ГТЦ vs. Рамстор?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
ГТЦ, некако подобар ми е.
 
Не знам дали сте приметиле дека ГТЦ по план требал да биде во вид на брод.. Така тематски граден.Може да се забележи и по тие вратите кај Кино МИлениум што се. Ама гарант снемале пари и го направиле колку да се рече. Инаку повеќе си го сакам ГТЦ, како што некој погоре пиша си има свој шмек :D
 
Рамстор ми е многу подобар,некако ми делува по светски:nesum:
 
Кога се отвараше Рамсторе тој беше вистинска конкуренеција за ГТЦ, како прво затоа што е во Цeнтар, второ затоа што беше планирано (и сеуште е така) да работи 365 дена по 12 часа на ден. Па така отварањето на Рамсторе ги уплаши трговците од ГТЦ, и тие решија тогаш да го продолжат работното време со цел да ги задржат купувачите.
-Само вработените во Рамстор си знаат како им е што работат 365 дена годишно,а верувај,прометот за празници/недели е еднакво на нула,така да исто се фаќа дали работеле или не.

Кога се отвори Рамстор тој беше вистинска атркација и за купувачите а и за трговците (особено за големите брендови), па на почетокот требаше многу унапред да се резервира простор. Сега гледам дека има доста празни продавници.
-Во ГТЦ има многу побрендирани продавници,во Рамстор се отворија,сметајки дека "шемата" ќе се префрли таму,па кога видоа дека не оди,ги затворија.Истите сега бараат свое место под централното греење на Сити галери и Соравија(која пак знам дека исто така слабо функционираат,ако не и послабо од Рамсторе)

Од друта страна гледам дека во ГТЦ особено во последно време се отвoрија неколку нови продавници на големи брендови (меѓу кои и најк).
-Точно е ,а од потврдена информација,знам дека на пролет ќе се отворат и многу повеќе.

Што мислите, кој е поатрактивен за купувачите, а соодветно не тоа и за компаниите?
-Во Рамстор да купиш место е огин скапо,додека во ГТЦ се малку поблаги во тој поглед.Статистиката покажала дека во ГТЦ има повеќе посетители од Рамстор.

Каде има подобра понуда и подобри цени? Во стилот „соодветни цени за соодветен квалитет“.
-Цените се исти и таму и таму.

Каде одите на шопинг во Рамстор или во ГТЦ?
-Пак ќе се повторам,и таму и таму.

Кој е вашиот избор за пиење на кафе (кафилуњата во Рамстор или ГТЦ)
-ГТЦ (Рамстор не можат да се борат против сонце и вода)

Дали можеби високите цени се она што го прави Рамсторе место за прошетка (затоа што е прв комплетно затворен трговски во Скопје) а не за купување?
-Рамстор е затворен и ограничен простор,честопати загушлив,колку и да шеташ,за 15 минути пак си на истата точка како и на почетокот.

И секако кои се предностите и негативностите на овие два трговски комплекса?
-Во Рамстор кога ќе влезам имам чуство дека влегувам во топлотна комора,од која пак кога ќе излезам ќе бидам претворен во сапун(Blame la Vitta e bella)
И за крај,ГТЦ е наш,Рамсторе е увозен прозивод:toe:
 
Не сум од Скопје но и ГТЦ и Рамстор сум ги посетила многууу пати и гласам за Рамстор.
Некако поубаво изгледа,почист е посреден.Последниот пат кога бев Скопје воопшто не ни отидов во ГТЦ се што ми беше потребно купив од Рамстор:pipi:
 
Во Рамстор ми е непријатен воздухот, загушливо е некако. Поубаво ми е на отворено, во ГТЦ. А исто и естетски, Рамстор ми личи на некој хангар од другата страна.
 
Значи убаво беше да споредевте Соравија вс Рамстор вс Сити Галери. Не вака.
ГТЦ ти е класика ама зима промаја, лето изгор.

И секако кои се предностите и негативностите на овие два трговски комплекса?
-Во Рамстор кога ќе влезам имам чуство дека влегувам во топлотна комора,од која пак кога ќе излезам ќе бидам претворен во сапун(Blame la Vitta e bella)
И за крај,ГТЦ е наш,Рамсторе е увозен прозивод

Па Рамстор е за да појдеш со кола си паркираш си оставиш јакната у кола и да си шеташ комотно, а не натоварен со јакни и сто ролки на тебе. Секако дека ке ти биде топло. (од прилика така :))
А за цитираново ептен тресеш зелени. А цело време плачеме за инвестиции, па таму работат наши роднини пријатели македонци, земаат плата од увозниот производ. Исто како и од твојот домашен.
 
Па рамстор е почист некако повеќе обезбеџење побезбедно се чуствуваш ама глупо е некако помалце продавници и се....за тоа го одбирам гтц а и на него навикнат сум повеќе:toe:
 
За избор при кувување, повеќе има во ГТЦ, меѓутоа за кафулиња, па во Рамстор се многу многу подобри од тие во ГТЦ, плус и во рамстор има повеќе избор на места за јадење.
сепак би избрал Рамстор.
 
Галактикос си бил во Џино!?
Има повеќе избор на јадење !
Оние миниатурнине Кинески , Мек`Доналдс , Турскион и ЛаП ЛаП се боље од Џино!?
Тоа е грешка!
Соравија ми е некако напуштен нема лујџе! :kesa:
А рамстор е пун ама у Рамстор идат за Шема а за Соравија боље е за Шопинг! :pipi:
 
Пошто сум од капиштец и такаречено пред врата ми е рамстор ќе го одберам него пошто и почесто идам таму.
 
јас само еднаш имам отидено во рамстор и ич не ми се свиѓаше како е...така да ГТЦ си е најдобар(ок де не е најдобар)
 
Галактикос си бил во Џино!?
Има повеќе избор на јадење !
Оние миниатурнине Кинески , Мек`Доналдс , Турскион и ЛаП ЛаП се боље од Џино!?
Тоа е грешка!
Соравија ми е некако напуштен нема лујџе! :kesa:
А рамстор е пун ама у Рамстор идат за Шема а за Соравија боље е за Шопинг! :pipi:
Не сум бил во Џино, според досегашното мало искуство во Скопје, ѓи изнесов моите мислења, па затоа сеуште сметам дека Рамстор има повеќе избор за храна, сепак фала за советот, ќе го посетам Џино во скоро време, а Соравија не е сеуште доволно разработен, нема доволно народ како во Рамстор или како ГТЦ.
 
Gtc e bolje kade kade...si go ima skopskiot shmek...premnogu mi e "sterilen" Ramstore..inace ramstori se gradat samo vo zemji kako Makedonija(zemji vo razvoj) taka da ne e nisto posebno za da receme WOOOOOW :nenene:
 
Gtc e bolje kade kade...si go ima skopskiot shmek...premnogu mi e "sterilen" Ramstore..inace ramstori se gradat samo vo zemji kako Makedonija(zemji vo razvoj) taka da ne e nisto posebno za da receme WOOOOOW :nenene:

ХАХА со ова ме насмеа. Еве јас пример колку толку што сум шетал по земјава ама еве ќе земем и од брат ми па и мои пријатели што шетале по европа. Рамстор каков што го имаме ти е секој втор трговски во секоја европска метропола. И од надвор и од внатрешен поглед се прилично исти само се разбира не се сите рамстор. Еве за пример што ми е најсвежо во Будимпешта последно што шетав трговските им се баш налик на рамстор само што се малку поеќе поголеми инаку буквално такви се. А и што иам гледано и на слики од Прага па и Лондон ќе ги видите дека и таму се е исто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom