Општи информации во врска со кошарката

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Мал превод ако некој не сака да го гледа клипот:
„Ќе ги убијам судиите каде и да ги најдам. Можат да ми го пушат к.уров...Можат да се е.бат... ако имаат ќерки и нив да ги е.бам“ и многу повеќе од тоа :) закон
Амааа цензура...:pos2::pos::pos::pos: А Дарче си е ѕвер! Стварно се пичкетини! Дури можам да речам и софт пцовки употреби за тоа што го заслужуваа!:icon_lol::icon_lol:
 
Добро браво....од сега погледнете го прво форумот па видете кај спаѓа ова не одма да се отвара нова тема!

А кој гледаше знае како беше...во право е човекот 100 посто..!...Само какви лични непотребни му судеа...има тотално право!
 
Јоргос Сигалас се повлече!

Јоргос Сигалас кој гледа кошарка го знае како еден од најдобрите грчки кошаркари во 90-тите...реши да се повлече од активното играње кошарка....
на 36 години 2 метра високиот бивши играч на Арис,Гранада,Милано,Паок,Македоникос..остави зад себе една блескава кариера....

За својата репрезентација имаше одиграно 185 натпревари и постигнато 1487 поени(8.04 по меч).Неговиот последен меч во грчкиот дрес беше 2003-тата година на ЕП во Шведска на мечот против Србија и Црна Гора..

Човекот познат како Рамбо истакна дека доста му е од активно играње кошарка...му треба одмор...истакна дека сега се орјентира на подучување на младите грчки таленти...

Браво Мајсторе!hehe
 
Pjaca.jpg
Момент од ланскиот турнир

04.12.2007 :: Турнир за деца во Италија

Турнирот “Минибаскет на плоштад“ е најголемиот турнир за деца во Италија. Тој во 2008 година ќе го доживее своето 16. издание, а ќе се одржи во местото Матера од 22 до 29 јуни. На него е предвидено учество на 64 екипи во минибаскет, од повеќе држави и континенти. Турнирот е под патронат на Италијанската Кошаркарска Федерација (ФИП), а се наоѓа и на списокот на ПСГ.

“Минибаскетот“ предвидува играње на натпреварите на градскиот плоштад во Матера. Многу стари познајници ќе се сретнат на турнирот, а ќе бидат склопени и нови пријателства меѓу деца од различни нации, раси и култури. Во минатото на овој турнир учествувале екипи од Куба, Венецуела, Канада, Полска, Аргентина, Естонија, Јордан, Палестина, Шпанија, Србија, Сенегал итн.

Покрај тоа, сите учесници ќе може да се запознаат со градот Матера, и неговите оригинални културни споменици.
Организаторите на турнирот предвидуваат и посета на културните и историските знаменитости, одмор на убавите плажи, како и учество во повеќе различни стимулативни и различни активности.

Предвидени се неколку начини на сместување, кои учесниците треба да ги изберат. Тие може да се сместат во градот, кај локални семејства, или во туристичкото место Метапонто.

Учесниците кои ќе бидат сместени во Метапонто, ќе ги играат своите натпревари во Метапонто, а во последниот натпреварувачки ден треба да дојдат во Матера. Учесниците ќе може да се сместат во хотел, камп или бунгалови.
Организаторите ги покануваат да учествуваат на овој турнир сите кошаркарски тимови, составени од деца родени 1997 година и помлади.

За повеќе информации околу аплицирањето за турнирот можете да се обратите до канцеларијата на КФМ.


www.basketball.org.mk
 
На 13 декември (четврток), со почеток во 14.00 часот, во просториите на КФМ е предвиден состанок на капитените на сите прволигашки екипи во машка и женска конкуренција.

Тема на состанокот ќе биде обновувањето на “Асоцијацијата на Играчи“, која треба да функционира во смисла на заштита на правата на кошаркарите во Македонија.

На состанокот, покрај актуелните теми околу правата на кошаркарите и кошаркарките, треба да се избере нов Претседател на асоцијацијата, кој ќе ги претставува играчите во институциите на КФМ.

www.basketball.org.mk
 
02.01.2008 :: Младински турнири во Франција во 2008

Ги известуваме сите кошаркарски клубови и школи, дека во Франција во текот на 2008 година ќе се одржат бројни турнири за млади кошаркари и кошаркарки. Тие ќе бидат одржани во повеќе градови ширум државата.

Во По од 21 до 23 март ќе се одржи турнир во женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Виолен (во близина на Лил) од 9 до 12 мај ќе се игра турнир во женска конкуренција за родени 1990, 1991 и 1992 година.

Во Шантепи (предградие на Рен) на 17 и 18 мај ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени 1992, 1993 и 1994 година.

Во Сен Ромен ле Пуј (сместен на 80 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одигра турнир во женска конкуренција, за родени 1995 и 1996 година.

Во Комуне-Терне (оддалечен 20 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат турнири во женска конкуренција за родени во 1990-1996 година.

Во Оксер на 13 и 14 септември ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени 1993 и 1994 година.

Во Самур од 21 до 23 март ќе се одигра турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Шатору од 11 до 13 април ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.

Во Калуар (оддалечен 20 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни се игра турнир во машка и женска конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Сент Андре де Корси (ситуиран на 100 километри од Лион) на 7 и 8 јуни ќе се одиграат турнири во четири возрастни групи: во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година; машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година; во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година; во машка и женска конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Амиен (оддалечен 100 километри од Париз) од 30 мај до 1 јуни ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Прис (на 80 километри од Лион) на 7 и 8 јуни ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.

Во Мартиг (оддалечен 30 километри од Марсеј) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Шербур (оддалечен 250 километри од Париз) од 21 до 23 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени 1990-1992 година.

Во Бурбур (оддалечен 200 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.

Во Ескоден (оддалечен 250 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1993 и 1994 година.

Во Бервилер (оддалечен 20 километри од Милуз) на 22 и 23 март ќе се одигра турнир во женска конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Ардр (оддалечен 200 километри од Париз) од 10 до 12 мај ќе се одигра турнир во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година. Овој турнир се наоѓа на официјалниот календар на ФИБА.

Во Реим (оддалечен 100 километри од Париз) на 1 јуни ќе се одржат два турнира. Првиот е во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година, додека вториот е во машка конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.

Во Фор (оддалечен 60 километри од Лион) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат три турнира во женска конкуренција: за родени во 1995 и 1996 година; за родени во 1993 и 1994 година и за родени 1990-1992 година.

Во Ле Гран Лам (оддалечен 80 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одржат два турнира во машка и женска конкуренција: за родени во 1993 и 1994 година и за родени во 1990-1992 година.

Во Вилфранш-Божоле (на 50 километри од Лион) на 10 и 11 мај ќе се одржи турнир во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година.

Во Венеј (оддалечен 20 километри од Марсеј) од 10 мај и 12 мај ќе се одржат четири турнира во машка и женска конкуренција: за родени во 1997 и 1998 година; за родени во 1995 и 1996 година; за родени во 1993 и 1994 година и за родени 1990-1992 година.

Во Бур на Рона (на 15 километри од Париз) на 31 мај или 1 јуни ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Грас (на 30 километри од Ница) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Гипава (на 10 километри од Брест) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1990-1992 година.

Во Ла Рош сур Јон (на 60 километри од Нант) од 21 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1992 и 1993 година.

Во Монбрисон (на 60 километри од Лион) од 21 до 23 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1995 и 1996 година.

Во Туркоан (на 180 километри од Париз) од 22 до 24 март ќе се одржи турнир во машка конкуренција за родени во 1998 година.

Во Салие ду Сала (оддалечен 70 километри од Тулуз) на 31 мај и 1 јуни ќе се одржат два турнира во женска конкуренција: за родени во 1993 и 1994 година и за родени во 1990-1992 година.

Во Арас (оддалечен 180 километри од Париз) од 6 мај и 12 април ќе се одржат седум различни турнири во машка и женска конкуренција: во машка и женска конкуренција за родени во 1997 и 1998 година (6 април); во машка конкуренција за родени во 1993 и 1994 година (7 април); во женска конкуренција за родени во 1993 и 1994 година (8 април); во машка конкуренција за родени 1990-1992 година (9 април), во женска конкуренција за родени 1990-1992 година (10 април), во машка и женска конкуренција за родени во 1995 и 1996 година (11 април).

Скоро на сите турнири организаторот ги сноси трошоците за сместувањето и исхраната. Клубот учесник на турнирот ги сноси трошоците околу превозот.

Бројот на учесниците на сите турнири е ограничен, и затоа е потребно колку е можно побргу да се аплицира за учество на нив.

Сите заинтересирани може да се обратат за подетални информации во канцеларијата на КФМ.
 
04.01.2008 :: Велигденски турнир во Холандија

Холандскиот град Пурмеренд во периодот од 21 до 24 март 2008 година ќе биде домаќин на У 20 турнир во машка и женска конкуренција (за играчи родени по 1 јануари 1988 година).

На овој турнир е предвидено учество на 36 екипи од повеќе земји во светот.

Бројот на учесници е ограничен, затоа пријавувањето треба да биде направено во најкраток можен рок.

Сите заинтересирани може да се обратат за подетални информации во канцеларијата на КФМ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom