Billa Bong
I love Basketball
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 6.590
- Поени од реакции
- 11
Лазовски ги пакува куферите?
"Размислувам, и тоа сериозно, да прифатам една понуда која доаѓа од 'надвор'. Имам дилеми од причина што имам работа со младинската репрезентација која ќе ми го одземе речиси цело лето"- вели Лазовски.
Марјан Лазовски е пред голема дилема. Дали по освојувањето на првиот трофеј во својата тренерска кариера да & каже збогум на македонската кошаркарска сцена.
Барем засега дилемите се големи. Лазовски не крие дека има една и тоа како "опиплива" опција.
"Размислувам, и тоа сериозно, да прифатам една понуда која доаѓа од 'надвор'. Ни би конкретизирал ништо од причина што сето тоа е во една почетна фаза исто онаква какви што се моите размислувања. Но во секој случај опција кој вреди да се разгледа во целост" - останува "закопчан" Лазовски.
Една од причините поради кои Лазовски размислува на ваков потег е и "несредената ситуација" со и околу Вардар Осигурување.
Во последно време, макар и неофицијално, се навестува "поделба" во редовите на "црвено-црните".
"Кој добро ме познава, знае дека јас сум еден од најголемите 'вардарци' кои постојат. И сигурно ми е непријатно кога читам вакви работи во весниците. И не сакам да се мешам во некои работи кои не се во мој домен. Знам дека сум шеф на стручниот штаб на Вардар Осигурување до 31 мај кога ми истекнуива договорот кој го имам со клубот. Искрено, не знам што се случува, но ако е вистина, тоа секако не е добро ни за клубот, воопшто за никого. Нам, зборувам во мое име, и на играчите, официјално никој не ни кажал ништо. Додека има или ако има 'нешто', не ми преостанува ништо друго освен да ја завршиме оваа сезона како што треба. Тренираме до крајот на мај, а што ќе биде потоа, треба да кажат оние кои се задолжени за тоа. А токму овие работи, макар биле неофицијални, ме тераат да размислувам за 'бегство' од Македонија"
Сепак, со оглед на тоа дека Марјан Лазовски е во улога на селектор на машката младинска селекција (играчи под 20 години) која треба да настапува на ЕП во Италија и Словенија, ситуацијата добива поинаков тек?
"Поради ова прашање дилемите кај мене стануваат уште поголеми. Кога ја преземав оваа селекција, се нафатив на една сериозна работа. Сакам во Словенија и во Италија да направиме континуитет на резултати со оваа селекција на играчи. И поради нив ќе "жртвувам" уште едно лето, кое како тргнале работите, може да биде и тоа како битно за мојата тренерска кариера. И не се откажувам така лесно, напротив..."- дополнува на крајот Лазовски.