bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Победа никој не ја запира: Трет триумф во низа за запоседнување на врвот во Втората лига!
Објавено: април 9, 2016 18:01
Објавено: април 9, 2016 18:01
Прилепска Победа продолжи со одличната серија на резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако денеска во рамките на 21. коло, на градскиот стадион во Велес го совлада Еуромилк со 1-2. Ова е трета победа за прилепчани во низа, по која го запоседнаа врвот од првенствата табела со 32 бода, барем до утрешните дуели во Ѓорче Петров и на „Железарница“. Исто толку има и Велазерими по денешниот триумф од 1-0 над „фенерџијата“ Кожуф.
Тимот од Прилеп, на гостувањето против Еуромилк, прв стигна до водство преку погодокот на искусниот напаѓач Благоја Гошоски во 45. минута од средбата. Сепак, тимот на Борче Христов успеа да израмни шест минути после второто полувреме, со евроголот на Дин Аломеровиќ во 51. минута. Нововлезениот Стојанче Дунимаглоски со голот во 75. минута и донесе радост на Победа.
Македонија ЃП ремизираше на дуелот со Гостивар одигрувајќи дуел без погодоци.
Влазерими долго време се мачеше да го пробие „ѕидот“ на „фенерџијата“ Кожуф, и преку Мирлинд Ибраими во 73. минута, тимот од Кичево дојде до водство од 1-0, што и на крајот се покажа како конечен резултат.
Утре, на стадионот во Ѓорче Петров е мега-пресметката помеѓу Тетекс и Пелистер, а ФК Скопје на стадионот „Железарница“ го пречекува Љубанци.
РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО
Еуромилк ГЛ – Победа 1-2
Македонија ЃП – Гостивар 0-0
Велазерими – Кожуф 1-0
УТРЕ (16 ч.)
Ѓ. Петров: Тетекс – Пелистер
Железарница: Скопје – Љубанци
ТАБЕЛА: Победа 32, бода, Велазерими 32, Скопје(-1) 30, Тетекс(-1) 30, Македонија ЃП 30, Љубанци(-1) 28, Пелистер(-1) 26, Еуромилк 25, Гостивар 24, Кожуф 17 бода.
http://ekipa.mk/vtmfl-pobeda-prodolzhi-so-odlichnata-serija-makedonija-gp-remizira-so-gostivar/