Трчање или возење ролери по кеј

  • Креатор на темата Креатор на темата DBG
  • Време на започнување Време на започнување
Па трчање,онака убави 10 круга на стадион да се испразниш.Иако и ролерите се супер,јас повеќе сум за трчање.
 
Јас не сум баш по трчањето зашто имам кондиција за нигде...затоа повеќе сакам ролери да возам,секоја прилика кога можам ја користам да се дружам со нив на кеј
 
Трчање, али кога немам друга работа
bo.gif
 
На кеј само за трчање, друго ништо. hehe:
Мада одамна неам трчано на кеј, треба да се отиде. toae:
 
Macedonian напиша:
На кеј само за трчање, друго ништо. hehe:
Мада одамна неам трчано на кеј, треба да се отиде. toae:
Ајде и мене ми се трча:helou:
 
трчање, трчање... сеа баш тргнав накај кеј.. само ако ми заврне!
 
Ролерки дефинитвно и најчесто сум на нив, а точакот ми е онака порелаксиран и опуштен...
Што е до децана добро, ама оние на ролери што буктаат количка со бебе, неможам да сфатам. Па тоа е бебе, мало и нежно, такво струење му штети, а башка што од две ленти, три зафаќаат, нема смисла...
 
Точак си возам стално,некако најрелаксирачки ми е,не се замарам многу,си уживам во возење
 
Почнав во последно време често да ролам на стаза... Само не научив да кочам бе. :pos:
Иначе интересно е, забавно... Една од ретките физички активности што не ме мрзи да ги извршувам. :)
 
Трчање не фала поинтересно ми кога ке седнам на кеј на клупа темни цвикери , со литро и пол Газоза семки со сол( за Газозата да има примена) така релаксиран си седам си гледам жени со ролерки како ѕенѕаат лево-десно со кратки пантолончиња или се смеам со рибарине шо ја фрлаат трската во Вардар и се фрлаат на ракија Кога ке си отидам дома со убави мисли и избистрена глава се осеќам некако опуштено (што со трчање не се постигнува) и наполнети батерии за сите предизвици на животот:bilokojzbor: . КЕЈОТ Е НАЈКРШ МЕСТО ВО СКОПЈЕ КОЈ ГО НАПРАИ ТОЛКУ ДОБАР АЛАЛ ДА МУ Е....
 
Секое лето сум редовен "пациент" на кеј со точак. Уживам во таков вид на релаксација, малце да се издуваш, малце брза вожња, малце заебанција и поминува време, а сепак си направил нешто користно.
 
Возам ролерки од кејот до карпош 3 (просто обожавам)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom