S
staycalm
Гостин
OnePlus 5 e смартфон од компанијата OnePlus. Претходник му е OnePlus 3T.
Нов модел кој што има многу добри спецификации по прилично пониска цена од светски познатите Samsung и Apple.
5.5 инчен Амолед дисплеј, 6GB RAM со 64GB внатрешна меморија/8GB RAM со 128GB внатрешна, Dual camera, едната 16mp другата 20, предната 16mp, Octa-core процесор....Детално спецификациите видете ги тука. Цената за послабата верзија се движи околу 450 евра.
За жал телефонов е прилично недостапен во Македонија, во некоја мобилара во Скопје го имаше еден период ама за 64GB верзијата имаа ставено бааги повисоки цени од цените на официјалната страна и било каде на интернет.
Инаку јас ја имам верзијата со 6GB RAM и 64GB внатрешна меморија, го користам некаде околу 4ипол месеци и сум презадоволен со се' што нуди телефонов. Го купив од Алиекспрес на ризик ама искрено никаков проблем немав, само со нашава царина прекрасна и поштите, али ништо страшно.
Е сега камерата многу ја форсираа и тераа маркетинг за неа ко да е некоја иновација а не е, дури и на кутијата пишува Dual camera - clearer photos. Муабетот ми е дека е многу добра ама не до степен цела фама да е за камерата. Плус нема оптичка стабилизација туку само електронска. Она што највеќе ме импресионира е брзината на полнење, користи Dash charge и за 30 минути ми се полни околу 55% што е доста брзо, потоа се намалува брзината на полнење и кога ќе дојде некаде 90 проценти уште повеќе се намалува, мислам дека е меѓу првите на листата во врска со брзината на полнење.
А сега па пред некоја недела излезе и новиот модел OnePlus 5T и сеа сум разочаран што не почекав да го земам тој пошо според мене подобар е, а и не е многу поскап.
Какво мислење имате вие за телефонов, треба ли да се натпреварува со гигантите Самсунг и Епл?
Го имаат ли во Македонија луѓето воопшто овој модел или слабо?
И за крај, доколку некој го поседува, постои ли воопшто продавница во Македонија што продава галантерија за овој модел баш? Јас не најдов ништо, морам да порачувам маски, протектори од ибеј/алиекспрес.

Последно уредено од модератор: