Oд март 2019та либерализација на пазарот на електична енергија за граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.805
Поени од реакции
5.077
wpid-solar-electricity-future-off-grid-vs-grid-connected-c2a9-rmi-org-edited-by-aisha-to-add-sunrise-jpg.jpeg

Oд март граѓаните сами ќе бираат од која фирма ќе купуваат електрична енергија
30 мај 2018 / 16:37


Од март следната година граѓаните ќе можат сами да бираат од која фирма ќе купуваат електрична енергија. Откако во септември на тендер ќе биде избрана фирмата која ќе ги снабдува граѓаните со струја кои нема да сакаат да ја купат на слободниот пазар, ќе започне постапката за целосна либерализација. 26 – те компании кои имаат лиценца за снабдување со струја во земјава, за девет месеци од донесување на Законот за енергетика треба да понудат пакет – понуди до домаќинствата.

„Во моментот кога ќе биде избран универзалниот снабдувач веќе ќе се создадат услови да можат и граѓаните да бидат на слободен пазар, е сега тука мислам дека тоа е девет месеци од влегување на законот во сила, што значи ако законот влезе деновиве во сила, девет месеци од тој датум веќе мора пазарот да биде отворен за сите“, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања во Владата.

Во однос на цената на струјата Анѓушев кажа дека никој со сигурност не може да каже дали во иднина ќе биде пониска, но тврди дека со либерализацијата на пазарот, цената на електричната енергија за граѓаните ќе биде поповолна бидејќи сами ќе одлучуваат од кој ќе купуваат.

„Сигурен сум и убеден сум и тоа го гарантирам дека со новиот Закон цената на електричната енергија секогаш ќе биде поповолна за граѓаните во споредба тоа што го нудеше постојниот Закон и постојниот механизам“, рече Анѓушев

Законот за енергетика предвидува целосна либерализација на пазарот на енергенси во земјава. Во рок од три месеци од донесување на законот треба да биде избран универзален снабдувач. Тој ќе има цени утврдени од Регулаторната комисија за енергетика. Останатите компании кои што имаат лиценца за снабдување со струја ќе им нудат пакети на граѓаните како кај мобилните оператори.
 
И двајцата, првиот со ветерници вториот со сончева, и тоа онаа скапата..а

Значи ако оди како пакет во стилот на макс тв, кабелнет такви срања да се преговара за попуст а за возврат глас и +10 фамили :pos:

Озбилно, замисли си да контролираш цел енергетски сектор.
Има да ме прогласат за император.
 
И двајцата, првиот со ветерници вториот со сончева, и тоа онаа скапата..а
Процедурално, и двајцата со вода. Од скапата, тоа се подразбира. :D

Од сонце до кај што знам, нема ни едниот ни другиот, но не би тврдел. Ветерници немаат сигурно.

Макар што овде прашањето е за трговија и снабдување, не производство.
 
пакет струја 100 киловатчасеви 1000ден
кога ќе ги потрошиш киловатите нема струја или се доплаќа 50ден од киловат
 
Барем ќе зависи цената од берзите (ми се чини), а не од најголемите “перални“ ЕЛЕМ и ЕВН...
еден податок од преклани на пр, кога ни ја дерева кожата за да истата година државното претпријатие да оствари милионски суми профит (се планираше да градат некој педер-парк во Ајро...) во такви услови во кои семејство кое се грее на струја плаќаше (во сезона на греење) и +10,000 Ден месечно...во исто време сред зима на ИБЕКС (Бугарската берза) https://vecer.mk/ekonomija/startuva...beks-kje-ja-poevtini-strujata-i-vo-makedonija еден мегават (или 1000кВ отприлика онолку колку семејство во просек троши зимно време) се нудеше за цели 22 Евра.
Е да, предминатата многу студената зима кога (можеби и намерно) паѓаше еден блок од ТЕЦ Битола ја купувавме и по 300Евра мегават... но во нормални околности... не би смеело да се случува тоа!
ЈАс мислам дека дури и краткорочно граѓаните ќе бидат во добивка, ако не со овој закон со еден друг кој ќе мораат да го донесат! https://makfax.com.mk/daily-news/германците-и-данците-заработуваат-од/
Германците и Данците заработуваат од струја на покривите – Македонија допрва ќе носи закон
по системот Net-metering, кога е сончево даваш на системот, ноќе и кога нема сонце земаш струја од системот...
барем овде има трипати појќе сонце отколку во Германија или Данска. Секако, не живеат сите во куќи и немаат сите кровови услови и пари да инвестираат ... но доколку се донесе закон, ќе има до толку заинтересирани, до толку за да се растерети системот те да се задоволат потребите од струја без увоз. А доколку струјата од увоз е поевтина ене ја Бугарија, па некој од лиценцираните дистрибутери и ќе ја донесе.
 
Во однос на цената на струјата Анѓушев кажа дека никој со сигурност не може да каже дали во иднина ќе биде пониска, но тврди дека со либерализацијата на пазарот, цената на електричната енергија за граѓаните ќе биде поповолна бидејќи ќе одлучуваат од кој ќе купуваат.

Каков демагог, па ова едно со друго се коси!
Никој не можел да каже дали ќе била пониска, но ќе била поповолна o_O
Има некој што поскапо му е поповолно?:eek:

Инаку цената на струјата за домаќинствата ќе биде ПОСКАПА, а за индустријата ќе биде исто пошто и до сега не беа привилегирани туку колку што беше на берза.
Пошто народ = гласачи.
Затоа и минатата влада од популизам до последно одбиваше либерализација (покрај другите "моменти"), макар што сите на крајот што го полнат буџетот пак ја плаќаа разликата од нереалната цена до вистинската (имаме голем увоз плус недомаќинско работење како и во секоја државна фирма)

Инаку очекувам дека истиот Анѓушев негова фирма да биде универзален понудувач.:facepalm:
Истиот тип поради кој може да се каже се форсираше увоз на струја во минатото, им удри "нож во грб" на Вмро пошо веројатно гледа некаква лична корист од Либерализацијата, а каква е таа ќе видиме многу скоро :sneaky:
 
Liberalizacijava na kraj se odnesuva samo na eden del od sevkupnata cena sto ja plakame. Opsto moze da se kaze deka eden del sostoi od proizvodstvoto na struja i so toa nabavkata i distribucijata, eden del e cenata za mrezata a treto se davackite kon drzavata (danok itn.). Ne sum siguren ama mislam na sekoja smetka na EVN nazad pisuva tocno od koi faktori ja pravat krajnata cena na strujata. Liberalizacija ke ima samo kaj prviot faktor (distribucija) i ne mozeme da ocekuvame deka so toa ke ima drasticni namaluvanja. Ne sum siguren dali regulatorna komisija ke ja definira cenata na struja? Ako da, toa moze da bide samo maksimalna cena a distributerite bi mogle poeftina da ponudat. Ako ne, togas ke ima mozebi i povisoki ceni nego sega.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom