Кратово

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Кратово денес е се потешко место за живот

igor-manasievski.jpg
Игор Манасиевски Коментари (14)
prazno.gif
prazno.gif
16.12.2008 18:01
kratovo.jpg
Според некои статистики во кратовската општина има 30% помалку жители во однос на деведесеттите години
Безработица, младите заминуваат, силни притисоци од локални моќници, времето како да застанало одамна. Кратово денес, се потешко место за живот, велат кратовчани. Според некои статистики во кратовската општина има 30% помалку жители во однос на деведесеттите години.
Ова го потврдуваат и кратовчани кои зборуваат за животни теми посочувајќи дека младите се први кои го напуштаат градот.
„Двајцата синови имаат по 30 години, не се женети, не работат, жената ми е без работа а јас сум пензионер“, изјави кратовчанец.
„Тоа е. Крпен живот. Пензија нема, технолошки вишок“, вели за А1 кратовчанец.
„Па нема млади. Многу ретко. Од десет куќи едно машко ќе остане, друго не. Девојките гледаат дека нема живеачка овдека, бегаат кој каде ќе стигне“, рече кратовчанка.
„Погледнете улицата е празна без народ. Значи има нешто што не функционира и сите бегаат“.
Прави ли некој од локалната самоуправа да се подобри животот?
„Ништо. Трчаат по улиците пред избори. Како што си го земаа столчето, сите си седат. И тие што порано ни кажуваа здраво, како си седнаа на местото, несакаат ни здраво да кажат“, вели кратовчанка.
„Не ми треба партија. Сакам работа!“, рече за А1 кратовчанка.
Вистина ли е она што се говори дека се е во сопственост на Љубисав Иванов-Ѕинго, овде во Кратово?
„Не ме снимајте. Не смеам да кажам“, вели жителка на Кратово.
„Цел живот работиш за друг човек. Но што можеш, никој не смее да проговори нешто“, изјави кратовчанец.
„Се зема, се затвори. Ништо нема. Ако не се овие приватните фирми да ни дадат нешто да јадеме, ние ќе умреме за леб“, рече кратовчанка.
Ова што го слушавме од кратовчани деновиве го читаме и на сајтот на А1. По објавената вест за советникот илија митевски кој јавно проговори за голготата на кратовчани, не преплавија коментарите на гледачи од Кратово, Пробиштип и од цела Македонија, кои велат дека и беговите во турско време кога земале по нешто оставале и за народот.
Бошко од Кратово пак вели дека тиранијата веќе станувала неиздржлива и дека секој кратовчанец има што да каже доколку има слух власта за расчистување со децениската тиранија.
Главната порака на сите е да се продолжи со покажувањето на вистината за кратово-онаква каква што ја живеат кратовчани.



жално но вистинито
 
Многу од она што шлапаат на А1 не е точно! Јесте да младите бегаат бидејки нема работа. Но не е до толку црно како што тие претставуваат. Дали ги имаат прашано кратовчани сепак дали се среќни? Многу се посреќни од Скопјани. Во Скопје кошии не се знаат меѓусебе додека во Кратово комшии со комшии си живеат и си помагаат. Кратово летно време е рај. Оставете ја политиката на ( слободно можам да ги наречам) слепците од А1 и дојдете во Кратово да го видите и да видите како ке бидете пречекани па потоа коментирајте.
Кратовчани воедно се и големи патриоти! Верувајте градот ке живее уште многу години!
p1020910.jpg
 
Поздрав до Кратово. Таму беше тоа со еден кафиќ шо викаа дека имало или не :helou: Само еднаш сум бил и ми остана во памтење тој музејот. :salut:
 
Поздрав до Кратово. Таму беше тоа со еден кафиќ шо викаа дека имало или не :helou: Само еднаш сум бил и ми остана во памтење тој музејот. :salut:

нееее , у Кратово има повеќе кафиќи отколку народ :)
 
Mal,miren i ubav grad so ne mnogu jak noken zivot,dosta evtin za iskacanje i sekako EKSTRA devojki
 
Mal,miren i ubav grad so ne mnogu jak noken zivot,dosta evtin za iskacanje i sekako EKSTRA devojki
Се како што е напишано погоре.За девојките немам коментар БОМБИ .А плус има добар спортски живот, фудбалски тим, ракомет, карате се.Штета што ми е последна година тука.
 
1926 Kratovo Buildings Republic Macedonia
slav1_095.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom