Може ли да искоментирам некои од фактиве,пошто ми се чинат глупави:
За време на еден фудбалски натпревар, срцето на еден фудбалер испумпува околу 2 тони крв
Како може да испумпа два тони крв,кога вкупно во телото има 7 кила(дали и толку,не сум сигурен).Дури и ако се мисли дека ја пумпа истата крв одново и одново,однак,пак ќе треба ЦЕЛА крв да помине низ срцето 300 пати.Може ли тоа?
На планетава има толку многу злато, што би можело целата површина на земјата да се прекрие со 1 метар дебел слој злато
Епа каде е?Ако го има толку многу,немаше да биде вториот најскап метал во светот,туку сите ќе го користеле место железо или нешто такво.Чудно,ипак.
Најдолгиот сон може да трае околу 30 секунди!
Чудна работа.
Како тогаш сме имале сонови кои траеле по половина час.Дури и да е комплетно изгубена претставата за време,во никој случај неможе 30 секунди да ни се чинат како пола саат.Како прво,неможе сите настани во сонот да се случат во рок од 30 секунди.Глупост.
Ако сте деснак, повеќе ќе ја жвакате храната од десната страна. За леваците важи обратното.
Нема грешка.
Ја сум деснак,а храната најчесто ја џвакам на лева страна.Исто имаше и една глупост дека ако сте левак,слушалката на телефонот ќе ја ставате на лево уво,ако сте деснак-на десно.Јас ја ставам на лево,а и многу подобро слушам со лево уво.И веројатно не сум единствен.[FONT=trebuchet ms,geneva]
[/FONT]
За изградбата на бродот Титаник биле потрошени 7 милиони долари. За снимањето на филмот за истиот тој брод биле потрошени 200 милиони.
Да ама вредноста на доларот била многу различна.Веројатно е дека тогаш,седум милиони долари,вределе и повеќе од денешни двеста милиони.
Ако повеќе не чувствувате жед, морате да пиете повеќе вода. Кога човечкото тело е дехидрирано, механизмот за жед се гаси.
Но и кога има доволно вода во организмот,повторно не чувствуваме жед.Како ќе знаеме кога сме дехидрирани,а кога имаме доволно вода во нас?
Годишно се прават околу 500 филмови во САД а 800 во Индија
Хаха,сте гледале индиски филм?
Еден американски добитник на Оскар,вреди повеќе од сите 800 индиски филма.
Секоја испушена цигара го скратува животот за 11 минути
А има толку многу работи што го продолжуваат за 5 или повеќе минути:сексот,смеењето,овошјето,природата,чистиот воздух...значи,нема за шо да се секираме.