Мизеријата низ Македонската царина

  • Креатор на темата Креатор на темата mspasovski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Обичноо веќе воопшто не ме боли стапот за било кој Македонски феномен, но ете утрово нешто ми текна после толку години да отворам Точка и веднаш се присетив зошто избегав од земјата.

Имено, напишаа артикал со опис што се Македонската царина запленила на граничниот премин:
http://tocka.com.mk/vesti/257758/po...-makedonskata-carina-vo-izminatite-dve-nedeli

Гледајќи низ листата предмети сфаќаш дека се што луѓето се обиделе да прошверцуваат се ситници со цел да заработат нешто ситно екстра и да ја ублажат сиромаштијата и бедата низ која поминуваат. Зборуваме за облека, алати, семиња, цигари, обувки и нешто ситно пари. И на крај додаваат дека отвориле и прекршочни постапки против луѓето. Значи не само што им ја одземале робата и некој од царина ќе си ја однесе дома туку и казна треба да платат...

Според претходните настани и приказни како Македонските цариници одзимаат вредни предмети од странските туристи кои ја посетуваат земјата плус овие нови акции каде одзимаат и наједноставни предмети од минимална вредност или импакт на опшеството, можеме слободно да заклучиме дека Македонските Цариници се паразитски мизентропи, едноклеточни организми и абсолутно ѓубре од луѓе. Не сум видел поголем гад и олош помеѓу Македонскиот народ, а има многу избор. Катастрофа!
 
Како бе му одзеле 2800 евра, нели е дозволено по 10.000 евра кеш на 1 лице да се пренесува?
Може тие биле преку тие 10 000.
Општо се кај нас, што носи униформа, има изгубено осет за време и простор! За манири и човечност да не муабетам. Со чесни исклучоци, се разбира.
 
Ако стигне и не заглави на царина, сигурно ќе заглави на пошта.
 
Како бе му одзеле 2800 евра, нели е дозволено по 10.000 евра кеш на 1 лице да се пренесува?

Царинската управа преку соопштение ги информира граѓаните колку пари можат да внесат и изнесат на граница.

Резидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари до 10.000 евра. За да внесуваат 10.000 евра и повеќе, треба при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Нерезидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Тие можат во државата да внесуваат ефективни странски пари и чекови од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на границата кај царинските органи го пријават износот што го внесуваат.

Резидентите можат да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови до 2.000 евра. Тие смеат да изнесат ефективни странски пари и чекови во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај царинските органи го пријават износот.

Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи од сопствена девизна сметка. Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.
 
семки и 40 тина кутии цигари заплениле,,, нека кажат колку дрога запленета заврши по џебови на цариници и нивни надредени а од таму на црн пазар
 
... нека кажат колку дрога запленета заврши по џебови на цариници и нивни надредени а од таму на црн пазар
Ова и во бомбите го спомнаа, како бизнис со кој се занимавал некој важен патриот од Битола, кој работел у царина.
 
Ова и во бомбите го спомнаа, како бизнис со кој се занимавал некој важен патриот од Битола, кој работел у царина.
Среќа се смени власта, па повеќе такви работи не се дозволени.
 
Обичноо веќе воопшто не ме боли стапот за било кој Македонски феномен, но ете утрово нешто ми текна после толку години да отворам Точка и веднаш се присетив зошто избегав од земјата.

Имено, напишаа артикал со опис што се Македонската царина запленила на граничниот премин:
http://tocka.com.mk/vesti/257758/po...-makedonskata-carina-vo-izminatite-dve-nedeli

Гледајќи низ листата предмети сфаќаш дека се што луѓето се обиделе да прошверцуваат се ситници со цел да заработат нешто ситно екстра и да ја ублажат сиромаштијата и бедата низ која поминуваат. Зборуваме за облека, алати, семиња, цигари, обувки и нешто ситно пари. И на крај додаваат дека отвориле и прекршочни постапки против луѓето. Значи не само што им ја одземале робата и некој од царина ќе си ја однесе дома туку и казна треба да платат...

Според претходните настани и приказни како Македонските цариници одзимаат вредни предмети од странските туристи кои ја посетуваат земјата плус овие нови акции каде одзимаат и наједноставни предмети од минимална вредност или импакт на опшеството, можеме слободно да заклучиме дека Македонските Цариници се паразитски мизентропи, едноклеточни организми и абсолутно ѓубре од луѓе. Не сум видел поголем гад и олош помеѓу Македонскиот народ, а има многу избор. Катастрофа!

Што е тука мизерно тоа што си ја вршат работата за која се платени? Ти оправдуваш сива економија и шверц па макар и на алишта и обувки? А за семињата секаде во Европа и во светот е забрането да се носат преку граница јас знам од искуство дека и во Австралија и Нов Зеланд не пуштат ниту едно јаболко да пренесиш. И си пишува убаво на премините дека не дозволено да се пренесуваат производи од растително потекло. И да нормално е да заработат прекршочна таков е законот. И изгледа ти си едноклеточен организам бидејќи не разбираш дека тие само си ја вршат својата работа
 
Си ја вршат работата за која се платени? Дали стварно си ја вршат работата за која што се платени? И од каде со царинска плата голем дел од цариниците возат скапи автомобили, поготово оние кои после 2-3 месеца од вработувањето се частат со „ѕверки“? Еден мој комшија кој работи на царина (обичен цариник), после 5-6 месеца откако се вработи изгради огромна куќа по сите европски стандарди и купи неколку скапи автомобили, тоа бидејќи си ја врши работата за која е платен? Не зезај. Сите знаат како функционираат на царина. Секоја чест на исклучоците, верувам дека се` уште ги има. Но ради „поштените“ цариници, ќе плукаме по сите нив.
 
Значи зборувам дека си ја вршат својата работа кога се работи за тоа што го потенцираше, дека и работи со помала вредност одземале, и казнувале. И тоа спаѓа во нивната работа. А дека некои за брзо време се богатат од нелегални дејствија и злоупотреба на функцијата не станува тука збор за тоа. Туку дотичниот кој ја отвори темата смета дека царината не требало да одзема обувки, алишта, семиња и сл. и тоа е дел од нивната работа бизнисите кои работат легално си плаќаат царини за увоз и извоз а овие сакаат да ги прошверцуваат добрата за своите мали бизниси без тие давачки. Па така тие ни царина плаќаат а многу често ниту ДДВ
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom