ГТЦ vs. Рамстор?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Рамстор е почист и попријатен за шеткање или да каснеш нешто во тие сендвичарите на втори, инаку за шопинг и кафе, дефинитвно ГТЦ, има многу поголем избор, а гледам овие од Рамстор и со цените многу се распуштиле. :icon_lol: Сакам да кажам поскапо е.
 
и во рамстор и во гтц идам ама поубаво ми е во ГТЦ поголемо е
 
И двата си имаат свој карактеристичен шмек, како и да е ќе помине уште малку време додека се отворат сите дуќани во Рамстор и се поднови ГТЦ да изгледа посвежо. Како и да е тоа што го има едниот а го нема другиот го прави скопје покосмополитско односно да се наоѓа се повеќе можности за различните вкусови.
Единствена забелешка од моја страна е дека за град со големина на скопје требаже рамстор да го направата уште еден кат повисок како и поголемиот дел од надворешноста која изгледа боглавно како хангар малку пораскошна а не само делот околу влезовите.
 
На 50 метра сум од Рамстор, ама воопшто немам навика некако да пазарам таму или да седнам на кафе. Некако, уште од самиот почеток не ми "легна". ГТЦ си има свој шмек, иако е по "старовремски", понечист и на прв поглед понеатрактивен.
 
секој од нив има свој шмек, додека ако ми е за кафе баш не одам ни таму ни таму туку во лептокарија. мада ако бројом колку пати сум седнала во гтц или во рамстор на пијачка мислам оти рамстор ке победи.
 
Рамстор сеуште не може да се мери со ГТЦ според мене.
 
Ако убаво се среди ГТЦ, тогаш ќе биде многу поубав од Рамстор.
Ама вака... мислам дека Рамстор е подобар.
 
Може да се каже дека сум 150 метра и од двата.
Повеќеидам во гтц.
Рамстор е подобар во изглед,чистота обезбедување итн итн,а па гтц е подоброзатоа што е отворен тип подобро е вака во рамстор е загушливо и поубав продавници и избор има во гтц.
И двата имаат свои предности но подобар е гтц.
 
На 50 метра сум од Рамстор, ама воопшто немам навика некако да пазарам таму или да седнам на кафе. Некако, уште од самиот почеток не ми "легна". ГТЦ си има свој шмек, иако е по "старовремски", понечист и на прв поглед понеатрактивен.

si pocnal da "starees"...:) poznato mi e cuvstvoto...vsusnost go bev duri zaboravil...:)
 
Рамстор е само бледа копија на современите трговски центри,додека ГТЦ е дело на еден од најпознатите архитекти во Европа за проектирање на трговски центри покојниот Живко Поповски.Па сега сами резонирајте што е поубаво.Мислам дека со малку подобро организирање на одржувањето,ГТЦ може да биде меѓу најубавите трговски центри на Балканот и пошироко.
 
Ramstor e utka vo obid da se napravi nesto pomoderno i posovremeno.

GTC sekako.... fali samo malku "sminkanje"....:toe:
 
Едни мои другарчиња кои што ретко промашуваат `тип`
и се прибааѓи понашетани и попаметни од мене викаат дека Ramstore има уште две години успешно работење и дека после тоа ќе му се намали прометот на луѓе а со самото тоа и на пари за повеќе од пет пати.
Како поткрепа,посочуваат што се од тој тип (трговски центри) се гради ново низ Скопје и што веќе е почнато да се гради и се очекува да се изгради во непосредна близина на самиот Ramstore.

И они викаат... да се паметни овие од менаџерскиот тим на Ramstore,треба сега додека уште може да постигнат цена (сега е во теков на годинава) да продаваат!
Значи не да изнајмуваат,него на полу-уцена да ги стегнат `сопствениците` на простор во Ramstore и наместо кирија да побараат да си ги откупат дуќаните и кафичите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom