Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
There, fixed.[DOUBLEPOST=1538943075][/DOUBLEPOST]Сите што немале шанса да наследат стан од дедо се глупи што купиле стан од 54 квадрати со две спални У ЦЕНТАР ИЛИ ДЕБАР МААЛО а не од 100 квадрати.
Не се ефтини бе и јас тоа зборам.такви се. За поголеми со регуларни стандарди на соба, ходник,..., доаѓа скапо. Нема ни стандард скали и заеднички простории. Инспекција, елаборат...што беше тоа.
и во холандија има миграции село град ама со ова што е последнава деценија-две може да се рамни едино со периодот на колективизација. Вакви миграции одамна немам видено. Во зградава 3/4 се од други места. те, ку, ве, дб, де...дури и тие што имаат пари и работа бегаат Скопје. Во Скопје немаме наталитет 15%.
Ова не е со цениве и неквалитетот ради вонземјани.
Оние што се ложеа на пораст на бдп преку градежништвото и бесплатна работна сила, ги носеа за ситно во главниот град, продај им неквалитетни станови за ѓавол ипол. Види северниот какви се цените и Ченто, Маџари...им нудиш кирија 80-90 евра цела куќа опремена, јок бе, се смеат...ај бе ја у Бутел ли да живеам...граџаните де. Да им се чудиш на памет.
Затоа се и цените такви. Негде 400-600 евра за нормални куќи, негде дури и за стан 900-1300 евра, понуда и побарувачка си го кажува своето.
И да купеш половен ќе те кошта колку нов. Реновирањето не се состои само од пвц, имаш плочки, врати, глетување и уште триста глупости..Некогаш за парите може и подобро да се избере. И онака за нови даваат по 1100 евра и пак наоѓаат маани и живеат како во хотел, а квалитетна стара градба има за 850-900 евра. Не да е ептен некој запустен стан кој никогаш не е реновиран, ама барем да има нови пвц и изолација. Тоа е 200 евра помалку за м2 од новите и се заштедува 10.000 евра на 50м2 за реновирање.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Kade go ima ova?Тек ако е дупло, нелегално поткровје иде као алва. Скоро да нема нова зграда у Скопје шо го нема. Цената е упола, не добиваш имотен лист, а гледаш само ѕвезди и облаци преку кровен прозор....ама во центар си....и не ти е наследен станот од дедо ти.
Во многу, многу згради. Најчесто се приметува ако е зградата видлива од далеку или од повисоки катови на соседите. Само за инспекцијата е невидливо.Kade go ima ova?
Аха, сигурно и катот испод е нелегален.Во многу, многу згради. Најчесто се приметува ако е зградата видлива од далеку или од повисоки катови на соседите. Само за инспекцијата е невидливо.