Како сте задоволни од градбите на Настел?

  • Креатор на темата Креатор на темата ivanov90
  • Време на започнување Време на започнување
Нема клапни. Вистински вентилационен канал треба да е ѕидан од вакви елементи. Еден е главен канал, а секој кат се надоврзува на помалиот на одредена поголема висина на катот. И пошо се рачуна дека воздухот со миризба е загреан и полесен - оди нагоре и преку отворот се вентилира. Ставање обична канализациона цефка не и помага ни клапна, ни бутур, пошо не и тоа намената.
Плус, овој елемент, за да не дише, се обѕидува со тули и зафаќа цирка пола метар квадратен - затоа и ѓубрињава инвеститорски ретко го ставаат. А друга причина е што за ова треба да се предвиди отвор во бетонската плоча кој е поголем и треба дополнително да се осигурува со арматура. Канализациона цевка фи100 се протнува низ арматурата полесно, откако ќе ја искршат плочата у зона у која им треба.

ventilacije-tabela.jpg
 
Не спасува никаква клапна, си има правило за вентилација, проблем е што кај нас никој не онади никого, кога ќе купиш тогаш дознаваш дека си се зезнал.
Умре тоа саглам проектирање и соодветна изведба, сега главно е да е поефтино и побрзо.
 
Кај мене и во купатило и во кујна ставав клапни како што се нудат моментално. Дури сите можни дупки околу цевките, ако ги имало, се пополнувани до крај. Многу лошо ги изведуваат вентилациите, немаат ниту вертикални вентилатори (што за вакви исплеткани системи треба да е обврска на инвеститорот), а со "надзорот" обично се ујдисани. Контрола од општина/институција, нема.
 
Последно уредено:
Клапна е систем кој држи вода да не се враќа назад во канализација т.е. ја пропушта водата само во еден правец.
Ова за што зборите е обичен капак, кој го отварате по потреба. Финтата е цело време да се вентилира просторот.
 
Цена на стан во Кемниц; Германија ~1000 евра/квадрат при плата од 2000 евра.

https://www.immobilienscout24.de/wohnen/sachsen,chemnitz/eigentumswohnungen.html

Додека македончето си плаќа по 1100 еур/м2 во фушерајот на чифлиганец, настел и остала урбана мафија во Карпуш и Ајродром при плата од 350 евра
 
Јас живеам во Настел зграда и сум задоволен. Топлотна изолација топ и звучна исто. Со вентилација немам приблем НО некои од комшиите се жалат на мирис во кујна и wc! Кај мене е се ОК. Е сеа дали вертикалата дали станот ми се погодил незнам ама немам замерки.
Од друга страна, гаражата се поплави по оној дождот шо го поплави Стајковци..тоа иам да кажам
А да, и се појавија пар пукнатини ( мислм дека се само на малтерот/глет масата на неколку споеви меѓу столбови и преградни ѕидови во влезот) по јакион земјотрес шо беше
 
Каде поточно се наога зградата и колку години живееш во нејзе? :)
 
Што ќе кажете за Адора Diamond Garden зградата?
Не ми се допаѓа околината воопшто. За зградата, не верувам дека има некој вселен па да ти даде искуство од прва рака. Квалитетот сигурно не се разликува од останатите Адора градби, со тоа што, тука ја продаваат приказната за атриумот и градината.
 
на просечниот македонец не му треба многу луксуз
Јас не викам дека треба ликсуз или било што. Ама која мизерија е тоа да имаш стан без балкон и без барем една соба. Вака распоредот за просечност е добар ама без соба и без балкон срамота е тоа... Барем една соба од 8 квадрата колку да има за плакар и спална е сосема доволно, и барем 3-4 квадрата за балкон исто е сосема доволно..

Треба да се воведат закони за како да биде станбениот простор а не вакви глупости да прават...
 
Добар виц ти е ова последново со законот:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom