Работа за студенти во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата mim12
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 септември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
1
Возраст
26
Здраво!
Со почетокот на новата студиска година истата мака како и секогаш да најдам некаква работа за студент која што ќе биде на пола работно време а истата мака ја имаат и останатите студенти во Скопје.
Иако работа за студенти во сите држави е многу лесен проблем кај нас не може да се најди никаков оглес на интернет пребарував но ништо не моажам да најдам.
Се надевам дека оваа тема ќе заживее и ќе има огромен број на работни позиции кои студентите ќе можат да ги одберат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Малку кафулиња и кафани има Скопје ? И јас бев студент на времето, нит оглас нит ништо , карши лептокарија бев под стан и тек последна година студии ми притреба екстра кеш, поминав пешачки , во лептокарија имаше 5-6 кафани од задната страна, уште во првата кафана прашав дали имаат потреба од работник, и ете ме следниот ден шанкер/келнер... е сега не беше пола работно време, ама не верувам дека би имал проблем да најдеш само на вечер да одиш некаде да келнеришаш...
 
Не можеш да студираш и да работиш, поготово не ако си на почеток на факс и не си уходан. Таму на крај трета и четврта може да се почне нешто под услов све да ти е исчистено.
 
На многу малку места нудат работа на пола работно време, а притоа да бидеш пријавен, и сѐ законски да биде дадено и исплатено (одмор, К-15 и сл). На времето додека постоеше, McDonald's нудеа одлични услови, ама платата беше ниска. Сега освен за LC Waikiki, Zara/Bershka/Pull&Bear и Burger King, за друго место кое нуди вработувања на скратено работно време, искрено, не сум слушнал. Е сега, за во LC Waikiki и Zara мораш да имаш врски или ептен да ти се поклопат коцките, изгледа, па некој да си отиде, зашто и да се убиеш од праќања на CV-ја, нема да те викнат на интервју. Еве ти ги последните огласи од две фирми, па праќај:
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=687897#.W5wqLegzbIU
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=620169#.W5wqU-gzbIU
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom