Идеја и Македонија не одат заедно.
Копија на друг бизнис, со копирано име од европски бренд/град може. После овие 11 години вмровизација и антиквизација и турбофолкеризација, си еба мамата се што требаше да значи од урбано местенце, локали со разновидна музика и од страна на угостителски објекти се сведи само на отворање некои бистро матни барови, ресторани кафанчиња кај цане/столе/овој/оној со жива музика и најдоброто мени:
Повелете проверетене зоштосне најдобри
Викенд со жива музика, со најдобриот бенд кој најверојатно не го ни знаете, затоа што ни од не го знаат дека вечерта свири под издание “Аце и Сателити бенд“ со долгогодишно искуство од сајзер-диџејство.
Газдите во овие локали се препознаваат само и само по златните ланци на врат кои служат за некаков вид на етикетирање како оние униформите што ги носат келнерите.
Најчесто овие локали имаат фејсбук профил затоа што не можат и незнаат да го претворат во ФАН ПЕЈЏ а така идеални се за средовечните газди да манијачат млади девојчиња со профилот од локалот каде може за возврат ќе добијат маса и фалшива пијачка со сомнително потекло.
Или ноќен клуб во кој ќе се дуплираат цените на преполовените ефтини пијачки од бадел коњак и ликери со сомнително производство, се носат СПЕКТАКУЛАРНИТЕ певаљки за кои освен мајка и и другарка и дека настапува ко пеачка, никој друг не знае, но сепак е залепена на плакат и ќе настапува вечер на свето цицкотресение за беден хонорар со уште победна маса која мисли дека се забавува со показалецот у вис мафтајќи и имитрајќи дека пее некој од хитовите кои ни сама не ги знае и вртат на плејбек освен “ДА ВАМ ВИДИМ АЈДЕ РУКЕ ГОРЕ“ е испеано во живо.
Вака функционираат угостителски објекти 90 % низ Македонија. Одбери си што ќе копираш само, “вечер со аце и бумбари бенд“ или “спектакуларен викенд со ----- -----иќ директно из врање“.
Да отвориш андерграунд местенце треба да си некој во стилот на хуманист кој ги потрошил своите пари за да поминат 5-6 души дневно кои ќе истресат 50 денари по денар,и ќе послушаат музика што не им се пушта во други локали,али тоа ти доаѓа ко некни на ракометот да ги ставеше сите пари на Македонија само од патриотизам а знаеш дека ќе изгубиш.