Општи информации во врска со кошарката

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
КАМП ВО СЛОВЕНИЈА 2007

Во периодот од 26 до 30 јуни годинава во словенечкиот град Постојна ќе се одржи Првиот Интернационален камп за кошаркарки до 15 години на ФИБА Европа. Ова е прв камп од ваков вид кој воопшто се одржува, и има за цел да ја промовира Годината на женската кошарка на ФИБА Европа.
Секоја национална Федерација има можност да номинира две млади кошаркарки и еден тренер, кои ќе присуствуваат на овој настан. Најважните детали во врска со настанот се следните:
- Учесници – две кошаркарки, не постари од 15 години
- Тренер – еден тренер на кошаркарки, на возраст од 15 години или постар
- Нема котизација – ФИБА Европа ги покрива сите трошоци, со исклучок на патните трошоци до Љубљана.
- Место на одржување – Постојна, Словенија
- Најблизок аеродром – Љубљана
- Време на одржување – 26 до 30 јуни 2007
- Ден на пристигнување – 25 јуни 2007
- Ден на заминување – 1 јуни 2007
- Крајна дата за аплицирање – 15 мај 2007
- Официјален јазик на кампот – англиски
- Обезбедено е осигурување, во случај на несреќа или смрт или слично, како и медицинска помош за сите учесници.
Целта на ФИБА Европа е да ги покани младите кошаркарки, чии кошаркарски знаења се уште се во развој, и кои не се членови на националните тимови до 16 години на своите држави. Тие треба да се кошаркарки со голем потенцијал. Селектираните тренери треба да се луѓе, кои во моментов тренираат кошаркарки во младинските категории на клупско ниво, и кои, исто така имаат потенцијал да придонесат во спроведувањето на репрезентативните програми во иднина.
Организаторот обезбедува превоз од аеродромот во Љубљана до Постојна

Номинациите, пополнетите апликациски формулари, формуларот за согласност на родител/старател и две слики во боја за пасош на учесниците, заедно со патниот план, треба да бидат предадени најдоцна до 15 мај 2007 година.
За повеќе информации околу аплицирањето за турнирот можете да се обратите до канцеларијата на КФМ.

КУПОТ НА ТУРЦИЈА ЗА ЕФЕС ПИЛСЕН
Ефес Пилсен, воден од тренерот Октај Махмути, го освои Купот на Турција. Во финалето Ефес Пилсен го совлада најпријатното изненадување, Банвит, со 73:53.
Антониот Гренџер беше прв стрелец кај ”пиварите” со 17 поени, Керем Ѓонлум имаше ефект од 15 поени и 16 скокови.

Претходно, во полуфиналето Ефес беше подобар од Пинар Каршијака со 74:57, додека Банвит сензационално го отстрани Фенербахче Улкер, совладувајќи го со 88:87 по продолжението од пет минути.
 
Капитенот на македонската репрезнетација, Врбица Стефанов, до крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на лидерот во италијанскиот шампионат, Монтепаски од Сиена. Стефанов, кој настапуваше за овој клуб од 2001 до 2005 година, одлучи повторно да замине во Италија, само еден ден откако го напушти Олимпијакос.

Клубот од Сиена, кој се бори за шампионската титула во Италија, очекува со Стефанов драстично да ја засили бековската линија, а многу и да добие од големото играчко искуство на нашиот кошаркарски ас.

За Стефанов Монтепаски е трет клуб, за кој ќе настапува оваа сезона. Тој ја започна сезоната во Црвена звезда, а потоа играше и за Олимпијакос.
Е ај сеа:tapp:
 
Денеска КФМ ги доби официјалните резултати за направената допинг контрола во финалето на Купот на Македонија од 15 април 2007 година. По направената аналитичка анализа на примероците со урина, од страна на акредитираната лабораторија во Виена, Националната антидопинг комисија при Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Кошаркарската Федерација на Македонија добија иавестување дека во ниту еден од анализираните примероци нема присуство на забранети супстанци или користење на забранети методи од забранетата листа на Светската Анти-допинг Агенција (WADA).

Допинг тест во финалето на Купот на Македонија во Битола им беше извршен на по двајца кошаркари од двата тима, Виктор Крстевски и Златко Гоцевски од Струмица 2005 и Карлос Морбан и Енес Хаџибулиќ од Вардар Осигурување.
 
Флуелен се враќа во Струмица!?
3F8521E1B8FF34408EC86B54E05EC0BD.JPG

Американецот Весли Флуелен ќе биде изненадувањето на Струмица 2005 за финалните натпревари од плеј-офот и дуелите со Фершпед Работнички.

Откако во три натпревари против Свисслион Пелистер стигнаа до големото финале, струмичани планираат да ја искористат можност да го ангажираат, поточно да го вратат во Струмица одличниот леворак Американец.

За потсетување, Флуелен ја одигра првата полусезона во дресот на Струмица 2005 и остави сосема солиден впечаток. Но поради недоволната "адаптација" на условите за живот во Струмица и воопшто во Македонија, во договор со раководството на клубот се врати во САД.

Но, сега кога влогот е голем, поточно изненадува шампионска титула, челниците на клубот-финалист одлучија да ги "обноват" контактите со американското крило во обид да направат негов "кам-бек" за овие можеби и седум средби од финалната серија од плеј-офот.

"Нема што да се објаснува посебно. Сега сме во финалето, сакаме максимално подготвени да ја дочекаме онаа серија на натпревари со Фершпед Работнички" - велат луѓето од Струмица 2005. " За таа цел имаме намера да ја засилиме екипата со Весли Флуелен. Практично тој е наш играч, лиценциран е за екипата за оваа натпреварувачка сезона. Што е уште поважно, нашата федерација не му има издадено т.н.'брисовница'. Тоа значи дека го имаат во евиденција, дека Флуелен е играч на Струмица 2005, со валидна лиценца. Деновиве го очекуваме неговото доаѓање. Мислиме дека нема да му треба многу време да 'се врати'. Добро го познава системот на работа, уште повеќе соиграчите со кои беше една полусезона"- дополнуваат од раководството на струмичани.

Со оглед на новите прописи на КФМ, Струмица 2005 има право да ангажира и повеќе од четири странски кошаркари. Во моментов боите на Струмица 2005 ги бранат грчките интернационалци Василис Китцулис, Василис Софадитис и Василис Цимплиаридис.

"Манусос Савас си замина претходно. Значи има уште едно слободно место, па така не треба да правиме нови пријавни листи", го дообјаснуват случајот струмичани.

Со оглед на актуелната состојба и "мањакот" на играчи во ротацијата, новиот тренер Власос Влаикидс добива уште еден играч плус пред најважните натпревари во сезоната.

Доколку дојде до сабота мислам дека ке игра и против Фершпед :) :)
_______________________
нека се врати дечкото, многу добро одигра додека беше тука... само што не му даваа многу шанса да заигра...
________________________
 
A*1*T*E*A*M напиша:

Аааа сеа ако дојде овој Фершпед може и ке го јаде не се знае ама им требаше уште некое вакво засилување на Струмцаи
 
Billa Bong напиша:
Аааа сеа ако дојде овој Фершпед може и ке го јаде не се знае ама им требаше уште некое вакво засилување на Струмцаи

е треба треба... ке се најде уште некое :) :helou:
 
Црвена звезда, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, загуби дома од вечниот ривал Партизан со 88:92 во меч од 5. коло во Првата лига на Србија. Антиќ одигра 19 минути за Црвена звезда, постигна 5 поени, “зачинети“ со 5 скокови.

ФМП Железник на Предраг Самарџиски го совлада тимто на Војводина на домашен терен со 82:63. За 21 минути во игра Самарџиски постигна 14 поени (беше втор стрелец во редовите на својот тим), а имаше и 6 скокови, 2 блокади и 1 украдена топка.

ФМП има 9 бодови и го дели 2. место на табелата со Партизан, со 1 бод заостанување зад лидерот Хемофарм. Црвена звезда има 7 бодови и го дели 4. место со Војводина.

Е НЕЕ!:je::je::je:
 
Евролига нема да се проширува до 2010 година

Претседателот на Евролига, Жорди Бертомеу, ги залади амбиците околу примањето нови кандидати во најелитното европско натпреварување.

Во интевјуто за "Спорт Експрес", Бертомеу изјави дека промени во однос на бројот на членките можат да се случат дури до 2010 година.

"Проширувањето на лигата не е едноставен процес. Пред да се донесе какво било решение, потребно е точно и правилно да се разгледаат можностите. Не треба да ги изоставиме и сложените односи со ФИБА Европа. Во овој момент не сме подготвени да примаме нови членови. Ние имаме потпишано тригодишни договори со 14 клубови и по еден едногодишен со десет од нив. Се разбира, во Евролигата има клубови како ЦСКА Москва, Макаби и Панатинакос, кои традиционално се натпреваруваат" - вели првиот човек на Евролигата.
 
За титула треба триумф на гости
Работнички Фершпед има четворица повредени играчи, а кај Струмица се врати Флуелен
F566D433210DD045A95ED2FA1A0C28C7.jpg

Ако сакаат да ја освои 14-тата титула во 15 сезони, кошаркарите на Работнички Фершпед ќе мора барем еднаш да триумфираат на гости против Струмица 2000, во серијата финални мечеви од плејофот што почнува вечерва (19 ч. МТВ пренос). Финалето се игра до четири победи. Во лигашкиот дел од сезоната, двата тима меѓусебе одиграа четири дуели и имаа по две победи. Прво во Скопје се радуваа гостите, па Ф. Работнички од Струмица се врати со два бода. Во Космофон суперлигата двата тима победија на свој терен.

Првакот има големи проблеми околу составувањето на тимот за првиот меч бидејќи има неколку повредени играчи.

- Здравствената состојба е лоша. Стојановски и Веселиновски уште не тренираат и тешко дека ќе можат вечерва да настапат. Веселиновски има повреда на рамото, Стојановски на глуждот, а ме загрижува и што Трајковски ја обнови повредата на грбот и болеста на Србиновски, кој треба да оди на испитувања. Играњето на четворицата е неизвесно, што значи половина тим. Имаме повеќе проблеми отколку Струмица 2005, која го врати и Флуелен, но, што е тука е, шанса ќе имаат другите играчи, кои не добиваа поголема минутажа. На големи мечеви се станува играч и шансата е тука. Очекувам тежок дуел, ќе ја имаме против себе публиката, која ќе ја наполни салата, но ќе дадеме се' од себе, без разлика со кој состав ќе истрчаме. Најважно е побрзо да се вратат повредените. Не' очекува тешка и долга финална серија. Ќе нападнеме уште на првата средба на гости и се надевам на победа - изјави тренерот на Ф. Работнички, Јорданчо Давитков.

Вторпат во историјата на струмичката кошарка еден клуб ќе игра во финалето. Пред четири години тогашниот Поло Трејд загуби во финалето од Ф. Работнички. Годинава Струмица 2005 ќе се обиде да стигне до тронот. Домаќините очекуваат и голема поддршка од своите навивачи, а се очекува спортската сала „Парк“ да биде исполнета до последното место.

И за тренерот на струмичани, Драго Јанков, ова е втор обид за освојување на титулата. Јанков ветува надоместување на пропуштеното од пред четири години.

- Не' очекува тешка серија натпревари, во која тимот што ќе победи на гости, ќе има големи шанси за освојување на титулата. Ние сме максимално подготвени. По пауза од речиси два месеца во тимот се враќа плејот Софадитис. Добро се вклопува и повратникот Флуелен. Во финалето ќе бидеме ослабени со неиграњето на Цимплијаридис, кој замина на отслужување на воениот рок во Грција. Еднаш ги добивме скопјани на нивниот терен, а верувам дека ќе можеме да го повториме тоа и во финалната серија - вели оптимистички Јанков.

Изминативе денови струмичани работеа на подобрување на играта во одбраната бидејќи, според стручниот штаб, клучот за успех во финалето е токму одбраната.

Средбата ќе ја судат интернационалците Марјан Мицевски, Петар Денковски и Игор Митровски. Денеска (16 ч.) почнува и финалето кај жените. Вигор Скопје со предност од 1-0 во победи ја пречекува Билјана 006, а и првата средба фаворитот ја игра дома.
 
Самарџиски го раскина договорот со Партизан.
samardziski.jpg
Македонскиот репрезентативец центар, Предраг Самарџиски со раководството на белградки Партизан постигна договор за раскинување на договорот. 215 сантиметри високиот Самарџиски кариерата ќе ја продолжи во ФМП од Железник, а финансиските детали од договорот со новиот клуб не се познати. 19-годишниот Самарџиски оваа сезона не доби вистинска шанса во Партизан. Во Јадранската лига на четири натпревари одигра вкупно само 14 минути и постигна 4 поени. Во Евролигата, Самарџиски има одиграно шест минути на два натпревари, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Според пишувањата на белградскиот магазин “Старт“, Партизан решил да се ослободи од нашиот центар бидејќи според договорот Самарџиски од 1-ви јануари 2006 година требало да добие стан, но бидејќи Партизан се наоѓа во лоша финансиска ситуација решил со раскин на договорот да го реши овој проблем.
 
Хмм или ти си луд или ја сум луд:pos2:..ова знаеш од коа е од пред една година:pos2:..следи малце други лиги и после пиши а не се што ке ти падне у очи да го пишуваш
 
Billa Bong напиша:
Хмм или ти си луд или ја сум луд:pos2:..ова знаеш од коа е од пред една година:pos2:..следи малце други лиги и после пиши а не се што ке ти падне у очи да го пишуваш
na pzajmica bese vo zeleznik i sega go raskinaa dogovorot sledi ti malce poveke
 
aerodromka напиша:
na pzajmica bese vo zeleznik i sega go raskinaa dogovorot sledi ti malce poveke
Велам...ова е старо Самарџиски од коа игра за Фмп ехеее и имаше иста информација мислам слична на оваа пред месец дена и повеќе
 
Италијанското гратче Чистерино, кое се наоѓа во близина на Бриндизи, во периодот од 1 до 5 јули годинава ќе биде домаќин на кошаркарски турнир во машка конкуренција, за играчи родени од 1988 до 1990 година.

На турнирот е предвидено и учество на репрезентациите на некои послаби кошаркарски репрезентации.

За повеќе информации околу аплицирањето за турнирот можете да се обратите до канцеларијата на КФМ.

Македонските судии Александар Димовски, Слободат Тасевски, Мојсо Поповски и Ѓорѓи Мангрски ќе судат ма меѓународниот кошаркарски турнир во шведскиод град Гетеборг, кој ќе се одржи од 17 до 20 мај.

На турнирот е предвидено учество на 507 екипи во седум возрастни групи во машка и женска конкуренција...
Кај ке судат тие бе :tapp:..ама тоа е
 
11.05.2007 :: Лазовски: ”Шампионот се уште не е решен”

Еден од водечките македонски тренери, Марјан Лазовски, ги кажа своите прогнози и очекувања во пресрет на третиот финален натпревар, помеѓу Струмица 2005 и Фершпед Работнички:

- Јас повторно сметам дека може да се очекува еден неизвесен натпревар, во кој противникот ќе биде решен во последните минути. Резултатот во голема мера ќе зависи од нивото на дисциплина во редовите на Фершпед Работнички
Струмица 2005 на овој натпревар влегува со голема психолошка предност. Струмичани водат со 2:0 во победи, на оваа средба ќе ја има и големата поддршка од своите навивачи, што може да биде голем елан. Фершпед Работнички, покрај вообичаениот притисок да ја одбрани титулата, ќе игра со мислата дека евентуален пораз ќе иницира на практика недостижна предност на Струмица 2005. – вели Лазовски

- Повредите може да бидат голем проблем за Фершпед Работнички во оваа финална серија. Веселиновски и Стојановски се повредија уште во полуфиналето, Србиноски не можеше да тренира неколку дена поради болест. На претходниот натпревар повреден беше и Тасовски. Нема сомнение дека овие фактори влијаат на играта на шампионот. Но, до натпреварот во недела ќе имаат доволно време да се консолидираат и да тренираат добро, така што очекувам да бидат максимално подготвени.

Мое лично мислење е дека колективната игра ќе го одлучи победникот на натпреварот. Иако сметам дека Фершпед Работнички има поединци, кои имаат квалитет да добијат еден натпревар. Така, Диме Тасовски во третиот полуфинален натпревар против Вардар Осигурување имаше 80% реализација за 3 поени, во таква форма не можеш да најдеш одбрана. Сепак, сметам дека ќе победи екипата, која подисциплинирано и тимски ќе одигра.

Не мислам дека финалната серија е решена, и покрај големата предност на Струмица 2005. Не можам да кажам кој ќе победи во недела, но сметам дека во финалната серија ќе се одиграат барем уште 3 или 4 натпревари. – завршува Лазовски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom