Кој и што најмногу ве нервира во животот ?

  • Креатор на темата Креатор на темата redfogv
  • Време на започнување Време на започнување
Лицемерие!

Јас го делам на две подгрупи: дефанзивно и офанзивно.

Окej, сите сме лицемери на некој сопствен начин. Дефанзивното лицемерие според мене е прифатливо и оправдано донекаде, се користи со цел да прикрие одредена моментална состојба, но она офанзивното е тоа кое најмногу ме вади од такт. Лагано го употребуваат крлежи со цел да искористат одредено добро од другите и да им наштетат за возврат. А што е најтрагично... бесрамно се вртат околу тебе, ти глумат пријатели и покрај тоа што не те поднесуваат.
(Звучи како да зборувам за мала група на луѓе а?) ;)

It's ok World, we know how it works! (y)
.....

Значи брату... можеш да бидеш и духот од ламбата, ако си дупе и не те сакам - не те **** ни 2х100

Преферирам да играм toe to toe. Не можам и не сакам да им се пикам под кожа на луѓе што не ги сакам. Не куропушачам и не се лижам кај никого по нити еден основ. Едноставно ако сум кул со тебе тоа значи дека те ценам, а ако не сум... in that case we have some issue.
 
Ме нервирааат ропаците од пред кооперација кои едина цел у животот им е да се соберат и локаат пиво ко волови и да се оговараат луѓето како минат како тие биле неморални, недомаќини, курви и сл додека нив и фамилии и куќи им се распаѓаат
 
Рецимо ограничење 80 километри на сат, а тој пред мене лабаво шиба со максимум 40 километри на сат, па матер му ебем што психа треба да имаш за да излезеш од дома и да нервираш 20 луѓе позади тебе...

Исто така денеска што ми се деси... одам во полиција да пуштам во архива нешто, архиварката со само што излакирани нокти ми вели не ти треба ова, викам што, виками немаш потреба од ова, одговарам ок удри ми печат на примерот за мене па што сакаате му правете и на што истата одговара неможам да ти го примам и тука мене ми пуца филм и викам која си ти да одлучуваш дали ке го примиш или нема да го примиш и оваа лабаво ми одговара еве не ти го примам, искоментирав на глас кај ве наоѓаат бе овакви да ве запослуваат другите ме гледаат кои исто така роса не ги роси... резиме страшно ми скакаат по живци ликови партиски запослени кои се уфилмани дека се на позиција во пентагон и од нив зависат многу работи, а уствари се обични административци кои за 300 евра лижат гзови на шефовите.

Инаку отидов и го пуштив поднесокот по пошта, поштарката чудно ме гледа и ми вика што пушташ по пошта во институција која е на километар од пошта, можеш во архива кај нив директно... одговарам боље не ме прашувај.
Имав исто лошо искуство и јас во архива во МВР. Поднесувам барање кај вработената во архива и прв пат идам и знам секаде речиси бараат лична карта на увид, па вадам лична карта од џебот и кога почна да вика вработената: ,,Кој ти кажа да вадиш лична карта, Јас не ти кажав да вадиш лична карта, тргни ми ја од пред очи, не ми треба личната карта .. Еј што неук народ има..''.
Немаше да ми пречи ако кажеше со смирен тон но како што пишав викаше со многу висок тон, налутено, како кој знае што сум направил и плус навредува.
 
Многу ме нервира чкрипење на неподмачкани пафти од врати и јазикот од бравата...

Незнам што ги кошта луѓево да ја извадат вратата и да им капнат 5-6 капки масло. Или незнам толку нив тоа не ги нервира?
 
Студенти бруцоши и во почетни стадиуми на студирање запишани на некои од т.н ,,дефицитарни струки", во прв ред ликови што студираат на финки, електро, машински, медицина и.т.н.
Таква вообразеност и ароганција, изгубен допир со реалноста, не ми текнува да сум сретнал.
И студенти по медицина кои мора да се сликани со маска поготово сега а и во иднина демек загрижени ќе лекуваат болни од ковид. Против што да ги прашаш...
 
Ме нервираат носталгични личности што цело време жалат за некои поранешни времиња и што не можат да се адаптираат на новитети.
 
Ме нервираат носталгични личности што цело време жалат за некои поранешни времиња и што не можат да се адаптираат на новитети.
Се адаптирам на новитетите, ама емотивено пристапувам кон минатото. Се надевам ја избегнав групата на луѓе што те нервираат? :)
 
Се адаптирам на новитетите, ама емотивено пристапувам кон минатото. Се надевам ја избегнав групата на луѓе што те нервираат? :)
Во ред е и сосем нормално да се сеќаваш на некои поубави времиња но има личности кои во секој ебан муабет тоа го зборат, секоја генерација е посебна на свој начин, да речеме некогаш музиката била поубава но патувањата биле понедостапни сега е обратно а и многу повеќе опции и слобода имаш сега за разлика од порано што е тоа што порано било подобро од сега?
Не важи за тие кои
лично нешто доживеале добро или лошо туку генерално како луѓето живееле и какви опции имале.
 
Ме нервирааат ропаците од пред кооперација кои едина цел у животот им е да се соберат и локаат пиво ко волови и да се оговараат луѓето како минат како тие биле неморални, недомаќини, курви и сл додека нив и фамилии и куќи им се распаѓаат
Многу честа појава у Македонија, земјата на искомлексирани нереализирани луѓе што со прст немаат мрднато за ништо, ама се знаат у исто време :)
 
Абе можеш да го решеш со еден чекор.

Иначе мене не нервират педерченца попут @Ron Burgundy кои си го затвориле поштенското шупаче за да не можеш фино лепо малце на раат да му чепкаш неврончињата у ЛП :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom