Не со јазик, туку со вакум си ја чистат паднатата пломба на 6ката, јавно во кафуле.
Нз дали сум пишал поназад ама ептен ме нервират луѓе кои што мислат дека нивната визија е најдобра, а останатите немаат појма од животот.
Пример, се оженил некој на 23, цел живот ке црнчи за 300е, ке вози кола од 800 евра, ама ке хејта луѓе шт потрошиле +5 год од животот во кариера, и се женат на 30 и земаат 4 цифрена плата.
АБЕ НАЗАД Е ТАА БРАТ, КОГА СЕ ОМАЖИ ТАА МОЈОВ ЗАБАВАЧЕ БЕШЕ.
Ова како пример, милион др може да најдам.
За описов на сељациве 10+ имаш од мене.
Да пишам и јас, имам двајца познати,братучеди се,во иста куќа растени, исти роднини,исто основно, иста храна и облека, дури и иста генерација.
Едниот братучед едвај завршува средно, на 18 стана татко и се ожени за девојка од село која во 21 век има само ОСМО одделение, таа роди на 16, со огромна свадба кога беше 7-8 месец бремена, за да се види дека е плодна.
Немаат работа,кариера,имаат 3 деца, живеат од пензијата на татко му во 2 мали соби, он, неговите родители, сестра му повремено и плус 3деца.
За него и жена му сите девојки што имаат факултет се курви,стерилни,недомакинки,неспособни за брак,и уште куп навредливи мислења.
Малолетната му жена ја запознава случајно не се ни во врска, и под притисок од неговите и нејзините одма ја остава трудна и ја зима.Барем да се сакаа.
Повремено црнчи на нива додека жена му е дома со децата,немаат пасоши и единствено патување им е до Скопје кога бил до болница за децата.
Он со средно она со осмо. Обожаваат да замараат студенти, луѓе, комшии и пријатели за слави,свадби,деца, да се смеат на младите што живеат сами,на тие што работат и учат, биле назад и требало да имаат 2-3 па и 4 деца, нивните веќе биле израснати.
Кариера имале курвите со дудлање, недајбоже да се појави некоја храбра мајка што родила млада но не се откажала од факултет и кариера, одма е немајка и курва со врски.
И двајцата немаат уште 30, физички личат за 65+ а и психички се осеќаат старо и млитаво.
Како што си пишал смрт им се луѓе со огромна плата,убава кола и среќен живот.Мразат се што е успешно,криво ми е што роден братучед и неговата сопруга им се омразени заради што се различни.
Од љубомора не и дојдоа на еден настан за кариера на жената на неговиот братучед, и не и честитаа магистрирање туку беа на раб на нервно лудило тој ден.
Не се пријатни на слава,роденден и било каков собир.
Неговиот братучед е различен,женет пред 30 но ништо општо со сељациве.
Завршува средно, ја запознава жена му и незадоволни од мкд и млади, бегаат во европска земја каде што продолжуваат со факултет, а потоа и со постдипломски студии, со план за докторат.
Студентскиот живот го поминуваат верени па во брак, заедно живеат, се регистрираат без свадба, со пат околу Европа, со кариера и успеси уште додека се студенти,со соработка и поддршка меѓу себе, без да хејтаат никој, туку ги сожалуваат овие како братучед му и од скоро се изборија за нивен семеен бизнис,работичка со убави цифри,киснат по свет,концерти,фестивали,изложби, и обожаваат на слава да зборат за наука, астрономија,уметност и да ги поттикнуваат лугето дека животот не завршува со брак и дека треба да се работи, да се успее и да се живее, давајки примери за нивни познати што со 3 деца имаат кеш и кариера.
На неполни 30 изгледаат ко за максимум 16-17, но во очите на сељаците и роднините се срам за семејството што студираат во брак, што работат, комшиите мислеле дека жената е промискутелна,дека е психопат што мрази деца, дека тој е стерилен, уште што не, што врска нема
И сега до кој е проблемот?
Ете иста возраст, и едниот и другиот млади стапиле во брак, кое е тоа правило каде што ако си во брак не смееш да имаш кариера?
Ете едниот женет на 23 на слава хејта успешни другиот исто на 23 женет ама да ти е мерак да седиш со него.
Е затоа ги хејтам, бидејќи освен што мислат дека нивната визија е правилна знаат да исперат мозок.