Алудираш на оној што загина?

Инаку фалат држави на листава
Не верувам дека алудира на никој, особено на некој кој починал. Барем сметам дека до толку има доблест.
Се разбира не ги ставив сите држави, едно ќе се изгубеше смислата, друго
нашите не бегаат Финска или Португалија,
во Шпанија ретко одат сезонски,
во бившата отоманска република ХеллАсс, одат од пограничните градови а живеат во Македонија, исто одат сезонски на лето
Во Бугарија речиси и да не одат, тоа се наши шофери или програмери кои отвараат фирми
Мал број главно угостители одат во Хрватска и Романија
Во Чешка одат градежници а во Словачка забари и електричари.
Поради јазикот ја избегнуваат Унгарија но има доста шофери од кај нас и Србија.
Полска е на листата поради добриот однос доход и трошоци на живот, но слабо е платена прекувремената работа.
Летонија, Литванија и Естонија главно се избегнуваат поради јазичните бариери но се наоѓа по некој информатичар особено во Естонија.
Ирска и Британија имаат преголеми трошоци и прескапо сместување, а заработката во Ирска е помала,
Холанѓаните, белгијците луксембуржаните и австријците се толку надмени, што за помислата за напредок кажи си Амин, повеќе и од германците.
Данска и Холандија имаат најголеми даноци на доход, до 36%
Најдобра програма за емигранти имаат Шведска и Германија, најлоша Австрија, Хрватска, и Словенија. Освем ако не си хемичар или фармацефт...
Италијанците немаат работа за себе, а не да платат странци, газдите им се безобразни и често ги лажат работниците. Има сезонски работи за берење лешници ...
Да не заборавам Франција, има одлична социјална програма, но ...
Ова се главно мои мислења, не мора да се точни.