Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Овој живееше близу мене. Знам некои негови пријатели и години уназад кажувале приказни дека е тежок алкохоличар, дека се дрогира и дека се мешал со некои сомнителни криминални фаци.

Така што не сум изненаден дека ова го снашло.

Секој случај млад човек, штета, нека му е лесна земја.
 
Пред 3 години продаваше чипи чан телефони од 100 денари . И тоа 15 комада имаше некаде...од дамна му е кризата, не од сега.
Лесна му земја како и да е...
 
Пред 3 години продаваше чипи чан телефони од 100 денари . И тоа 15 комада имаше некаде...од дамна му е кризата, не од сега.
Лесна му земја како и да е...

Дете не шири дезинформации, Влатко секогаш имал пари .Татко му со години е кафанџија.Тоа (ако )продавал некои телефони нема врска со неговите пороци и финансии.
 
За смрт на млад човек, уметник и јавна личност која колку толку оставила некоја трага во македонската естрада каква таква како што е тажна вест и не би можел да кажам нешто друго во некоја си негативна насока.

Не сум запознаен со неговиот приватен живот, негови пороци, проблеми и слично. Тоа може да го знаат неговите најблиски и доколку биле информирани за нешто кое го води неговиот живот во лоша насока тоа ги прави лоши најблиски кои не му излегле во пресрет да го спречат во тоа. Можеби и му излегле во помош, но неуспешно...којзнае. Неинформираноста не ми дава за право да судам

Е сега не очекувајте јавноста да биде реално информирана за причините по обдукцијата. Можеби неговите најблиски не би сакале тоа да се рашири ако се работи како последица од некој порок и да биде запаметен како таков во иднина.

Би дал краток коментар. Само ќе кажам дека доколку се точни информациите околу прекумерно користење на наркотици тоа е последица на слаб карактер и лошо окружување. Можеби се работи и за депресија и слично. Гледам голем дел депресијата ја идентификуваат од финансиски и материјален аспект, но за жал тоа е само еден минимален дел од диапазонот кој може да ја предизвика депресијата. Доколку е тоа причината за користење на наркотиците тогаш би повторил дека окружувањето околу него било лошо и за жал тоа можеби и да е бидена причината која и му пресудила.

Нека почива во мир, има песни кои ќе остават долга негова трага.
 
Тешко е опоравањето кога ќе бидеш високо во животот и после ќе паднеш доле. А највеќе тоа им се дешава на овие пејачи и јавни личности, им проаѓа славата и тешко им е тоа да го прифатат дека нема да се пак славни како што биле па посегнуваат по алкохол, дрога, паѓаат у депресија итн.
 
Јaс сум еден oд ретките изгледa штo му се дoпaѓaше негoвaтa музикa. Oнaкa песните ми беa лежерни и певливи, ги слушaв чaт пaт.

Прв пaт гo видoв нa Бaлкaнски фестивaл или нa Oхрид фест, не се сеќaвaм кaкo тoчнo се викaше мaнифестaцијaтa.Беше џoн пијaн сo шише вo рaкa и ги футкaше скaлите. Прaвo чудo кaкo не пaднa. Вooпштo не ми текнa вo тoј мoмент декa се дрoгирa.

Кaкo и дa е немoжaм дa жaлaм некoј штo рaди пoрoци зaвршил трaгичнo.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Со секој нареден пост на @redfogv сфаќам зошто нејзините не ја сакале.
Јас не сум темата.


Да ве видам сите како ќе зборувате и како ќе се однесувате ако изгубите брат или дете,не дај Боже,дали ќе ви е сеедно кога сите околу вас ќе зборуваат дека починатиот бил тежок наркоман и дека 100 посто дрогата го убила и поради тоа тој не е за жалење.
Секој нормален човек би чувствувал жал за згаснат живот на некој свој и на некој друг.
Многу од вас немаат ни грам емпатија.
Тоа што му се случи на Влатко,утре или после неколку години може да ти се случи тебе,Александар.Па,и на вас другите.
Тие што се дрогираат,почнале да се дрогираат поради други проблеми.Не значи дека се само тие самите виновни.Виновни може да се и нивните најблиски,кои им го правеле животот прав пекол.
 
Не може да ми се случи.Не се дроговам.И јас сум имал проблеми во животот или можеби депресии,па не сум се нокаутирал со прашаци.Тоа може да му се случи на некое пиче со слаб карактер или н некој ванаби Чарли Шин како што реков и претходно.
 
По вашата логика, од 7 милијарди луѓе во светот, 6.5 треба да се строго на дроги поради проблемите.

Нека почива во мир, самиот си пресуди. Никој друг не може да е крив за неговиот живот.
 
Абе не сфаќам како може после смрт на млада личност да оправатe криви дрини дрога било предозираност блабла, ало млад човек починал... И уште со ретардирани глупи муабети, популарност се давало дека починал, мене ми е исто жал и за Влатче и за девојката што се предозира пред неколку месеци во СЦМ на приземје во вц, млади животи згаснале, не биле психички толку силни за да не потпаднат под дрогата и што сега? Убивал, силувал? Не. Творел убава музика, придонесувал за каков таков развој на сиромашната македонска музичка сцена, учевствувал во безброј хуманитарни акции, за мене тие дела ќе останат, а не тоа дека посегнал по дрогата. Значи починал еден харизматичен, млад пеач и хуманитарец, а не џанки, што народ ќе бевме само да се оцрни и по лошо да се памети некој.
 
Не може да ми се случи.Не се дроговам.И јас сум имал проблеми во животот или можеби депресии,па не сум се нокаутирал со прашаци.Тоа може да му се случи на некое пиче со слаб карактер или н некој ванаби Чарли Шин како што реков и претходно.
Сега може немаш слаб карактер,но не можеш да знаеш како ќе се чувствуваш после 5 или 10 години.[DOUBLEPOST=1530979576][/DOUBLEPOST]
Абе не сфаќам како може после смрт на млада личност да оправатe криви дрини дрога било предозираност блабла, ало млад човек починал... И уште со ретардирани глупи муабети, популарност се давало дека починал, мене ми е исто жал и за Влатче и за девојката што се предозира пред неколку месеци во СЦМ на приземје во вц, млади животи згаснале, не биле психички толку силни за да не потпаднат под дрогата и што сега? Убивал, силувал? Не. Творел убава музика, придонесувал за каков таков развој на сиромашната македонска музичка сцена, учевствувал во безброј хуманитарни акции, за мене тие дела ќе останат, а не тоа дека посегнал по дрогата. Значи починал еден харизматичен, млад пеач и хуманитарец, а не џанки, што народ ќе бевме само да се оцрни и по лошо да се памети некој.
Балкански менталитет.
Ни малку осет немаат.... :popce:
 
Јас не сум темата.


Да ве видам сите како ќе зборувате и како ќе се однесувате ако изгубите брат или дете,не дај Боже,дали ќе ви е сеедно кога сите околу вас ќе зборуваат дека починатиот бил тежок наркоман и дека 100 посто дрогата го убила и поради тоа тој не е за жалење.
Секој нормален човек би чувствувал жал за згаснат живот на некој свој и на некој друг.
Многу од вас немаат ни грам емпатија.
Тоа што му се случи на Влатко,утре или после неколку години може да ти се случи тебе,Александар.Па,и на вас другите.
Тие што се дрогираат,почнале да се дрогираат поради други проблеми.Не значи дека се само тие самите виновни.Виновни може да се и нивните најблиски,кои им го правеле животот прав пекол.
Moже да се случи ако сме сме без грам мозок и почнеме се дрогираме. Само во тој случај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom