитивна енергија, коректниот и човечки пристап и совет за секого во клубот...на колегите од Стручниот штаб, на играчите и секако на твоите ученици - нашите голмани. Сите ти ветуваме дека нема да бидеш заборавен а иако прерано замина од овој земен свет од небото ќе бидеш со нас а ние од зелениот терен ќе се радуваме со тебе на сите наши идни победи....
Посебните луѓе живеат во нашите срца и кога не се покрај нас. Сеќавањата не тешат и храбрат во надежта за постоење некој подобар свет во вечноста.....
И од мене последен поздрав до комшијата мој, никогаш не не оставаше без детали што се случува внатре во клубот во раководството, тој беше нашиот човек од внатре. На улица секогаш прв ме поздравуваше ако по возраста можи и татко да ми биди.