Како настанал универзумот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Saiya Jin
  • Време на започнување Време на започнување
Морав ова да го цитирам...и да те поправам. :)

Астронаутите и шатлот не лебдат заради далечината од Земјата, туку заради брзината што ја имаат во однос на Земјата.
:

Ццццц..абе и при прва космичка брзина и при втора и при трета и четврта имаме....гравитација.

Со толку голема брзина 7,8 км во секунда, се совладува Земјината гравитација.:toe

Е пак грешиш...првата космичка брзина е 7.82 км/сек.
 
Ццццц..абе и при прва космичка брзина и при втора и при трета и четврта имаме....гравитација.

Па....гравитацијата може да биде совладана на сметка на брзината:toe:
Инаку не можеш да напуштиш некое небесно тело ако немаш доволно голема брзина.

Со толку голема брзина 7,8 км во секунда, се совладува Земјината гравитација.:toe:
Е ајде де... :pop:
Разликава е огромна!
Е пак грешиш...првата космичка брзина е 7.82 км/сек.
 
Да ГОЛЕМА Е РАЗЛИКАТА.

Имено објектот ако патува со 7.8км/сек-никогаш нема да стане вештачки сателит(нема пораз на гравитацијата...

а на брзина од 7.82 веќе е ДРУГО.

пази...ја знаеш онаа една нула цела кула.
 
Види и со 7,8 км/сек би останал доволно долго некој сателит...
Јас само сакав да кажам доволно прецизна бројка за совладување на гравитацијата....
 
Како настанал? Од огромна енергија...фотони.(Од формулата E=m.c^2 произлегува дека од енергијата се создава материја и обратно). Е сега од каде ли толкава енергија во тоа ништото, или можеби дедо господ бил таму, како што некој спомна.:tv: Сега има мислења дека тоа ништо (или квантна празнина) не може да постои како такво и во него немало материја но има енергија.

Значи имаме силно зрачење на фотони, од кои што се создаваат супермасивни бозони X и антиX кои што ги материјализираат електомагнетната, слабата и јаката нуклеарна сила и гравитацијата. Потоа тие се распаѓаат на кваркови и електрони и антикваркови и позитрони. Но поради огромната температура тие повторно се соединуваат во бозони. При распаѓањето доаѓа до нарушување на симетријата и има малку повеќе материја од антиматерија. Но температурата опаѓа и во еден момент (сето ова се случува од 10 на -35 до 10 на -30 дел од секундата, од почетокот на големата експлозија) кога повторно ќе се распаднат и процесот е неповратен и бозоните не може повторно да се формираат. При тоа има многу малку повеќе материја од антиматерија, но симетријата е нарушена и од овој вишок на материја се создаваат галаксиите, ѕвездите, планетите итн.
 
Само ќе го повторам она кое го имам прочитано од Хокинг.
Нашата вселена е бебе вселена на друга, тој претпоставува дека кога некоја црна дупка ќе стане доволно масивна, преголемата гравитација го затвара просторот околу себе и си прави свој универзум.
Има и веројатност кога ќе дојде до големо компримирање, настанува експлозија и разлетување на целата насобрана материја во ново создадениот простор.
 
Звучи доста добро, и најверојатно е така или ако не е така барем е доста слична.
Сепак тоа е само теорија.....нели и порано "големите" мислители тврделе дека Земјата е плоча на грбот на џиновска желка, ама испадна дека не е така. Нормално, тоа го тврделе заради ограниченоста (во секоја смисла) што ја имале тогаш.
 
Епа баш се поклопува со логиката дека биг бенг излегол од сингуларитет. Немало ништо и наеднаш се.
Нормално е дека имало нешто, позади таа бариера се таложела енергија и материја која си направила свој простор-време.
 
Е па баш тоа, немало ништо и наеднаш се. Не можеме ние да знаеме дали немало нешто или имало.:toe: Теорија е, една варијанта за тоа како настанал универзумот, или дали пак отсекогаш постоел...
Нормално, ние се уште сме ограничени и не можеме да сфатиме што било, ама затоа тука се теориите...
 
Само ќе го повторам она кое го имам прочитано од Хокинг.
Нашата вселена е бебе вселена на друга, тој претпоставува дека кога некоја црна дупка ќе стане доволно масивна, преголемата гравитација го затвара просторот околу себе и си прави свој универзум.
Има и веројатност кога ќе дојде до големо компримирање, настанува експлозија и разлетување на целата насобрана материја во ново создадениот простор.
Но ако нашата вселена е бебе вселена, тогаш и вселената што предходела мора да настанала од некоја друга. Односно мора да постои првата пра вселена и настанување на истата.
Постои размислување дека доколку масата на нашата вселена е еднаква или над критичната, тогаш вселената во еден момент ќе почне да се собира и ќе заврши со голема имплозија. А потоа би следело повторно раѓање на нова вселена.
 
Како настанал? Од огромна енергија...фотони.
Значи имаме силно зрачење на фотони, од кои што се создаваат супермасивни бозони X и антиX кои што ги материјализираат електомагнетната, слабата и јаката нуклеарна сила и гравитацијата. Потоа тие се распаѓаат на кваркови и електрони и антикваркови и позитрони. Но поради огромната температура тие повторно се соединуваат во бозони. При распаѓањето доаѓа до нарушување на симетријата и има малку повеќе материја од антиматерија. Но температурата опаѓа и во еден момент (сето ова се случува од 10 на -35 до 10 на -30 дел од секундата, од почетокот на големата експлозија) кога повторно ќе се распаднат и процесот е неповратен и бозоните не може повторно да се формираат. При тоа има многу малку повеќе материја од антиматерија, но симетријата е нарушена и од овој вишок на материја се создаваат галаксиите, ѕвездите, планетите итн.
ТОЧНО-мора фотони Бидејќи истите имаат Двојна природа..

А супермасивните бозони и материјализацијата баш зависела од брзината и количината на енергија во фотоните(макар и мал период)....

Т.Е од самите фотони зависеше и создавањето на ЧИСТА материја..хемиски кажано Екстракција.

Ма хигсовиот да го детектираат:vozbud:
 
Малце по малце и ласер ќе откриеме али ај.Кога ќе ми текне како исправав криви дрини со тенкови а вие будала ме праевте криво ми станува што сум се мучел.Се што сум требал да направам е да го остаам времето да си го направи своето.Ај извини што пречев продолжете со дебатата.
 
Но ако нашата вселена е бебе вселена, тогаш и вселената што предходела мора да настанала од некоја друга. Односно мора да постои првата пра вселена и настанување на истата.
Постои размислување дека доколку масата на нашата вселена е еднаква или над критичната, тогаш вселената во еден момент ќе почне да се собира и ќе заврши со голема имплозија. А потоа би следело повторно раѓање на нова вселена.

Да дознаеме нашава како е настаната, па после ќе се грижиме за критичната маса на матичната.
И ако е како по теоријата имплозијата на нашиот универзум нема да има никакво влијание врз мајката, тој си е веќе независен и самостоен.
Со, најверојатно и свои физички закони.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom