9/11 Терористи или сепак не?

Кој ги урна кулите

  • Терористи

    Гласови: 130 20,8%
  • Американски владини структури

    Гласови: 409 65,3%
  • Појма немам

    Гласови: 87 13,9%

  • Вкупно гласачи
    626
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
На прв поглед доволен мотив.
Но талибаните би ги знаеле и последиците од наводниот чин, нивно паѓање од власт преку воена интервенција на САД.
Значи талибаните би ја жртвувале власта која ја имале од 1996 само за да се осветат,понижат,наштетат.
Сепак,талибаните негираа веднаш дека имаат воопшто поврзаност со нападите а подоцна се согласија да соработуваат со истрагата.Не го прифатија ултиматумот да го предадат Осама поради тоа што бараа прво доказ за тоа,доказ кој не им беше даден а и сеуште не постои таков доказ,ниту осама е обвинет за делото.Факт.
После тоа се согласија и да го предадат Осама во Пакистан и без докази,предлог кој бил одбиен од САД, значи власта во САД го одбива исполнувањето на своето сопствено барање....
По само 3 (!?) дена истрага ФБИ ги објавува наводните извршители.

FAIL.

За таква операција требаат огромни средства.
Не е кантер-страјк.

Оние кои се наведени како извршители не биле пилоти.
Англиски знаеле многу малку.
Сепак сите добиваат визи без проблем иако биле следени од разни служби како терористи.
Знаеме колку е “лесно“ да се добие американска виза.
Ниеден од нив не ја завршува основната обука за пилоти на Цесна 172.
Инструкторите јасно кажуваат дека типовите не ги бидува за такво нешто.
Ако Осама навистина планирал таква акција,а бидејќи ете бил толку богат,можел да организира нормална обука за пилоти на патнички авиони и да им купи симулатори за Б-757 и 767 во тие...пештерите...е сега влагата е гадна...
Освен тоа Афганистанската патничка компанија имала Б-727 и Ан-12,24,26...и пилоти...што би било доволно за некаква обука на тешки повеќемоторни летала.
Наместо тоа - заебанции некакви со типови шо не знат англиски и шо не научиле ништо...на Флорида секако...

FAIL.

Не,секој што лета ја нема таа можност.Со џебно ноже да се киднапира авион.4 истовремено.И кај сите 4 во исто време да се исклучи транспондерот.Тоа е уред кој дава сигнал за летот а се наоѓа во кокпитот.Со едно стискање на дугме се праќа кодот 7500 кој значи дека авионот е киднапиран.
Но ниеден не праќа сигнал.Сите 4 истовремено откажале?
Арапи кои не можеле да летаат Цесна 172, при прво влегување во кокпит на Б-757/767 кој према оној на цесната делуваат како Старшип Ентерпрајс...се претвараат со супер-пилоти кои можат да удираат во згради...и пентагон секако...со акробации.
Најмалку 7 од осомничените се живи.
Како го преживеале ударот???

FAIL.

Никој никаде ништо не признал.
Има само некаков клип кој се појавил на ал-џазира ОТКАКО веќе ал-каеда и осама биле прогласени за виновници и на кој некаков тип со брада кажува како Алах ја казнил сатаната и други пригодни изјави.
На друг клип ист тип со брада се појавува и негира дека првиот клип е точен,исто на ал-џазира.
Доказ-клип...!?
Други “докази“ се пасоши кои преживеле удар на Б-757 во зграда :tapp: иако не преживеа НИЕДНА од црните кутии наводно...кои се дизајнирани и направени специјално за таква намена...а преживеа...пасош... и куран во багажник на колата на некој од наводните напаѓачи.

FAIL.
1.Aко веќе талибаните работат за ЦИА зошто пак САД да ги напаѓа?Која е целта да нападнеш некој кој работи за тебе?
2.Зборуваме за терористичка организација која има пуштено длабоки корени.Зарем не е можно да им биле издадени лажни визи или пак да имале свои луѓе на аеродромот од каде полетувале?Од каде знаеш дека немаат завршено курсеви?На чело им пишувало или?
3.Да ти се пикаат во кабина 3-4 арапи со бомби и веднаш активираш тревога а?
4.А што е доказ?Типови со фолија на глава кој тресат глупости од ракав?
Зарем толку е проста валдата на САД па да неможе да осмисли подобар план?Зарем некој би дозволил да се расчуе нешто што ќе го одведе во сигурна пропаст?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

1.Разликуваш талибани и талибански режим од наводната ал-каеда?
2.Не им се дадени лажни визи,туку најнормално по процедура си добиле виза.Иако биле заведени како терористи.
3.Нема начин да се телепортираат во кабина.Си има правила и процедури кои се запазуваат со случај на киднапирање на авион.Не правиме муабет за филм со Чак Норис или Стивен Сигал.Прочитај по нешто...
4.Нема што типови со фолија на глава да докажуваат.Теретот на докажување лежи кај обвинителот.А тој не достави никакви докази.Осама дури и не е обвинет за делото.Другото е шпекулација,што и колку ќе се дознае и како,кој колку би дозволил и слично,секако дека нема да признаат јавно,да излезат и кажат “еј ние сме криви“ останува на оние кои не ја прифаќаат официјалната верзија да видат што и како...различно време е денес од она кога никој не знаел за Тонкин или операцијата Нортвуд...

http://en.wikipedia.org/wiki/Operation_Northwood

Еве докажана,документирана и потврдена завера која останала само на планирање.
Исто како 9-11 но во тоа време планирале да го сторат истото со Куба...

И елитата не е монолитна како некогаш,уверени дека создале совршени “овци“...на сцена стапува ароганцијата...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.366
Поени од реакции
4.997
На прв поглед доволен мотив.
Но талибаните би ги знаеле и последиците од наводниот чин, нивно паѓање од власт преку воена интервенција на САД.
Значи талибаните би ја жртвувале власта која ја имале од 1996 само за да се осветат,понижат,наштетат.
Сепак,талибаните негираа веднаш дека имаат воопшто поврзаност со нападите а подоцна се согласија да соработуваат со истрагата.Не го прифатија ултиматумот да го предадат Осама поради тоа што бараа прво доказ за тоа,доказ кој не им беше даден а и сеуште не постои таков доказ,ниту осама е обвинет за делото.Факт.
После тоа се согласија и да го предадат Осама во Пакистан и без докази,предлог кој бил одбиен од САД, значи власта во САД го одбива исполнувањето на своето сопствено барање....
По само 3 (!?) дена истрага ФБИ ги објавува наводните извршители.

FAIL.
А кој рече дека Талинбанците ги организирале нападите?

За таква операција требаат огромни средства.
Не е кантер-страјк.

Оние кои се наведени како извршители не биле пилоти.
Англиски знаеле многу малку.
Сепак сите добиваат визи без проблем иако биле следени од разни служби како терористи.
Знаеме колку е “лесно“ да се добие американска виза.
Ниеден од нив не ја завршува основната обука за пилоти на Цесна 172.
Инструкторите јасно кажуваат дека типовите не ги бидува за такво нешто.
Ако Осама навистина планирал таква акција,а бидејќи ете бил толку богат,можел да организира нормална обука за пилоти на патнички авиони и да им купи симулатори за Б-757 и 767 во тие...пештерите...е сега влагата е гадна...
Освен тоа Афганистанската патничка компанија имала Б-727 и Ан-12,24,26...и пилоти...што би било доволно за некаква обука на тешки повеќемоторни летала.
Наместо тоа - заебанции некакви со типови шо не знат англиски и шо не научиле ништо...на Флорида секако...

FAIL.
Е добро де, колкави средства?
20 луѓе, од кои пола треба да се научат да управуваат патнички авион во која било школа на Блискиот исток за тоа... за обуката сигурно не се потрошени повеќе од пола милион долари...
И сега ако ги потценуваме терористиве... не знаеле англиски, немале виза... па добро бе, од каде знаат теоретичариве дали знаеле или не англиски... виза може да се фалсификува...
Од каде знаеле дека не можат да управуваат авиони...?

Или поинтересно, зошто САД кога би местеле некои, зошто не би наместиле пилоти за терористи?
Реков јас, некој режисер да ги планирал подобро ќе испаднеле...

Не,секој што лета ја нема таа можност.Со џебно ноже да се киднапира авион.4 истовремено.И кај сите 4 во исто време да се исклучи транспондерот.Тоа е уред кој дава сигнал за летот а се наоѓа во кокпитот.Со едно стискање на дугме се праќа кодот 7500 кој значи дека авионот е киднапиран.
Но ниеден не праќа сигнал.Сите 4 истовремено откажале?
Арапи кои не можеле да летаат Цесна 172, при прво влегување во кокпит на Б-757/767 кој према оној на цесната делуваат како Старшип Ентерпрајс...се претвараат со супер-пилоти кои можат да удираат во згради...и пентагон секако...со акробации.
Најмалку 7 од осомничените се живи.
Како го преживеале ударот???

FAIL.
Објаснав погоре за џебните ножиња....многупати пред 9/11 се киднапирани авиони со ножеви.
За транспондерот не знам.... обучени терористи за убивање не ни би дозволиле пилотите да посегнат по тоа дугме...

Никој никаде ништо не признал.
Има само некаков клип кој се појавил на ал-џазира ОТКАКО веќе ал-каеда и осама биле прогласени за виновници и на кој некаков тип со брада кажува како Алах ја казнил сатаната и други пригодни изјави.
На друг клип ист тип со брада се појавува и негира дека првиот клип е точен,исто на ал-џазира.
Доказ-клип...!?
Други “докази“ се пасоши кои преживеле удар на Б-757 во зграда :tapp: иако не преживеа НИЕДНА од црните кутии наводно...кои се дизајнирани и направени специјално за таква намена...а преживеа...пасош... и куран во багажник на колата на некој од наводните напаѓачи.

FAIL.
Тоа не значи дека САД сами си ги лупнаа авионите.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А кој рече дека Талинбанците ги организирале нападите?
Американската и британската администрација.Ал-каеда-осама-талибаните...затоа и нападот врз земји кои организирале и поддржувале тероризам.

Е добро де, колкави средства?
20 луѓе, од кои пола треба да се научат да управуваат патнички авион во која било школа на Блискиот исток за тоа... за обуката сигурно не се потрошени повеќе од пола милион долари...
И сега ако ги потценуваме терористиве... не знаеле англиски, немале виза... па добро бе, од каде знаат теоретичариве дали знаеле или не англиски... виза може да се фалсификува...
Од каде знаеле дека не можат да управуваат авиони...?

Или поинтересно, зошто САД кога би местеле некои, зошто не би наместиле пилоти за терористи?
Реков јас, некој режисер да ги планирал подобро ќе испаднеле...
Обука на 20 души за пилоти на патнички авиони...некоку милиони долари...
Ништо теоретичарите не тврдат,официјалната верзија е дека учеле да пилотираат на Флорида,непосредно пред нападите.
Тие што ја вршеле обуката инструкторите и други кои имале контакт со нив кажуваат дека слабо стоеле со англиски.
Немале никаква фалсификувана виза,официјалната верзија кажува дека имале легална виза.
Организација на таков настан не е играчка.
За рајата да ја проголта приказната поубедливо делува дека некакви фанатици дошле на флорида да учат да летаат.
Верзија во која пилоти на патнички авиони кои земаат огромни плати,живеат добро,имаат фамилии и учат како одговорно да превезат стотици илјади патници низ кариерата...не би ја проголтал никој.Затоа - „фанатиците со курани во гепек“...

Објаснав погоре за џебните ножиња....многупати пред 9/11 се киднапирани авиони со ножеви.
За транспондерот не знам.... обучени терористи за убивање не ни би дозволиле пилотите да посегнат по тоа дугме...
Не се многупати киднапирани,а успешно не се воопшто киднапирани.
Имаше некој линк за некаква жена од сомалија шо се обидела,но ништо не испаднало од тоа...
Нема што да дозволат или не.Кокпитот не е тераса па влези излези.Си има процедури,треба да се најави секој по интерфон и да му се дозволи...а притискањето дугме и не е некоја филозофија.
Пилотите минуваат обука и за такви ситуации,никој не стигнува да управува Б-757/767 без тоа.
И киднапирање во лет некако тешко би останало неприметено од пилотите или стјуардесите...за ниеден од нив да не стигне да притисне едно дугме.Нема никаква логика.
Види во други обиди за киднапирање дури и со огнено оружје...транспондерот е одма активиран...

Тоа не значи дека САД сами си ги лупнаа авионите.
САД не направија ништо.
Не е човек САД па ќе направи ова или она.
Одредени структури на моќ во САД и многу други земји.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Posle tuzbata od International Center for 9/11 Studies protiv NIST ( National Institute of Standards and Technology) NIST go objavi edno od najnovite videa vo koe dvajca pozarnikari jasno ukazuvaat na golemi eksplozii otkako avionite udrija vo Kulite

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.366
Поени од реакции
4.997
Американската и британската администрација.Ал-каеда-осама-талибаните...затоа и нападот врз земји кои организирале и поддржувале тероризам.
Не, не...
Талибаните се обвинети затоа што не сакале да го предадат Осама или слично, а не како директно одговорни за нападите.

Обука на 20 души за пилоти на патнички авиони...некоку милиони долари...
Ништо теоретичарите не тврдат,официјалната верзија е дека учеле да пилотираат на Флорида,непосредно пред нападите.
Тие што ја вршеле обуката инструкторите и други кои имале контакт со нив кажуваат дека слабо стоеле со англиски.
Немале никаква фалсификувана виза,официјалната верзија кажува дека имале легална виза.
Организација на таков настан не е играчка.
За рајата да ја проголта приказната поубедливо делува дека некакви фанатици дошле на флорида да учат да летаат.
Верзија во која пилоти на патнички авиони кои земаат огромни плати,живеат добро,имаат фамилии и учат како одговорно да превезат стотици илјади патници низ кариерата...не би ја проголтал никој.Затоа - „фанатиците со курани во гепек“...
Доволни се четири пилоти за управување на четири авиони.
Еве нека бидат 10. Една обука за летање со патнички авион чини... колку 30 000? 50 000? Еве нека бидат 100 000 долари.
1 милион долари би биле предоволни за да се обучат да управуват со авиони.

А зошто би звучело подобро дека терористите се обучуваат во Флорида, а не на пример во С. Арабија?

Не се многупати киднапирани,а успешно не се воопшто киднапирани.
Имаше некој линк за некаква жена од сомалија шо се обидела,но ништо не испаднало од тоа...
Нема што да дозволат или не.Кокпитот не е тераса па влези излези.Си има процедури,треба да се најави секој по интерфон и да му се дозволи...а притискањето дугме и не е некоја филозофија.
Пилотите минуваат обука и за такви ситуации,никој не стигнува да управува Б-757/767 без тоа.
И киднапирање во лет некако тешко би останало неприметено од пилотите или стјуардесите...за ниеден од нив да не стигне да притисне едно дугме.Нема никаква логика.
Види во други обиди за киднапирање дури и со огнено оружје...транспондерот е одма активиран...
Провери колку киднапирани авиони се досега и провери колку од нив се со ладно оружје, па ќе видиш дека и не е толку ретко таквото киднапирање.
Иако овде во случајов станува збор за 5 мина обучени убијци, сите вооружени.
Пилотите би биле совладани за секунда...

САД не направија ништо.
Не е човек САД па ќе направи ова или она.
Одредени структури на моќ во САД и многу други земји.
Е веќе ова е сосем друго, друга тема, ма да донекаде докажува дека САД не стојат зад нападот...

--- надополнето ---

Posle tuzbata od International Center for 9/11 Studies protiv NIST ( National Institute of Standards and Technology) NIST go objavi edno od najnovite videa vo koe dvajca pozarnikari jasno ukazuvaat na golemi eksplozii otkako avionite udrija vo Kulite

И?
Што ако слушале експлозии?
Ако имало наместено експлозив во зградите, при самото активирање на експлозивот зградите веднаш ќе почнат да се уриваат...

Плус, имам постирано претходно, самото уривање на зградите укажува на фактот дека зградите паѓаат како последица на ударот на авионите.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не, не...
Талибаните се обвинети затоа што не сакале да го предадат Осама или слично, а не како директно одговорни за нападите.
Талибаните се обвинети за поддржување,финансирање и организирање терористи,вклучително и ал-каеда.
Талибаните во март 2001 праќаат понуда да го екстрадираат осама а за возврат бараат намалување на санкциите и блокадите.Не им е одговорено.
Истите денови на Фокс ТВ премиера има оваа серија и оваа епизода...:vozbud:

Доволни се четири пилоти за управување на четири авиони.
Еве нека бидат 10. Една обука за летање со патнички авион чини... колку 30 000? 50 000? Еве нека бидат 100 000 долари.
1 милион долари би биле предоволни за да се обучат да управуват со авиони.

А зошто би звучело подобро дека терористите се обучуваат во Флорида, а не на пример во С. Арабија?
За Б-757/767? Околу 200.000 по човек.
Затоа што никој не би поверувал во прикаска за комерцијални пилоти кои стануваат фанатици.

Провери колку киднапирани авиони се досега и провери колку од нив се со ладно оружје, па ќе видиш дека и не е толку ретко таквото киднапирање.
Иако овде во случајов станува збор за 5 мина обучени убијци, сите вооружени.
Пилотите би биле совладани за секунда...
Многу малку има воопшто успешно киднапирани,а киднапирани без сигнал на транспондер дека се киднапирани - уште помалку,ако воопшто има.
Тренирани убијци?
Со ножиња за сечење картон...
Не е пријавен никаков отклон во курсот на авионите што неминовно следува доколку во некоја филмска верзија,блиска на официјалната,ете си влегле без никој да ги примети во кокпит ги избодиле пилотите со ножињата почнале да ги масакрираат и слично...ххехе така се убива пилот со скалпел за картон...абе филмој...

И?
Што ако слушале експлозии?
Ако имало наместено експлозив во зградите, при самото активирање на експлозивот зградите веднаш ќе почнат да се уриваат...

Плус, имам постирано претходно, самото уривање на зградите укажува на фактот дека зградите паѓаат како последица на ударот на авионите.
http://www.ae911truth.org/

Архитекти и градежни и структурални инженери. експерти за демолирање.
Го кажаа своето.
Организираат петиција до конгресот за независна истрага.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Mislam deka e ova prvata Makedonska kniga so vakva tema ..pa ako nekoj ja sretne neka mi kaze vo koja knizarnica moze da si ja kupam

„Оружје за масовна деструкција“

„Оружје за масовна деструкција“ е новата книга на разузнавачкиот аналитичар Иван Бабановски.

Книгата со поднаслов „Таргет Европа: на сатанското мени на Ал каеда“ е промовирана денеска. Контроверзниот автор Бабановски се обидува да докаже дека Ал каеда и исламскиот тероризам се всушност измислица на моќните тајни служби –како што велат и неговите рецензенти.

-Против тероризам не се бори со воени интервенции, тоа е исто како пожар да гасите со долевање на бензин. Исламскиот тероризам како единствен во светот е измислен од империјалистите, за империјалистички цели и со него треба да се справат тие што го направиле, вели рецензентот на книгата „Оружје за масовна деструкција“ Трифун Карапетров, кој цитираше делови од книгата на Бабановски.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=65901
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Се е намештаљка за да се дојде до Црното злато
Не е само црното злато , цел свет е у прашање.
На следното видео ке го видите и чуете Бил Купер.
Ова е за сите што сакаат да ја знаат вистината .
Кој сака да мижи пред фактите слободно....... никој нема да му смета у мижењето , ама барем да не трола по форуми.
Значи ова е вистината.
На кого му одговара на кого не , човеков го даде животот за да ние бидеме денеска сигурни у тоа кој ги бутна кулите.

--- надополнето ---

Запазете датум на емитување на емисијата 28 06 2001
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
0
Поени од реакции
0
Според мене се е изрежирано од страна на америка и нема никаква врска тероризам ........тука сеуште ме буни фактот со сликите на терористите.... кога гледав во еден документарец се кажуваше дека некои од лицата кои го киднапирале авионот се живи и самите даваа изјаве дека ..... тие никогаш немаат излезено од нивната држава и како е можно тие слики да стигнале до рацете на американците ... за и подоцна бидат обвинувани за терор..... овај цовек беше еден од нив

http://3.bp.blogspot.com/_6eonppuEMEo/TIwm_YiX6mI/AAAAAAAANV0/LX-WmI7dqVQ/S230/capt_4436663b0936408a9793ae1aa54b203c-4436663b0936408a9793ae1aa54b203c-0.jpg

што мислите околу ова????...
 
http://whatreallyhappened.com/WRHARTICLES/hijackers.html?q=hijackers.html
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.482
Абе слеп да си ќе видиш и сватиш дека има премногу нелогичности за да е вистинито тврдењето дека се работи за терористички напад. Незнам зашто воопшто треба да се дискутира кога само едно видео кажува све,

Значи и да е ова наместено т.е. целиот докоментарец да не е вистинит исто како што не е тврдењето дека сами ги урнаа зградите, каде е логиката и каде им се промашувањето во оваа лага, дали кратерот на пентагон треба да изгледа така? дали колапост на зградата треба да иде по тој патерн? дали експлозијата во подрумот на зградите е дело на експлозијата од авјонот кој удира во горниот дел од зградите? секако дека не.

Значи чиста логика и ништо повеќе.

--- надополнето ---

!!!!!!!!!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.366
Поени од реакции
4.997
Талибаните се обвинети за поддржување,финансирање и организирање терористи,вклучително и ал-каеда.
Талибаните во март 2001 праќаат понуда да го екстрадираат осама а за возврат бараат намалување на санкциите и блокадите.Не им е одговорено.
ОК. Значи обвинението не се однесува директно на нападите од 9/11. :)
За Б-757/767? Околу 200.000 по човек.
Затоа што никој не би поверувал во прикаска за комерцијални пилоти кои стануваат фанатици.
ОК, нека не биде 1 милион, нека бидат 2 милиона. Па и 10 да се, парите не им се проблем.
И кога сме кај прикаските.... зошто никој да не поверува дека пилот би станал фанатик? Кога е веќе толку лесно да се лаже народот...
Инаку, не не станале комерцијални пилоти фанатици, туку обратно...

Многу малку има воопшто успешно киднапирани,а киднапирани без сигнал на транспондер дека се киднапирани - уште помалку,ако воопшто има.
Тренирани убијци?
Со ножиња за сечење картон...
Не е пријавен никаков отклон во курсот на авионите што неминовно следува доколку во некоја филмска верзија,блиска на официјалната,ете си влегле без никој да ги примети во кокпит ги избодиле пилотите со ножињата почнале да ги масакрираат и слично...ххехе така се убива пилот со скалпел за картон...абе филмој...
А во ова не успеале да го убедат народот? Хехе... какви катастрофални грешки направиле, реков јас, некој режисер ова да го правел подобро ќе испаднело....

Што врска има ножот... ако си обучен можеш и со раце да убиеш... ама со нож е полесно.
Аза курсот.... па ти мислам во една тема пишуваше дека скршнувањето од курсот на авионите се случува често... што е сега се премисли?

Архитекти и градежни и структурални инженери. експерти за демолирање.
Го кажаа своето.
Организираат петиција до конгресот за независна истрага.

И што викаат овие експертите за демолирање? Дека зградата останува да стои и неколку минути по детонациите на експлозивите?

--- надополнето ---

Mislam deka e ova prvata Makedonska kniga so vakva tema ..pa ako nekoj ja sretne neka mi kaze vo koja knizarnica moze da si ja kupam

„Оружје за масовна деструкција“

„Оружје за масовна деструкција“ е новата книга на разузнавачкиот аналитичар Иван Бабановски.

Книгата со поднаслов „Таргет Европа: на сатанското мени на Ал каеда“ е промовирана денеска. Контроверзниот автор Бабановски се обидува да докаже дека Ал каеда и исламскиот тероризам се всушност измислица на моќните тајни служби –како што велат и неговите рецензенти.

-Против тероризам не се бори со воени интервенции, тоа е исто како пожар да гасите со долевање на бензин. Исламскиот тероризам како единствен во светот е измислен од империјалистите, за империјалистички цели и со него треба да се справат тие што го направиле, вели рецензентот на книгата „Оружје за масовна деструкција“ Трифун Карапетров, кој цитираше делови од книгата на Бабановски.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=65901
Уф, па јас мислев дека исламскиот тероризам има врска со ширењето на исламот и голем број напади само меѓу муслиманите во муслиманските земји..... кои сами се убиваат сунити вс шиити... или пак беше граѓанскиот судир помеѓу религии во Нигерија? Хммм...

--- надополнето ---

Mislam deka e ova prvata Makedonska kniga so vakva tema ..pa ako nekoj ja sretne neka mi kaze vo koja knizarnica moze da si ja kupam

„Оружје за масовна деструкција“

„Оружје за масовна деструкција“ е новата книга на разузнавачкиот аналитичар Иван Бабановски.

Книгата со поднаслов „Таргет Европа: на сатанското мени на Ал каеда“ е промовирана денеска. Контроверзниот автор Бабановски се обидува да докаже дека Ал каеда и исламскиот тероризам се всушност измислица на моќните тајни служби –како што велат и неговите рецензенти.

-Против тероризам не се бори со воени интервенции, тоа е исто како пожар да гасите со долевање на бензин. Исламскиот тероризам како единствен во светот е измислен од империјалистите, за империјалистички цели и со него треба да се справат тие што го направиле, вели рецензентот на книгата „Оружје за масовна деструкција“ Трифун Карапетров, кој цитираше делови од книгата на Бабановски.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=65901
Уф, па јас мислев дека исламскиот тероризам има врска со ширењето на исламот и голем број напади само меѓу муслиманите во муслиманските земји..... кои сами се убиваат сунити вс шиити... или пак беше граѓанскиот судир помеѓу религии во Нигерија? Хммм...

--- надополнето ---

Според мене се е изрежирано од страна на америка и нема никаква врска тероризам ........тука сеуште ме буни фактот со сликите на терористите.... кога гледав во еден документарец се кажуваше дека некои од лицата кои го киднапирале авионот се живи и самите даваа изјаве дека ..... тие никогаш немаат излезено од нивната држава и како е можно тие слики да стигнале до рацете на американците ... за и подоцна бидат обвинувани за терор..... овај цовек беше еден од нив

http://3.bp.blogspot.com/_6eonppuEMEo/TIwm_YiX6mI/AAAAAAAANV0/LX-WmI7dqVQ/S230/capt_4436663b0936408a9793ae1aa54b203c-4436663b0936408a9793ae1aa54b203c-0.jpg

што мислите околу ова????...
Тогаш несомнено треба да ги освојат сите златни малини.... пошто очајнички лошо го направиле сето тоа.
Очекував многу повеќе од САД... ах, ме разочараа...:vozbud:

--- надополнето ---

Значи чиста логика и ништо повеќе.
Ај види логикава:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?39223-9-11-Терористи-или-сепак-не&p=3792986&viewfull=1#post3792986
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
ОК. Значи обвинението не се однесува директно на нападите од 9/11.
Да,на тоа се однесува, а 3 дена (!?) по нападите без никаква истрага веќе се прогласени кривците...14-9...2001

ОК, нека не биде 1 милион, нека бидат 2 милиона. Па и 10 да се, парите не им се проблем.
И кога сме кај прикаските.... зошто никој да не поверува дека пилот би станал фанатик? Кога е веќе толку лесно да се лаже народот...
Инаку, не не станале комерцијални пилоти фанатици, туку обратно...
Нема комерцијални пилоти ислмаски фанатици,немало и нема да има.
Под поимот комерцијален пилот во ФАИ класификацијата е пилот на патнички (има и поткласа за карго) повеќемоторен авион какви што беа и Б-757/767.
Имаат служби и агенции за продавање ефтини приказни...
Ист значи да ти појаснам ПОТПОЛНО ИСТ план имале и за Куба после поразот во заливот на свињите 1961,документирано,го имаш погоре оригиналниот документ...“комунистички фанатици“ во тоа време...но исто срање како и да е...

А во ова не успеале да го убедат народот? Хехе... какви катастрофални грешки направиле, реков јас, некој режисер ова да го правел подобро ќе испаднело....

Што врска има ножот... ако си обучен можеш и со раце да убиеш... ама со нож е полесно.
Аза курсот.... па ти мислам во една тема пишуваше дека скршнувањето од курсот на авионите се случува често... што е сега се премисли?
Абе по којзнае кој пат...НЕ Е ФИЛМ со Чак Норис,Џеки Чен,Жан Клод Ван Дам,Стивен Сигал,Шварци...ах пуста интернет/кантерстрајк генерација...ццц...
Операцијата за жал ја изведоа по нивни критериуми одлично и ги уништија и претопија доказите...
Сепак таква комплексна операција не може да се изведе со 100% ефикасност...како и што се случи.

Има скршнување од курсот но не веднаш по полетување,а уште помалку „замирање“ на транспондерот симултано кај 4 авиони...истовремено!?

Претседателот на комисијата која беше назначена да го разреши случајот 9-11 излезе и самиот си призна - дека комисијата била составена да не успее,саботирана од власта и разузнавачките служби цело време...ете ја имаш горе неговата изјава,може и да се преведе доколку има потреба...
Значи и тој се префрли кај фолијашите...:)

Тоа ти е...човекот си призна...џабе е дискусија веќе...
Ако сакаш прати му меил и убедувај го...дека не е во право...шо да ти кажам...

Абе деца...си мислат филм е ова па се режирало со глумци,со ќорци,пиротехника...ццц...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom