OnePlus 5

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
S

staycalm

Гостин
OnePlus 5 e смартфон од компанијата OnePlus. Претходник му е OnePlus 3T.
Нов модел кој што има многу добри спецификации по прилично пониска цена од светски познатите Samsung и Apple.
maxresdefault.jpg

5.5 инчен Амолед дисплеј, 6GB RAM со 64GB внатрешна меморија/8GB RAM со 128GB внатрешна, Dual camera, едната 16mp другата 20, предната 16mp, Octa-core процесор....Детално спецификациите видете ги тука. Цената за послабата верзија се движи околу 450 евра.

За жал телефонов е прилично недостапен во Македонија, во некоја мобилара во Скопје го имаше еден период ама за 64GB верзијата имаа ставено бааги повисоки цени од цените на официјалната страна и било каде на интернет.

Инаку јас ја имам верзијата со 6GB RAM и 64GB внатрешна меморија, го користам некаде околу 4ипол месеци и сум презадоволен со се' што нуди телефонов. Го купив од Алиекспрес на ризик ама искрено никаков проблем немав, само со нашава царина прекрасна и поштите, али ништо страшно.
Е сега камерата многу ја форсираа и тераа маркетинг за неа ко да е некоја иновација а не е, дури и на кутијата пишува Dual camera - clearer photos. Муабетот ми е дека е многу добра ама не до степен цела фама да е за камерата. Плус нема оптичка стабилизација туку само електронска. Она што највеќе ме импресионира е брзината на полнење, користи Dash charge и за 30 минути ми се полни околу 55% што е доста брзо, потоа се намалува брзината на полнење и кога ќе дојде некаде 90 проценти уште повеќе се намалува, мислам дека е меѓу првите на листата во врска со брзината на полнење.

А сега па пред некоја недела излезе и новиот модел OnePlus 5T и сеа сум разочаран што не почекав да го земам тој пошо според мене подобар е, а и не е многу поскап.

Какво мислење имате вие за телефонов, треба ли да се натпреварува со гигантите Самсунг и Епл?
Го имаат ли во Македонија луѓето воопшто овој модел или слабо?

И за крај, доколку некој го поседува, постои ли воопшто продавница во Македонија што продава галантерија за овој модел баш? Јас не најдов ништо, морам да порачувам маски, протектори од ибеј/алиекспрес.
 
Последно уредено од модератор:
Не се разочарувај, и онака на 4 месеци вадат телефони, цело време ќе си разочаран. :D
Пред да го порачам многу читав шо објавуваа од компанијата и по форумот нивен и никаде немаше ни збор дека ќе имаат и 5T модел и после одеднаш бам 5Т. Не дека овој не е добар, страшно добар е ама криво ми е највеќе заради малата разлика во цената и новиот дисплеј :D
 
Znaci 5T modelot e izlezen uste pred mesec dena. Ja planiram da si go zeam preku internet. Za carina kolku plati? Dan mi izleze dzaol ipol, pa do leto da si cekam da mi go donesat od US.
 
Znaci 5T modelot e izlezen uste pred mesec dena. Ja planiram da si go zeam preku internet. Za carina kolku plati? Dan mi izleze dzaol ipol, pa do leto da si cekam da mi go donesat od US.
Како шо кажа членот над мене, 18% на цената што си ја платил кога си го порачал. Ако имаш некој што може да ти го донесе искрено подобра опција ти е според мене, пошо од интернет ако го земеш за 30к ќе платиш плус 5400 ддв..
 
Последно уредено од модератор:
https://oneplus.net/bg
Можете да го порачате од директно преку сајтот во некоја ЕУ земја како Булгарија/Грција доколку имате некој таму, или да ставате испорака во пошта во Ќустендил, Благоевград, Солун па да одете да си го подигнете, а можете и да добиете и поврат на ДДВ ;) ако имате искуство со тоа.
 
Лол, у Америка е 466 евра а у Бугарија 559 :D
Како мислиш поврат на ДДВ?
 
Последно уредено од модератор:
Солидни телефони - најбрзи на пазарот, со добро оптимизиран софтвер, но неретко подложен на багови, исто така за жал нецелосно комплетни телефони, камерата осетно заостанува, а и цените кај нас се далеку од прилично пониски, уствари повисоки се во просек од една S8-ца и цената на iPhone 7, кога веќе споредуваш со нив, или се тука некаде.

За да се исплатат овие телефони, мора да бидат исфрлени во период кога Samsung/LG/Apple ги исфрлаат совите најдобри модели, па првите 2-3 месеци да направат ршум со продажба, вака 4-5 месеци по исфрлање на S8/G6 итн, шансата да направат голем успех е мала, затоа што во тој период цените се горе доле исти, за уреди кои нудат комплетно искуство.
 
Кај најде S8 за 450 евра жити мене[DOUBLEPOST=1515465344][/DOUBLEPOST]А ако збориме за Самсунг и епл единствени модели шо би ги користел наместо OP5 се S8+ и iPhone X
 
OP5 кога се појави кај нас беше 33K.....иста цена со S8, сега не знам колку е....а разликата во цена вс S8 plus во соодветниот период беше 3K.
 
Лол, у Америка е 466 евра а у Бугарија 559 :D
Како мислиш поврат на ДДВ?
Ама Америка не користи Евра, цените се исти само во долари, и се без ДДВ-sales tax, кај нив ДДВто се додава подоцна(во зависност од државата). А поврат на ДДВ се прави кога купуваш производ од друга држава и може да се движи од 18-25% во зависност од стапката во соодветната држава.
 
Па тоа е муабетот, ги ставиле исти цените само во евра, а во евра испаѓа многу поскапо отколку во долари. Шо е поентата да платиш 100 евра повеќе за од Бугарија да го земеш коа можеш да си платиш во долари и да ти го донесат од Америка или да си го порачаш од али/ибеј?
A за ова поврат на ддв прв пат слушам, можам ја да си го вратам ддв-то шо го платив за да ми го пратат од царина? :D
 
Секогаш е така за сите производи, дури и кога доларот беше 45денари (0,75€), Европјаните секогаш го јадат подебелиот стап, а немаме сите познаници кои одат често до САД па да ни пазарат производи во долари, Европа е поблиску и поедноставно. А кога купуваш производ од Али/Ибеј дури и да е без ДДВ, ДДВто мораш да го платиш овде, едноставно така функционира системот во Европа, исклучок се само некои производи кои имаат стапка од 5% кои се занемарливи. А ти не можеш да добиеш поврат на ДДВ, тоа се добива само од држава во која си го купил производот, например во продавница во Солун/Софија ти даваат формулар кој го заверуваш на граница и ги подигаш назад парите, Глобал Блу мислам дека се викаше фирмата во Скопје што посредува.
 
А што кога ќе ви се расипе телефонот од 400/500 евра?
Каде ќе го сервисирате?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom